Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 2 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 април 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА ПОСТАПКА за оценување на уставноста на член 6 став 3 во делот „донесено од стечајниот управник“ од Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ број 114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 257/2020).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 6 став 3 во делот „Во стечајната постапка странката која поднесува жалба против решение“ и во делот „е должна таксата да ја плати пред поднесување на жалбата и доказот за платената такса да го приложи со поднесување на жалбата“ од Законот означен во точката 1 од ова решение.
3. Бобан Богдановски, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на член 6 став 3 од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Подносителот наведува дека оспорената одредба ја регулира обврската на странката за плаќање на таксата за жалба, каде според оваа одредба, странката која поднесува жалба против решение донесено од стечајниот управник е должна таксата да ја плати пред поднесување на жалбата и доказот за платена такса да го приложи при поднесување на жалбата.
Според подносителот на иницијативата, член 6 став 3 од Законот за судски такси не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија, со што се повредува начелото на владеење на правото како една од темелните вредности на уставниот поредок, односно во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и закон, каде секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Подносителот на иницијативата наведува дека оспорената одредба не е во согласност со цитираните членови од Уставот поради законски пропишаните овластувања и должности на стечајниот управник кои не опфаќаат носење на решенија во стечајната постапка, а кои се регулирани со членовите 33 и 34 од Законот за стечај.
Според тоа, стечајниот управник не е тој кој ги носи решенијата во стечајната постапка, туку решенијата во судската постапка ги носи судот, односно стечајниот судија како орган на стечајната постапка, поради што оспорената одредба која е донесена со Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси („Службен весник на Република Македонија“ број 106/2013) е во колизија со одредбите на Законот за стечај. Колизијата со одредбите на Законот за стечај е причината поради која подносителот наведува дека основано се поставува прашањето на уставноста и законитоста на оспорената одредба, поради што на тој начин се врши директна повреда на уставниот принцип на владеење на правото утврден во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Дополнително, ваквата одредба создава проблеми при нејзината примена во стечајната постапка, а судот се доведува во ситуација да врши толкување на нејзината содржина. Оттука, оспорената норма би требало да биде лесно разбирлива, не само за оној кој ја креирал, туку и за оние кои ја применуваат и за оние на кои се однесува, а во конкретниот случај, оспорената норма може да се примени само со нејзино дополнително толкување, но не и онака како што гласи.
Врз основа на наведеното, од страна на подносителот на иницијативата се предлага до Уставниот суд на Република Северна Македонија да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената одредба, а потоа да донесе решение со кое истата ќе ја поништи.
4. Судот утврди дека со оспорениот член 6 став 3 од Законот за судските такси се уредува „Во стечајната постапка странката која поднесува жалба против решение донесено од стечајниот управник е должна таксата да ја плати пред поднесување на жалбата и доказот за платената такса да го приложи со поднесување на жалбата“.
5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е определено како една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Во член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, јасно е предвидено дека Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот од аспект на нивната содржина.
Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Судот, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување.
Во конкретниот случај, со иницијативата се оспорува член 6 став 3 од Законот за судските такси во целост, за која Судот утврди дека веќе има одлучувано во постапката по предметите У.бр.83/2014 и У.бр.21/2019, каде изразил став дека странката има должност да плати судска такса во постапката, што не е истото прашање покренато со оваа иницијатива. Во тие предмети Судот заклучил „законодавецот ги имал предвид ваквите можни и слични ситуации во кои се наоѓаат или можат да се најдат граѓаните, така што со Законот за судските такси пропишувајќи обврска за наплата, истовремено предвидел и исклучоци од истата во зависност од имотната состојба на странката, за која уредил право да бара ослободување од наплата, одлагање на наплата или плаќање на судската такса на рати, со цел да се избегне можноста, фактичката економска состојба на граѓаните да доведе до неможност за остварување на уставно загарантираните права на граѓаните пред судовите“ и одлучил да не поведе постапка.
