У.бр.84/2022

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македoнија, член 28 алинеја 1, член 56, член 70 алинеја 2 и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 26 април 2023 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ ОДБИВА барањето од Марјана Крстева од Скопје за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност, за која смета дека е повредена со Пресудата VII РО-3000/20 од 07.12.2021 година на Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата РОЖ-709/22 од 18.05.2022 година на Апелациониот суд Скопје.

2. СЕ ОТФРЛА барањето во делот за:
– заштита на слободите и правата по основот од точката 1 од оваа одлука, за која смета дека е повреден со поединечни акти на Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и тоа: Решение А бр.140/20 од 03.07.2020 година и Решение А бр.140/20 од 04.09.2020 година и
– заштита на правата од член 9 и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија.

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

4. Во барањето за заштита на слободи и права, подносителката изнесува податоци за нејзиното вработување и распоредување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за додатоци на плата коишто ѝ биле определени за посебни услови за работа, за постоење на висок ризик и за доверливост, за работните задачи со кои дополнително била ангажирана, потоа за настани поврзани со нејзино дисциплинско казнување, како и за водени судски постапки за поништување на решенија со кои ѝ се изречени дисциплински мерки, вклучително и за водена постапка пред работодавачот (Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија) и судска постапка за вознемирување на работно место – мобинг.

Во врска со овие настани, подносителката наведува дека споредено со останатите вработени кои се задолжувани единствено со работни задачи согласно описот на нивната работна позиција, за неа тоа правило не се применува бидејќи е задолжена со дополнителни работни задачи, следствено ниту правилото еднаква плата за еднаква работа, иако е задолжена со дополнителни работни задачи. Наведува дека од тие причини, а и поради тоа што во периодот на пандемијата, за разлика од останатите вработени таа морала секој ден да доаѓа на работа, како и поради негативните коментари дадени против неа во повеќе наврати на колегиум на јавни обвинители, подносителката до Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија упатила барање за престанување на вознемирување на работното место.

Во продолжение на барањето, подносителката хронолошки ги изнесува настаните за водените дисциплински постапки против неа и за изречените дисциплински мерки со Решението А бр.140/20 од 03.07.2020 година и Решението А бр.140/20 од 04.09.2020 година на Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и за судската постапка којашто потоа ја водела за поништување на решенијата, вклучително и за судската постапка за вознемирување на работно место, којашто завршила со одбивателна Пресуда VII РО-3000/20 од 07.12.2021 година на Основниот граѓански суд Скопје и Пресуда РОЖ-709/22 од 18.05.2022 година на Апелациониот суд Скопје со која се потврдува првостепената пресуда.

Во однос на решенијата за дисциплинско казнување, наведува дека тие се незаконито донесени решенија, бидејќи во Обвинителството не се водело електронско евидентирање на работното време на начин предвиден со Законот за работните односи, ниту вработените биле запознати со Законот за заштита од вознемирување на работно место. Во двете решенија стоело описно наведување, покасно доаѓање на работа и порано заминување од работното место, без наведување на точниот час на доаѓање и заминување за секој работен ден и без доказ за истото, дека против истите била упатена да изјави жалба до непостоечки орган – Совет на јавнообвинителска служба, и дека според Законот за заштита од вознемирување на работно место, не е допуштено утврдување на дисциплинска одговорност бидејќи пред тоа истакнала барање за заштита од вознемирување на работно место до претпоставениот.

Понатаму наведува дека Основниот граѓански суд Скопје со Решението VII РО-1282/21 од 03.11.2021 година, во однос на Решението А бр.140/20 од 03.07.2020 година за изречената дисциплинска мерка опомена, ја отфрлил тужбата како ненавремена, а во однос на Решението А бр.140/20 од 04.09.2020 година за изречената дисциплинска мерка – парична казна, ја отфрлил тужбата како недозволена, бидејќи согласно Законот за јавнообвинителска служба, пред поднесувањето на тужбата, тужителот не изјавил жалба против тоа решение.

Против решението за отфрлање на тужбата, подносителката изјавила жалба пред Апелационен суд Скопје, по која не е донесена одлука.

Во однос на водената судска постапка за вознемирување на работно место, подносителката наведува дека тужбата ја поднела поради разликите и лошиот третман кон неа споредено со сите други вработени, необезбедување на работа што ја следи нејзината работна позиција, константно задолжување со сосема други задолженија и за други работни позиции, без да ѝ се даде задолжение во писмена форма, како и за различниот третман во однос на сите други вработени околу присуството на работното место по прогласувањето на пандемијата, поради негативните коментари за неа пред колегиумот на јавни обвинители, поради последователно изрекување на две дисциплински мерки, како и поради одземањето на хард дискот од компјутерот со кој била задолжена, вклучително и поради неисплаќање на додатоци на плата.

Со поднесок за прецизирање на барањето за заштита на слободи и права поднесен до Уставниот суд, подносителката наведува дека поради сторена дискриминација со донесените судски пресуди е оневозможена во остварување на правото на заштита при работењето, гарантирано со член 32 од Уставот, како и дека е оневозможена во остварување на правата предвидени во Законот за работните односи и Законот за заштита од вознемирување на работно место.