Во оваа иницијатива акцентот се става на прашањето кој го носи решението против кое се изјавува жалба во стечајната постапка, стечајниот управник или стечајниот судија, со што се покренува прашање кое досега не било предмет на уставно-судска анализа.
Имено, со оваа иницијатива главните наводи се дека „стечајниот управник не носи решенија во стечајната постапка”, „решенијата во судската постапка ги носи судот, односно стечајниот судија како орган на стечајната постапка“, поради што оспорената одредба е во колизија со одредбите од Законот за стечај со кој се регулирани овластувањата и должностите на стечајниот управник и со кој се регулирани доносителите на одлуките во стечајната постапка (заклучок и решение), на кој начин се врши повреда на уставниот принцип на владеење на правото. Имено, од главните наводи од иницијативата произлегува дека предмет на оспорување е одредбата од Законот според која странка во стечајната постапка поднесува жалба против решение донесено од стечаен управник, што е спротивно со овластувањата на стечајниот управник пропишани со Законот за стечај.
Поради тоа, иако во иницијативата како оспорена е наведена целата одредба од член 6 став 3 од Законот за судските такси, врз основа на анализата на наводите во иницијативата, Судот утврди дека според интенцијата на подносителот на иницијативата, предмет на уставно-судска оцена треба да биде член 6 став 3 од Законот за судските такси во делот „донесено од стечајниот управник“, а не и целата одредба која што е означена со иницијативата.
При вршењето на уставно-судската оцена на член 6 став 3 од Законот за судските такси во делот „донесено од стечајниот управник“, Судот ги зеде предвид во овој контекст релевантните одредби од Законот за стечај и Законот за судските такси.
Имено, согласно член 11 од Законот за стечај, одлуките во стечајната постапка се донесуваат во форма на решение и заклучок. Со заклучокот се издава налог на службено лице или на орган на стечајната постапка за вршење одделни дејства, а за сите други случаи судот одлучува со решение, ако со овој закон поинаку не е определено.
Согласно член 12 став 1 од Законот за стечај „Против решение на стечајниот судија може да се изјави жалба до апелациониот суд, преку надлежниот основeн суд во рок од осум дена, кога тоа е определено со овој закон“, а со став 2 од истиот член е пропишано „По приемот на жалбата ненавремената, недозволената или нецелосната жалба, како и жалбата за која не е платена судска такса со решение, ќе се отфли. Стечајниот судија првиот работен ден по приемот на жалбата предметот, со сите списи, го доставува до апелациониот суд. Поднесената жалба не се доставува на одговор на спротивната страна“.
Согласно член 18 од Законот за стечај, органи на стечајната постапка се: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители.
Со член 19 од Законот за стечај се уредени овластувањата на стечајниот судија, каде со став 1 од наведениот член е пропишано дека стечајниот судија:
– одлучува за поведување на претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка и ја спроведува таа постапка;
– одлучува за отворање на стечајната постапка;
– го именува и разрешува привремениот стечаен управник и стечајниот управник;
– одлучува за приговорите на стечајниот управник против донесените заклучоци;
– одлучува за приговорите на доверителот, одборот на доверители и собранието на доверители;
– на предлог на одборот на доверители, а ако тој не е основан, на предлог на стечајниот управник, ги одобрува започнатите работи што треба да се завршат во текот на стечајната постапка;
– врши контрола над законитоста на работата на стечајниот управник;
– одобрува пресметка на трошоците на стечајната постапка пред нивната исплата;
– определува награда и надоместок на трошоци на стечајниот управник и на членовите на одборот на доверители;
– го определува износот на авансот за покривање на трошоците во претходна постапка;
– одобрува исплата на доверителите;
– донесува решение за заклучување на стечајната постапка и
– врши други работи определени со овој закон.