Подносителката наведува дека иако во жалбата изјавена против првостепената пресуда се повикала на судска пракса изразена во одлуките на Врховниот суд РевЗ.бр.105/2018 од 12.02.2020 година и РевЗ.бр.44/2020 од 05.11.2020 година, второстепениот суд истата не ја следел, што резултирало со нееднаков нејзин третман, спротивно на член 9 од Уставот и член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права. Наведува и дека судовите во нејзиниот случај воопшто не ги примениле одредбите од Законот за заштита од вознемирување на работно место, додека одредбите од Законот за работни односи се применети и интерпретирани погрешно, извадени од целиот контекст на темата, што резултирало со произволна и дискриминаторска примена на одредбите од Законот за заштита од вознемирување на работно место и Законот за работни односи. Ова исклучиво само поради нејзиниот социјален и општествен статус, за да ѝ се одбие тужбеното барање како неосновано и да не може да го оствари своето право од работен однос за работа под еднакви услови во рамките на колективот и заштита од вознемирување на работно место.

Смета дека судовите директно придонеле таа да биде спречена и оневозможена во остварувањето на правата од работен однос и дека се сомнева во непристрасноста на судечкиот судија кој постапувал по предметот VII РО-3000/20 и побарала негово изземање поради привилегирање на тужената страна, но дека барањето не ѝ било уважено. Тоа го посочила и во жалбата пред Апелациониот суд, но не било земено предвид, поради што смета дека и е повредено правото на правична судска постапка пред независен и непристрасен суд, предвидено во член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права.

Во барањето подносителката се повикува и на Одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.бр.230/220 од 12 ноември 2020 година и одлуките на Европскиот суд за човекови права, Шпадијер против Црна Гора бр.31549/18 од 9.11.2021 година и Wagner and J.M.W.I. против Луксембург, наведувајќи дека забраната за дискриминација е под посебна заштита и со меѓународните акти.

Во барањето истакнува и барање за надомест на трошоци на име материјална и нематеријална штета.

5. Со одговор се произнесе Основниот граѓански суд – Скопје во кој наведе дека не се основани наводите од подносителката дека со пресудата на Основниот граѓански суд Скопје ѝ е повредено правото на работа под еднакви услови со нејзино дискриминирање по основ на социјална припадност и општествена положба.

Во одговорот детално се изнесени причините поради кои Судот го одбил тужбеното барање за утврдување на постоење вознемирување на работно место.

6. Од целокупната документација во врска со предметното барање, Уставниот суд ги утврди следните факти за случајот:

Со Решението А бр.140/20 од 03.07.2020 година, донесено од Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на подносителката ѝ е изречена дисциплинска мерка опомена поради непридржување до почетокот и крајот на работното време во Обвинителството во денови од месец јуни 2020 година, против кое подносителката изјавила жалба.

Со Решението А бр.140/20 од 04.09.2020 година, донесено од Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на подносителката ѝ е изречена дисциплинска мерка парична казна, поради непридржување до почетокот и крајот на работното време во Обвинителството во денови од месеците јуни, јули и август 2020 година, против кое подносителката не изјавила жалба.

Со Решението VII РО-1282/21 од 03.11.2021 година, Основниот граѓански суд Скопје како ненавремена ја отфрлил поднесената тужба за поништување на Решението А бр.140/20 од 03.07.2020 година за изречената дисциплинска мерка опомена, а како недозволена ја отфрлил тужбата за поништување на Решението А бр.140/20 од 04.09.2020 година за изречената дисциплинска мерка – парична казна, од причини што тужителот не изјавил жалба против Решението пред поднесувањето на тужбата согласно Законот за јавнообвинителска служба. Против Решението VII РО-1282/21 од 03.11.2021 година, подносителката изјавила жалба, по која сè уште не е одлучено.

Со оспорената Пресуда VII РО-3000/20 од 07.12.2021 година, Основниот граѓански суд Скопје го одбил прецизираното тужбено барање од тужителката Марјана Крстева за утврдување на постоење на вознемирување на работно место – мобинг.

Со оспорената Пресуда РОЖ-709/22 од 18.05.2022 година, Апелациониот суд Скопје ја потврдил првостепената пресуда, а ја преиначил во делот за трошоците.

7. Според член 9 од Уставот на Република Северна Македонија, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 50 став 1 од Уставот се утврдува дека секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот, пред судовите и пред Уставниот суд на Република Северна Македонија, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, а со став 2 на наведениот член од Уставот се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.

Според член 110 алинеја 3 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.

Согласно член 51 од Деловникот, секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање на дејство со кое е сторена повредата, но, не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање, а во барањето, според член 52 од Деловникот на Судот, потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд.

Од содржината на погоре наведените решенија донесени од Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Уставниот суд утврди дека тоа се поединечни акти со кои се одлучувало за сторена дисциплинска повреда на работната обврска за почитување на работното време.

Воедно, Уставниот суд цени дека наводите, со кои се објаснува наводната дискриминација со посочените решенија, се во контекст на наводи со кои се оспорува законитоста на донесените решенија за што Уставниот суд не е надлежен да постапува бидејќи согласно член 50 став 2 од Уставот, за заштита од незаконито донесени поединечни акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања, се гарантира судска заштита.

Од содржината на Пресудата на Основниот граѓански суд Скопје VII РО-3000/20 од 07.12.2021 година и Пресудата на Апелациониот суд Скопје РОЖ-709/22 од 18.05.2022 година, Уставниот суд утврди дека тоа се поединечни судски акти од воден судски спор помеѓу подносителката на барањето како тужител и тужената страна, за утврдување на постоење на вознемирување на работно место, којшто завршил со одбивање на нејзиното тужбено барање, поради што подносителката пред Уставниот суд истакнува барање за заштита на слободи и права од член 110 алинеја 3 од Уставот.

Причините за бараната заштита подносителката ги образложува со наводи дека со посочените пресуди ѝ се повредени права од работен однос, поточно дека пред надлежните судови не може да оствари право на заштита при работењето, исклучиво заради нејзиниот социјален статус, а две лица тужители кои поднеле тужби пред надлежните судови ги оствариле истите права, па оттука бара Уставниот суд да утврди повреда на принципот на недискриминација, со цел да може да го оствари правото на работа под еднакви услови, правото на еднаква плата за еднаква работа и правото на заштита при работењето.

Правото на судска заштита од вознемирување на работно место е уредено со Законот за заштита од вознемирување на работно место, во кој со член 31 став 1 од главата V. Судска заштита, се уредува дека вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, а кој не е задоволен од исходот на постапката за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот, може да поднесе тужба до надлежниот суд, а според став 2 на истиот член од Законот, споровите поведени согласно со овој закон имаат карактер на работни спорови. Според став 3 од Законот, во постапката по споровите од ставот 2 на овој член се применуваат одредбите од Законот за парнична постапка.

Според тоа, правото на судска заштита од вознемирување на работно место подразбира право лицето да може да поднесе правно средство, во случајов тужба за заштита од вознемирување на работно место, пред надлежен суд.

Со член 50 став 1 од Уставот е утврдено дека секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Северна Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност.

Во смисла на оваа уставна гаранција, неспорно подносителката пред надлежен суд побарала заштита од вознемирување на работно место, со употреба на правното средство – тужба и се водела постапка за утврдување на постоење на вознемирување на работно место, што упатува дека правото на судска заштита, како право, на подносителката не ѝ е ускратено, односно го остварила.

Исто така, право на позитивен исход од воден судски спор како право не постои, ниту се гарантира (уставната гаранција на правото на судска заштита пред надлежните судови, не вклучува и гаранција за позитивен исход на спорот), меѓутоа се гарантира правото на жалба на незадоволната страна од исходот на спорот, против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд, како што утврдува ставот 1 од Амандманот XXI со кој се заменува член 15 на Уставот, кое право подносителката го остварила, со оглед на тоа дека употребила правно средство – жалба против пресудата.

По повод поднесената жалба второстепениот суд постапувал и се произнел со пресуда во која ги образложил причините поради кои ја одбил жалбата како неоснована, а првостепената пресуда во одбивателниот дел по тужбеното барање, ја потврдил. Во образложението на пресудата, повисокиот суд утврдил дека првостепениот суд дал анализа на утврдените факти и на изведените докази и ги навел причините поради кои некој факт го смета за утврден. Повисокиот суд утврдил и дека првостепениот суд ги изнел и правните причини за својата одлука, односно го навел правниот пропис којшто го регулира спорниот правен однос и образложил од кои причини конкретниот спорен однос го подвел токму под тие правни прописи. Повисокиот суд ги ценел и жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на парничната постапка, но не нашол повреда, што го образложил во второстепената одлука. Исто така, второстепениот суд се произнел и по барањето од подносителката за изземање на судијата кој постапувал во судскиот спор, а пред тоа се произнел и претседателот на Основниот граѓански суд Скопје.

Имајќи го предвид погоре изнесеното, Судот оцени дека неосновано е тврдењето на подносителката дека првостепениот и второстепниот суд дискриминаторски постапиле донесувајќи ги посочените пресуди со кои ѝ е одбиено тужбеното барање за заштита од вознемирување на работно место, па со тоа ја дискриминирале во остварувањето на правото на заштита од вознемирување на работно место, односно дека не можела да го оствари тоа право на еднаква основа, како и други тужители во предмети по кои постапувале надлежните судови, бидејќи со употреба на правно средство – тужба за заштита од вознемирување на работно место, а како што употребиле и тужителите во предметите на коишто се повикува, подносителката го остварила правото на судска заштита.

Воедно, постоење на судски спорови со ист основ, не подразбира ист судски епилог, оттука според Уставниот суд, различниот исход од водените судски спорови не значи и дискриминирање за лицето кое не успеало во спорот, имајќи предвид дека исходот од секоја спорна постапка зависи од спецификите и околностите на секој посебен случај.

Што се однесува до наводите во барањето дека надлежните судови постапувајќи по тужбата за утврдување на постоење на вознемирување на работно место, погрешно и нецелосно ја утврдиле фактичката состојба и погрешно го примениле, односно не го примениле материјалното право, како и дека сториле повреда на одредбите од постапката, Уставниот суд укажува дека уставно-судскиот инструмент – барање за заштита на слободи и права, не може да се користи со интенција да се издејствува инстанционо постапување пред Уставниот суд со цел да се преиспита фактичката и правната состојба, бидејќи барањето за заштита на слободи и права не е ниту редовно ниту вонредно правно средство, туку посебно правно средство за заштита на слободи и права од супсидијарен карактер, што се согледува од функционалното разграничување помеѓу надлежностите на Уставниот суд и другите судови.