Со став 2 од истиот член е предвидено „Стечајниот судија може по службена должност, согласно со став 1 точка 7 од овој член по приговор или по предлог на другите органи на стечајната постапка, а по прибавено мислење на одборот на доверители, да ги менува одлуките на стечајниот управник, ако утврди дека се спротивни на закон“, додека со став 3 е пропишано „Стечајниот судија во рамките на овластувањата определени со овој закон на стечајниот управник му дава писмени упатства за извршување на неговите обврски определени со овој закон, кои се задолжителни за стечајниот управник“.
Со член 33 од Законот за стечај се уредени овластувањата на стечајниот управник. Во став 1 е пропишано „Стечајниот управник го застапува и претставува должникот само за оние работи кои се однесуваат на стечајната постапка и стечајната маса“. Во став 2 од истиот член е предвидено дека ако должникот – правно лице продолжува да работи во текот на стечајната постапка, работењето го води стечајниот управник. Со став 3 од цитираниот член е предвидено дека „Стечајниот управник ги води само оние работи на должникот – поединец што се однесуваат на стечајната маса и го застапува како стечаен должник со овластувања на законски застапник“.
Со член 34 став 1 од Законот за стечај се уредени должностите на стечајниот управник, каде е пропишано дека стечајниот управник е должен:
– да ја ажурира сметководствената евиденција на должникот до денот на отворањето на стечајната постапка;
– да состави предлог на пресметката на трошоците на стечајната постапка и да ја поднесе на одобрение кај стечајниот судија;
– да започне попис (инвентар) на имотот во рок од десет дена од денот на именувањето и да го заврши пописот во рок од 30 дена од денот на неговото именување;
– да го состави почетниот стечаен биланс, како и даночниот биланс со состојба на денот на отворањето и на денот на заклучувањето на стечајната постапка кој се однесува на стечајната маса и трошоците на стечајната постапка;
– да ја извести Клириншката куќа за интербанкарски работи и Берзата за хартии од вредност за отворањето на стечајната постапка;
– да се извести Централниот депозитар за хартии од вредност ако должникот е акционерско друштво, како и за акциите кои ги поседува должникот;
– како уреден и совесен трговец да се грижи за завршување на започнатите, незавршени работи на должникот и за работите што се потребни за зачувување и заштита на имотот на должникот за да се спречи настапување на штета над средствата на должникот;
– да преземе мерки за наплата на побарувањата на должникот и да ги впаричи со внимание на добар трговец предметите и правата што влегуваат во стечајната маса;
– совесно да го води натамошното работење на должникот доколку тоа продолжува;
– да ги користи ресурсите и своите овластувања со еднаква грижа за имотните интереси на сите доверители од стечајната маса;
– кон стечајната маса да изразува неподелена грижа, совесност и одговорност за интересите на доверителите во стечајната маса, како и кон сите други страни кои се заинтересирани за стечајната маса;
– својата позиција да ја користи единствено во полза на стечајната маса и да оневозможи остварување на каква било корист за себе или за друг;
– да предложи план за распределба на средствата од стечајната маса на доверителите и по одобрение на стечајниот судија да го изврши;
– да достави до одборот на доверителите завршна сметка и завршен извештај;
– да извршува натамошни исплати на доверителите;
– да го извести надлежниот регистар за отворената стечајна постапка во случаите предвидени со овој закон;
– да ја ажурира работата околу одбирањето и евидентирањето на архивската граѓа и нејзино предавање на надлежниот архив и да обезбеди средства во пресметката на трошоците на стечајната постапка заради средување на архивската граѓа, доколку не е средена во согласност со прописите за архивско работење за што да го известува и е должен да побара мислење од Државниот архив на Република Македонија во поглед на исполнување на должностите од оваа точка;
– да поднесе предлог до соодветните органи на државната управа или до правосудните органи во странство, како официјално овластен застапник на стечајната маса на стечајниот должник, со кој бара запленување, одземање, заштита или враќање на имотот на стечајниот должник кој се наоѓа во странство;
– да ја прибави документацијата потребна за да се изврши упис во јавните книги врз основа на што се стекнува право на недвижност;
– со одобрение на стечајниот судија, а на товар на стечајната маса, да го осигура имотот во целина или делумно, ако тоа е потребно заради заштита на имотот на стечајниот должник;
– да вработува лица со одобрение на стечајниот судија и да врши контрола на нивната работа и да врши и други работи согласно со овој закон.