Понатаму, во однос на наводите дека со поединечните акти – пресудите на надлежните судови, подносителката е спречена во остварување на правата поврзани со плата и надоместоци на плата, Уставот со член 32 став 5 јасно утврдува дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори. Во Законот за работните односи, е содржана глава XVI. Остварување и заштита на правата, обврските и одговорностите од работниот однос, каде што со член 181 насловен „Остварување на правата кај работодавачот и судска заштита“ е уредена постапката за начинот на остварување на правата од работен однос, како и правото на судска заштита, доколку истата работникот не ја оствари на ниво на работодавачот.

Оттука, овој дел од барањето дека со донесените судски пресуди, подносителката е дискриминирана во остварување на права од работен однос, всушност се сведува на барање преку уставниот инструмент барање за заштита на слободи и права, Уставниот суд да се впушти во одлучување за прашања од сферата на работните односи што излегува надвор од рамките на надлежностите на Уставниот суд утврдени со член 110 од Уставот, бидејќи за остварување на правата од работен однос е предвидена судска заштита пред надлежните судови, а не пред Уставниот суд, па вака поставеното барање е причина за отфрлање поради ненадлежност на истото согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд.

8. Поради изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од Одлуката.

9. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.84/2022
26 април 2023 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 1, neni 56, neni 70 alineja 2 dhe neni 71 alineja 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 26 prill 2023, miratoi

V E N D I M

1. REFUZOHET kërkesa e Marjana Krsteva nga Shkupi për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave nga neni 110 paragrafi 3 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, që ka të bëjë me ndalimin e diskriminimit të qytetarëve në bazë të përkatësisë sociale, për cilën konsideron se është shkelur me Aktgjykimin VII RO-3000/20 nga 07.12.2021 të Gjykatës Civile Themelore Shkup dhe Aktgjykimin ROZH-709/22 nga 18.05.2022 të Gjykatës së Apelit Shkup.

2. NUK PRANOHET kërkesa në pjesën për:

– mbrojtjen e lirive dhe të drejtave në bazë të pikës 1 të këtij vendimi, për të cilën konsideron se është shkelur me akte individuale të kryeprokurorit publik të Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuar edhe atë: Aktvendimi A nr.140/20 nga 03.07.2020 dhe Aktvendimi A nr. 140/20 nga 04.09.2020 dhe
– mbrojtja e të drejtave nga neni 9 dhe neni 32 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

3. Ky vendim do të publikohet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

4. Në kërkesën për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, parashtruesja paraqet të dhëna për punësimin dhe sistematizimin e saj në Prokurorinë Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuar, për shtesat e pagave që i janë caktuar për kushte të veçanta pune, për ekzistimin e rrezikut të lartë dhe për besueshmërinë, për detyrat e punës me të cilat është angazhuar në mënyrë plotësuese, pastaj për ngjarje lidhur me dënimin e saj disiplinor si dhe për procedurat e zhvilluara gjyqësore për anulimin e aktvendimeve me të cilat i janë shqiptuar masa disiplinore, përfshirë për procedurë të zhvilluar para punëdhënësit (Prokuroria Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuar dhe Prokuroria Publike e Republikës së Maqedonisë së Veriut) dhe procedura gjyqësore për shqetësim në vendin e punës – mobing.

Lidhur me këto ngjarje, parashtruesja thekson se krahasuar me punonjësit e tjerë që ngarkohen vetëm me detyra pune sipas përshkrimit të pozicionit të tyre të punës, për të nuk zbatohet ai rregull sepse ngarkohet me detyra pune shtesë, rrjedhimisht as rregulli i pagës së barabartë për punë të barabartë, edhe pse është e ngarkohet me detyra pune shtesë. Thekson se për ato arsye, por edhe për shkak se gjatë periudhës së pandemisë, për dallim nga punonjësit e tjerë, i është dashur të vinte në punë çdo ditë, si dhe për shkak të komenteve negative të bëra ndaj saj në disa raste në kolegiumin e prokurorëve publikë parashtruesja deri te kryeprokurori publik i Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuar dhe prokurori i publik i Republikës së Maqedonisë së Veriut i ka dërguar kërkesë për ndalimin e shqetësimeve në vendin e punës.

Në vazhdim të kërkesës, parashtruesja paraqet në mënyrë kronologjike rastet për mbajtjen e procedurave disiplinore kundër saj dhe për masat e shqiptuara disiplinore me me Aktvendimin A nr.140/20 nga 03.07.2020 dhe Aktendimi A nr.140/20 nga 04.09.2020 të kryeprokurorit publik të Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuare dhe për procedurën gjyqësore të cilën më pas e ka zhvilluar për anulimin e aktvendimeve, përfshirë edhe procedurën gjyqësore për shqetësim në vendin e punës, e cila ka përfunduar me aktgjykim refuzues VII RO- 3000/20 nga 07.12.2021 në Gjykatën Publike Themelore Shkup dhe Aktgjykim ROZH-709/22 nga 18.05.2022 në Gjykatën e Apelit Shkup me çka vërtetohet aktgjykimi i shkallës së parë.

Lidhur me aktvendimet për dënim disiplinor, thekson se janë vendime të marra në mënyrë të kundërligjshme, sepse në Prokurori nuk është bërë regjistrimi elektronik i orarit të punës në mënyrën e paraparë me Ligjin për marrëdhënie pune dhe as punonjësit nuk kanë qenë të njoftuar me Ligjin për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës. Në të dy aktvendimet, ka pasur një deklaratë përshkruese, ardhje me vonesë në punë dhe largim para kohe nga vendi i punës, pa theksuar orën e saktë të mbërritjes dhe largimit për çdo ditë pune dhe pa dëshmi për të njëjtën gjë, se kundër të njëjtave u drejtua të denonconte ankesë në organ joekzistues – Këshilli i shërbimit të prokurorisë publike, dhe se sipas Ligjit për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës, nuk lejohet caktimi i përgjegjësisë disiplinore sepse para kësaj ka paraqitur kërkesë për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës te eprori i drejtpërdrejtë.