Со Законот за судските такси се уредува плаќањето на судските такси, за дејствија пред судовите во Република Македонија и Таксената тарифа, која е составен дел на овој закон.
Согласно член 2 став 1 точка 7 од Законот за судските такси, такси се плаќаат во стечајната постапка и постапката за ликвидација.
Со член 6 став 1 од Законот за судските такси е пропишано правилото дека нецелосно платената или неплатената такса го задржува текот на судската постапка, освен ако со Законот за судските такси или друг закон поинаку не е определено.
Со одредбите од последователните ставови 2 и 3 на овој член се користи можноста дадена во првиот став и се пропишува исклучок од ова правило, како и спецификите за плаќањето на судската такса во стечајната постапка.
Имено, во член 6 став 2 од цитираниот закон е наведено „По исклучок од ставот 1 на овој член во парничната постапка поведена од стечајниот управник за оспорување на побарување на доверител, побивање на правно дејствие, како и водење на други парнични постапки поврзани со стечајната маса, неплатената такса не го задржува текот на судската постапка“.
Во оспорениот став 3 е предвидено „Во стечајната постапка странката која поднесува жалба против решение донесено од стечајниот управник е должна таксата да ја плати пред поднесување на жалбата и доказот за платената такса да го приложи со поднесување на жалбата.“
Од анализата на наведените одредби од Законот за стечај и Законот за судските такси, јасно може да се утврди дека решенијата кои се носат во стечајната постапка се носат исклучиво од страна на стечајниот судија, односно дека стечајниот управник нема законски овластувања да носи решенија во стечајната постапка.
Според Судот, оспорената одредба содржи овластувања на стечајниот управник кои не се предвидени со материјалниот закон кој ги уредува прашањата поврзани со органите на стечајната постапка, поради што, според наша оцена, во правниот поредок на Република Северна Македонија може да дојде до правна несигурност, нејаснотии и забуни во практикувањето на правото за граѓаните и правните субјекти кои се засегнати со конкретната правна проблематика, како и за органите кои го применуваат овој пропис.
Анализата на претходно наведените одредби од Законот за стечај и Законот за судските такси покажува дека со ваквото уредување законодавецот, наместо да предвиди надлежности за стечајниот судија, предвидел надлежности за стечајниот управник, иако истиот не носи одлуки во форма на решение.
Имајќи предвид дека владеењето на правото како темелна вредност од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија бара во правниот поредок да функционираат јасни, недвосмислени норми, а секој учесник во правниот поредок да има јасно утврдени норми на однесување по однос на правата, обврските, надлежностите и слично, што не е случај со оспорениот дел од член 6 став 3 од Законот за судските такси, Судот утврди дека основано може да се постави прашањето за неговата согласност со наведената уставна одредба.
По однос на наводите за меѓусебна усогласеност на оваа одредба со одредби од Законот за стечај, Судот, согласно член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија нема надлежност да постапува.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.86/2021
20 април 2023 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 2 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 prill 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. INICOHET PROCEDURË për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 6 paragrafi 3 në pjesën “e miratuar nga drejtori i falimentimit” të Ligjit për taksat gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/ 2014 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 257/2020).
2. REFUZOHET iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 6 paragrafi 3 në pjesën “Në procedurën e falimentimit pala që parashtron ankesë kundër vendimit” dhe në pjesën “është e obliguar të paguajë taksën para paraqitjes së ankesës dhe dëshmia e pagesës t’i bashkëngjitet ankesës” nga Ligji i shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
3. Boban Bogdanovski, avokat nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka parashtruar iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 6 paragrafi 3 të Ligjit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
Parashtruesi thekson se dispozita e kontestuar rregullon detyrimin e palës për pagesën e taksës së ankimit, ku sipas kësaj dispozite, pala e cila parashtron ankesë kundër aktvendimit të marrë nga drejtori i falimentimit është e obliguar të paguajë taksën para paraqitjes së ankesës dhe dëshminë për taksën e paguar ta bashkagjisi gjatë paraqitjes së ankesës.
Sipas parashtruesit të iniciativës, neni 6 paragrafi 3 i Ligjit për taksat gjyqësore nuk është në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, me çka është shkelur parimi i sundimit të së drejtës si një nga vlerat themelore të rendit kushtetues, gjegjësisht në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, ku secili është i obliguar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Parashtruesi i iniciativës thekson se dispozita e kontestuar nuk është në përputhje me nenet e cituara të Kushtetutës për shkak të kompetencave dhe detyrave të përcaktuara me ligj të drejtorit të falimentimit, të cilat nuk përfshijnë marrjen e aktvendimeve në procedurën e falimentimit dhe që rregullohen me nenet 33 dhe 34 të Ligjit për falimentim.
Prandaj, drejtori i falimentimit nuk është ai që merr vendimet në procedurën e falimentimit, por vendimet në procedurën gjyqësore i merr gjykata, përkatësisht gjykatësi i falimentimit si organ i procedurës së falimentimit, prandaj edhe dispozita e kontestuar që është miratuar me Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për taksat gjyqësore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 106/2013) është në kundërshtim me dispozitat e Ligjit për falimentim. Përplasja me dispozitat e Ligjit për Falimentim është arsyeja pse parashtruesi thekson se në mënyrë legjitime shtrohet çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së kontestuar, për këtë arsye ka shkelje të drejtpërdrejtë të parimit kushtetues të sundimit të së drejtës të përcaktuara në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 nga Kushtetuta.
Gjithashtu, kjo dispozitë krijon probleme gjatë zbatimit të saj në procedurën e falimentimit dhe gjykata vihet në situatën për të interpretuar përmbajtjen e saj. Prandaj, norma e kontestuar duhet të jetë e lehtë për t’u kuptuar, jo vetëm për atë që e ka krijuar, por edhe për ata që e zbatojnë dhe për ata të cilët zbatohet, dhe në rastin konkret norma e kontestuar mund të zbatohet vetëm me interpretim shtesë, por jo ashtu siç tingëllon.
Nga sa u tha më lart, parashtruesi i iniciativës i propozon Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut që të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës kontestuese, e më pas të miratohet aktvendim me të cilin e njëjta do të anulohet.
4. Gjykata ka konstatuar se neni 6 i kontestuar paragrafi 3 i Ligjit për taksat Gjyqësore rregullohet “Në procedurën e falimentimit, pala e cila paraqet ankesë kundër aktvendimit të marrë nga drejtori i falimentimit është i obliguar të paguajë taksën para paraqitjes së ankesës dhe deëshminë t’ia bashkangjesi parashtrimit të ankesës.
5. Në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është përcaktuar si një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Në nenin 110 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, qartë është paraparë se Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën nga aspekti i përmbajtjs së tyre.
Sipas nenit 28 paragrafi 2 i Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse tashmë ka vendosur për të njëjtën çështje dhe nuk ka bazë për vendim të ndryshëm.