Më tutje theksohet se Gjykata Themelore Civile Shkup me Aktvendimin VII RO-1282/21 nga 03.11.2021, lidhur me Aktvendimin A nr.140/20 nga 03.07.2020 për masën e shqiptuar disiplinore paralajmërim, e ka refuzuar padinë si të vonuar dhe lidhur me Aktvendimin A nr.140/20 nga 04.09.2020 për masën e shqiptuar disiplinore – gjobë, ka refuzuar padinë si të palejuar, sepse sipas Ligjit për shërbimin e Prokurorisë Publike, para ngritjes së padisë, kundër këtij aktvendimi paditësi nuk ka paraqitur ankesë.

Kundër aktvendimit për refuzimin e padisë, parashtruesja ka paraqitur ankesë në Gjykatën e Apelit në Shkup, pas së cilës nuk është marrë asnjë vendim.

Në lidhje me procedurat gjyqësore në vazhdim për shqetësim në vendin e punës, parashtruesja thekson se ka ngritur padi për shkak të dallimeve dhe trajtimit të keq ndaj saj në krahasim me të gjithë punonjësit e tjerë, mos sigurimit të punës që i takon sipas pozicitës së saj të punës, ngarkimit të vazhdueshëm me detyra krejtësisht të ndryshme dhe për vendet e tjera të punës, pa i dhënë detyrë me shkrim, si dhe për trajtimin e ndryshëm nga të gjithë punonjësit e tjerë rreth pranisë në vendin e punës pas shpalljes së pandemisë, për shkak të komenteve negative për të para kolegiumit të prokurorëve publikë, për shkak të shqiptimit të dy masave disiplinore të njëpasnjëshme, si dhe për shkak të marrjes së hard diskut nga kompjuteri me të cilin punonte, përfshirë edhe mospagesën e shtesave në pagë.

Me një parashtresë për saktësimin e kërkesës për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave të paraqitur në Gjykatën Kushtetuese, parashtruesja thekson se për shkak të diskriminimit të bërë me vendimet e gjykatës, ajo pengohet të ushtrojë të drejtën e mbrojtjes gjatë punës, të garantuar me nenin 32 të Kushtetutës, si dhe pengohet në ushtrimin e të drejtave të parapara me Ligjin për marrëdhëniet e punës dhe Ligjin për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës.

Parashtruesja thekson se edhe pse në ankesën e paraqitur kundër aktgjykimit të shkallës së parë, ajo i është referuar praktikës gjyqësore të shprehur në vendimet e Gjykatës Supreme RevZ nr.105/2018, nga 12.02.2020 dhe RevZ nr.44/2020, nga 05.11.2020, gjykata e shkallës së dytë nuk e ka ndjekur të njëjtën, gjë që ka rezultuar me trajtim të pabarabartë, në kundërshtim me nenin 9 të Kushtetutës dhe nenin 14 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut. Ajo po ashtu thekson se gjykatat në rastin e saj nuk kanë zbatuar dispozitat e Ligjit për mbrojtjen nga shqetësimi në vendin e punës, ndërsa dispozitat e Ligjit për marrëdhëniet e punës janë zbatuar dhe interpretuar në mënyrë të gabuar, të nxjerra nga i gjithë konteksti i temës që rezulton në një zbatim arbitrar dhe diskriminues të dispozitave të Ligjit për mbrojtjen nga shqetësimi në vendin e punës dhe Ligjit për marrëdhëniet e punës. Kjo është vetëm për shkak të statusit të saj social dhe shoqërorë, që t’i refuzohet kërkesa e padisë si e pabazë dhe të mos mund të realizojë të drejtën për marrëdhënie pune për të punuar në kushte të barabarta brenda kolektivit dhe mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës.

Konsideron se gjykatat kanë kontribuar drejtpërdrejt në pengimin dhe pamundësinë saj për të ushtruar të drejtat e marrëdhënies së punës dhe se dyshon në paanshmërinë e gjykatësit gjykues i cili ka vepruar në rastin VII RO-3000/20 dhe ka kërkuar shkarkimin e tij për shkak të privilegjimit të palës së paditur, por se kërkesa e saj nuk u respektua. Atë e ka theksuar edhe në ankesën e saj në Gjykatën e Apelit, por nuk është marrë parasysh, për këtë arsye mendon se i është shkelur e drejta për procedurë të drejtë gjyqësore në gjykatë të pavarur dhe të paanshme, e parashikuar në nenin 6 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut.

Në kërkesë, parashtruesja i referohet edhe Vendimit të Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut U.nr.230/220, nga 12.11.2020 dhe vendimeve të Gjykatës Evropiane për të Drejtat e Njeriut, Shpadijer kundër Malit të Zi nr. 31549/18 të 9 nëntorit 2021 dhe Wagner dhe J.M.W.I. kundër Luksemburgut, duke deklaruar se ndalimi i diskriminimit është gjithashtu nën mbrojtje të veçantë nga aktet ndërkombëtare.

Në kërkesë theksoi edhe kërkesë për kompensimin e shpenzimeve në emër të dëmit material dhe jomaterial.

5. Gjykata Themelore Civile – Shkup u pronvcua me përgjigje në të cilën thuhet se nuk kan bazë pretendimet e parashtrueses se me aktgjykimin e Gjykatës Themelore Civile Shkup i është shkelur të drejta e punës në kushte të barabarta duke e diskriminuar në bazë të përkatësisë sociale dhe pozitës shoqërore.

Në përgjigje janë paraqitur në mënyrë të detajuar arsyet pse Gjykata ka refuzuar pretendimin për përcaktimin e ekzistimit të shqetësimit në vendin e punës.

6. Nga i gjithë dokumentacioni në lidhje me kërkesën në fjalë, Gjykata Kushtetuese përcaktoi këto fakte për çështjen:

Me Vendimin A nr.140/20 nga 07.03.2020, të miratuar nga kryeprokurori publik i Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuar, parashtrueses i është shqiptuar masë disiplinore paralajmërim për mos përmbajtjen e fillimit dhe mbarimit të orarit të punës në Prokurori në ditët nga muaji qershor 2020, kundër të cilës parashtruesja ka parashtruar ankesë.

Me Vendimin A Nr.140/20, nga 09.04.2020, të miratuar nga kryeprokurori publik i Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit dhe korrupsionit të organizuar, parashtruesja e kërkesës është dënuar me masë disiplinore me gjobë, për shkak të mosrespektimit të fillimit dhe përfundimit të orarit të punës në Prokurori në ditët nga muaji qershor, korrik dhe gusht 2020, kundër të cilës parashtruesja nuk ka bërë ankesë.

Me Aktvendimin VII RO-1282/21 nga 03.11.2021, Gjykata Themelore Civile Shkup e refuzoi si të vonuar padinë e parashtruar për anulimin e Aktvendimit A nr.140/20 nga 03.07.2020 për masën disiplinore të shqiptuar paralajmërim, ndërsa si të palejuar e refuzoi padinë per anulimin e Aktvendimit A nr.140/20, nga 04.09.2020 për masën e shqiptuar disiplinore me gjobë, për arsye se paditësja nuk ka parashtruar ankesë kundër Aktvendimit para parashtrimit të padisë në pajtim me Ligjin për shërbimin e prokurorisë publike. Kundër Aktvendimit VII RO-1282/21 nga 03.11.2021, parashtruesja ka paraqitur ankesë, për të cilën ende nuk është vendosur.

Me aktgjykimin e kontestuar VII RO-3000/20 nga 07.12.2021, Gjykata Themelore Civile Shkup e ka refuzuar kërkesën e saktësuar të padisë nga paditësja Marjana Krsteva për përcaktimin e ekzistimit të shqetësimit në vendin e punës – mobingut.

Me aktgjykimin e kontestuar ROZH-709/22 nga 18.05.2022, Gjykata e Apelit në Shkup e ka vërtetuar aktgjykimin e shkallës së parë dhe e ka ndryshuar në pjesën për shpenzimet.

7. Sipas nenit 9 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe sociale, bindja politike dhe fetare, pozita pronësore dhe shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.

Neni 50 paragrafi 1 i Kushtetutës përcakton se çdo qytetar mund të thirret në mbrojtjen e lirive dhe të drejtave të përcaktuara me Kushtetutë, para gjykatave dhe para Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, në procedurë të bazuar në parimet e përparësisë dhe urgjencës, ndërsa me paragrafin 2 të nenit të theksuar të Kushtetutës garantohet mbrojtja e ligjshmërisë së akteve individuale të administratës shtetërore dhe të institucioneve të tjera që ushtrojnë autorizime publike.

Sipas nenit 110 paragrafi 3 i Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut mbron liritë dhe të drejtat e njeriut dhe qytetarit, të cilat i referohen lirisë së besimit, ndërgjegjes, mendimit dhe shprehjes publike të mendimit, asociimit politik dhe veprimit dhe ndalimit të diskriminimit të qytetarëve në bazë të gjinisë, racës, fesë, përkatësisë kombëtare, sociale dhe politike.

Në bazë të nenit 51 të Rregullores, çdo qytetar i cili konsideron se me akt apo veprim të vetëm është cenuar e drejta apo liria e tij e përcaktuar me nenin 110 paragrafi 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, mund të kërkojë mbrojtje nga Gjykata Kushtetuese brenda 2 muajve nga dita e paraqitjes së një akti individual të formës së prerë ose të plotfuqishëm, pra nga dita kur mësohet për kryerjen e një veprimi që ka kryer shkeljen, por jo më vonë se 5 vjet nga dita e marrjes së tij, ndërsa në kërkesë sipas nenit 52 të Rregullores së Gjykatës, është e nevojshme të theksohen arsyet për të cilat kërkohet mbrojtja, aktet ose veprimet me të cilat ato shkelen, faktet dhe provat në të cilat mbështetet kërkesa, si dhe të dhëna të tjera të nevojshme për vendimmarrjen e Gjykatës Kushtetuese.

Nga përmbajtja e vendimeve të lartpërmendura të marra nga kryeprokurori publik i Prokurorisë Publike Themelore për ndjekjen e krimit të organizuar dhe korrupsionit, Gjykata Kushtetuese ka konstatuar se bëhet fjalë për akte individuale me të cilat është vendosur për shkelje disiplinore të kryer të detyrës së punës për respektimin e orarit të punës.

Në të njëjtën kohë, Gjykata Kushtetuese vlerëson se pretendimet, me të cilat sqarohet diskriminimi me aktvendimet e cekura, janë në kuadër të pretendimeve që kundërshtojnë ligjshmërinë e vendimeve të miratuara, për të cilat Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente të veprojë sepse sipas nenit 50 paragrafi 2 i Kushtetutës, për mbrojtjen nga aktet individuale të administratës shtetërore dhe të institucioneve të tjera që kryejnë autorizime publike, të miratuara në mënyrë të kundërligjshme, garantohet mbrojtja gjyqësore.

Nga përmbajtja e Aktgjykimit të Gjykatës Themelore Civile Shkup VII RO-3000/20 nga 07.12.2021 dhe Aktgjykimit të Gjykatës së Apelit Shkup ROZH-709/22 nga 18.05.2022, Gjykata Kushtetuese ka konstatuar se këto janë akte individuale gjyqësore nga një kontest i mbajtur gjyqësor ndërmjet parashtrueses së kërkesës si paditëse dhe palës së paditur, për të përcaktuar ekzistimin e shqetësimit në vendin e punës, e cila ka përfunduar me refuzimin e kërkesës së saj për padi, për këtë arsye parashtruesja Gjykatës Kushtetuese i ka bërë kërkesë për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave nga neni 110 paragrafi 3 i Kushtetutës.

Shkaqet e mbrojtjes së kërkuar parashtruesja i shpjegon me pretendimet se me aktgjykimet e cekura i janë shkelur të drejtat e marrëdhënies së punës, më saktë se nuk mund ta ushtrojë të drejtën e mbrojtjes gjatë punës pranë gjykatave kompetente, vetëm për shkak të statusit të saj social ndërsa dy persona paditës të cilët kanë parashtruar padi në gjykatat kompetente i kanë realizuar të njëjtat të drejta dhe së këndejmi kërkon që Gjykata Kushtetuese të konstatojë shkelje të parimit të mosdiskriminimit, për të ushtruar të drejtën e punës në kushte të barabarta, të drejtën për pagë të barabartë për punë të barabartë dhe të drejtën e mbrojtjes gjatë punës.

E drejta e mbrojtjes gjyqësore nga shqetësimi në vendin e punës rregullohet me Ligjin për mbrojtjen nga shqetësimi në vendin e punës, në të cilin neni 31 paragrafi 1 i kapitullit V. Mbrojtja gjyqësore përcakton se i punësuari i cili konsideron se është i ekspozuar ndaj shqetësimeve në vendin e punës, dhe i cili nuk është i kënaqur me rezultatin e procedurës për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës te punëdhënësi, mund të paraqesë padi në gjykatën kompetente dhe sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen të ligjit, kontestet e ngritura në përputhje me këtë ligj kanë karakter të kontesteve të punës. Sipas paragrafit 3 të Ligjit, në procedurën për kontestet nga paragrafi 2 i këtij neni zbatohen dispozitat e Ligjit për procedurë kontestimore.

Sipas kësaj, e drejta për mbrojtje gjyqësore nga shqetësimi në vendin e punës nënkupton të drejtën e personit që të mund të paraqesë mjet juridik, në këtë rast padi për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës, në gjykatën kompetente.
Me nenin 50 paragrafi 1 të Kushtetutës përcaktohet se çdo qytetar mund të thirret në mbrojtjen e lirive dhe të drejtave të përcaktuara me Kushtetutë para gjykatave dhe para Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut në procedurë të bazuar në parimet e prioritetit dhe urgjencës.
Në kuptimin të kësaj garancie kushtetuese, parashtruesja në mënyrë të pakontestueshme ka kërkuar mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës pranë gjykatës kompetente, me përdorimin e mjetit juridik – padi dhe është zhvilluar procedurë për përcaktimin e ekzistimit të shqetësimit në vendin e punës, që pretendon se e drejta e mbrojtjes gjyqësore, si e drejtë, parashtrueses nuk i është mohuar, pra e ka realizuar.

Gjithashtu, e drejta për rezultat pozitiv nga kontesti i mbajtur juridik si e drejtë nuk ekziston dhe as nuk garantohet (garantimi kushtetues i së drejtës për mbrojtje gjyqësore pranë gjykatave kompetente nuk përfshin garanci për rezultat pozitiv të kontestit), megjithatë e drejta e ankesës së palës së pakënaqur është e garantuar, kundër vendimeve të marra në procedurën e shkallës së parë në gjykatë, siç përcaktohet në paragrafin 1 të Amendamentit XXI me të cilin zëvendësohet neni 15 i Kushtetutës, të cilën të drejtë e ka realizuar parashtruesja, duke pasur parasysh se ka përdorur mjetin juridik – ankesë kundër aktgjykimit.

Me rastin e ankesës së parashtruar gjykata e shkallës së dytë ka vepruar dhe ka vendosur me aktgjykim në të cilin i arsyeton shkaqet e refuzimit të ankesës si të pabaza, ndërsa aktgjykimin e shkallës së parë e ka vërtetuar në pjesën me të cilën refuzohet kërkesa e padisë. Në shpjegimin e aktgjykimit, gjykata më e lartë ka konstatuar se gjykata e shkallës së parë ka bërë një analizë të fakteve të vërtetuara dhe provave të paraqitura dhe ka deklaruar arsyet për të cilat e konsideron të vërtetuar faktin. Gjykata më e lartë ka konstatuar se gjykata e shkallës së parë ka paraqitur edhe arsyet juridike për vendimin e saj, përkatësisht ka theksuar rregullimin juridik që rregullon marrëdhënien juridike kontestuese dhe ka shpjeguar arsyet për të cilat ka sjellë marrëdhënien konkrete kontestuese në ato rregulla juridike. Gjykata më e lartë vlerësoi edhe pretendimet e ankimimit për shkelje thelbësore të dispozitave të procedurës kontestimore, por nuk gjeti shkelje, të cilën e arsyeton në vendimin e shkallës së dytë. Gjithashtu, gjykata e shkallës së dytë është prononcuar për kërkesën e parashtrueses për largimin e gjykatësit i cili ka vepruar në kontestin gjyqësor, ndërsa para kësaj është prononcuar edhe kryetari i Gjykatës Themelore Civile Shkup.

Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se është i pa bazë pohimi i paditëses se gjykatat e shkallës së parë dhe të dytë kanë vepruar në mënyrë diskriminuese duke vendosur për aktgjykimet e cekura me të cilat është refuzuar kërkesa e saj për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës, duke e diskriminuar kështu në ushtrimin e të drejtës së saj për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës, respektivisht se nuk ka mundur ta ushtrojë atë të drejtë në bazë të barabartë, si paditësit e tjerë në rastet e trajtuara nga gjykatat kompetente, sepse duke përdorur mjetin juridik – padi për mbrojtje nga shqetësimi në vendin e punës, dhe siç është përdorur edhe nga paditësit në rastet e përmendura, parashtruesja e ka ushtruar të drejtën e mbrojtjes gjyqësore.

Në të njëjtën kohë, ekzistenca e mosmarrëveshjeve juridike me të njëjtën bazë nuk nënkupton të njëjtin epilog gjyqësor, prandaj sipas Gjykatës Kushtetuese, përfundimi i ndryshëm i mosmarrëveshjeve juridike nuk do të thotë diskriminim i personit që ka dështuar në kontest, duke pasur parasysh se rezultati i secilës procedure kontestuese varet nga specifikat dhe rrethanat e secilit rast të veçantë.

Sa i përket pretendimeve në kërkesë se gjykatat kompetente, duke vepruar sipas padisë për përcaktimin e ekzistimit të shqetësimit në vendin e punës, e kanë konstatuar gabim dhe jo të plotë gjendjen faktike dhe e kanë zbatuar në mënyrë të gabuar, gjegjësisht nuk kanë zbatuar të drejtën materiale, si dhe kanë shkelur dispozitat e procedurës, Gjykata Kushtetuese vë në dukje se instrumenti kushtetues-gjyqësor-kërkesa për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, nuk mund të përdoret me qëllim ngritjen e procedurës së instancës pranë Gjykatës Kushtetuese për shqyrtimin e gjendjen faktike dhe juridike, sepse kërkesa për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave nuk është mjet juridik i rregullt dhe as i jashtëzakonshëm, por mjet i posaçëm juridik për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave të karakterit subsidiar, gjë që shqyrtohet nga përkufizimi funksional ndërmjet kompetencave të Gjykatës Kushtetuese dhe gjykatave të tjera.
Më tej, lidhur me pretendimet se me aktet individuale – aktgjykimet e gjykatave kompetente, parashtruesja pengohet në ushtrimin e të drejtave që kanë të bëjnë me pagën dhe shtesat në pagë, Kushtetuta përcakton qartë me nenin 32 paragrafi 5 se ushtrimi i të drejtave të punonjësve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive. Kapitulli XVI është i përfshirë në Ligjin për marrëdhëniet e punës. Ushtrimi dhe mbrojtja e të drejtave, detyrimeve dhe përgjegjësive nga marrëdhënia e punës, ku neni 181 i titulluar “Ushtrimi i të drejtave te punëdhënësi dhe mbrojtja gjyqësore” rregullon procedurën e ushtrimit të të drejtave nga marrëdhënia e punës, si dhe të drejtën për mbrojtje gjyqësore, nëse punonjësi nuk ka realizuar të njëjtën gjë në nivel të punëdhënësit.

Pra, kjo pjesë e kërkesës se me aktgjykimet e miratuara gjyqësore, diskriminohet parashtruesja në ushtrimin e të drejtave të saj të marrëdhënies së punës, në fakt reduktohet në një kërkesë nëpërmjet instrumentit kushtetues, kërkesë për mbrojtjen e lirive dhe të drejtave, që Gjykata Kushtetuese të vendosë për çështje nga sfera e marrëdhënieve të punës që dalin jashtë kompetencave të Gjykatës Kushtetuese të përcaktuara me nenin 110 të Kushtetutës, sepse për ushtrimin e të drejtave nga marrëdhëniet e punës parashikohet mbrojtja gjyqësore pranë gjykatave kompetente dhe jo në Gjykatën Kushtetuese, kështu që kërkesa e parashtruar në këtë mënyrë është arsye për refuzim për shkak të moskompetencës së të njëjtës në pajtim me nenin 28 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese.

8. Për shkak të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikat 1 dhe 2 të Vendimit.

9. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.84/2022
26 prill 2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriu,
Dobrilla Kacarska