Në rastin konkret, iniciativa konteston nenin 6 paragrafi 3 të Ligjit për Taksat Gjyqësore në tërësi, për të cilin Gjykata konstatoi se e kishte vendosur tashmë në procedurë në lëndët U. nr.83/2014 dhe U. nr.21/2019, ku është shprehur qëndrimi se pala ka për detyrë të paguajë taksë gjyqësore në procedurë, gjë që nuk është e njëjta çështje e ngritur me këtë iniciativë. Në ato lëndë, Gjykata konkludoi se “ligjvënësi ka pasur parasysh situata të tilla të mundshme dhe të ngjashme në të cilat ndodhen ose mund të gjenden qytetarët, kështu që me Ligjin për taksat gjyqësore, duke përcaktuar obligimin për arkëtim, ka paraparë edhe përjashtime nga e njëjta në varësi të gjendjes pronësore të palës, për të cilën ka rregulluar të drejtën për të kërkuar përjashtimin nga arkëtimi, shtyrjen e arkëtimit ose pagesën e taksës gjyqësore me këste, për të shmangur mundësinë që gjendja aktuale ekonomike e qytetarëve të të shpie në pamundësi për realizimin e të drejtave të garantuara me kushtetutë të qytetarëve para gjykatave” dhe ka vendosur që të mos inicojë procedurë.
Në këtë iniciativë theksi vihet tek pyetja se kush e sjell vendimin kundër të cilit ankimohet në procedurën e falimentimit, drejtori i falimentimit apo gjykatësi i falimentimit, me çka shtrohet pyetja që deri më tani nuk ka qenë lëndë e analizës kushtetuese-gjyqësore.
Gjegjësisht, me këtë iniciativë, pretendimet kryesore janë se “drejtori i falimentimit nuk merr vendime në procedurën e falimentimit”, “vendimet në procedurë gjyqësore i merr gjykata, gjegjësisht gjykatësi i falimentimit si organ i procedurës së falimentimit”, për këtë arsye dispozita e kontestuar bie ndesh me dispozitat e Ligjit për falimentim, i cili rregullon autorizimet dhe detyrat e drejtorit të falimentimit dhe me të cilin rregullohen vendimmarrësit në procedurën e falimentimit (konkluzë dhe vendim), në të ç’mënyrë kryhet shkelje e parimit kushtetues të sundimit të së drejtës. Gjegjësisht, nga pretendimet kryesore të iniciativës del se lëndë e kontestimit është dispozita e ligjit sipas së cilës pala në procedurën e falimentimit paraqet ankesë kundër aktvendimit të marrë nga drejtori falimentues, i cili është në kundërshtim me kompetencat e drejtorit të falimentimit të përcaktuara me Ligjin për falimentim.
Prandaj, edhe pse e gjithë dispozita e nenit 6 paragrafi 3 të Ligjit për Taksat Gjyqësore është e kontestuar në iniciativë, në bazë të analizës së pretendimeve në iniciativë, Gjykata ka konstatuar se sipas qëllimit të parashtruesit të iniciativës , objekt i vlerësimit kushtetues-gjyqësor duhet të jetë neni 6 paragrafi 3 i Ligjit për taksat gjyqësore në pjesën “miratuar nga drejtori i falimentimit”, dhe jo e gjithë dispozita e shënuar me iniciativën.
Gjykata gjatë kryerjes së vlerësimit kushtetues-gjyqësor të nenit 6 paragrafi 3 të Ligjit për taksat gjyqësore në pjesën “miratuar nga drejtori i falimentimit”, në këtë kontekst ka marrë parasysh dispozitat përkatëse të Ligjit për falimentim dhe Ligjit për taksat gjyqësore.
Përkatësisht, sipas nenit 11 të Ligjit për falimentim, vendimet në procedurën e falimentimit merren në formë të aktvendimit dhe konkluzionit. Me konkluzion i jepet urdhër pesonit zyrtar ose organit të procedurës së falimentimit për kryerjen e veprimeve të caktuara, kurse për të gjitha rastet e tjera gjykata vendos me vendim, nëse me këtë ligj nuk është përcaktuar ndryshe.
Në bazë të nenit 12 paragrafi 1 të Ligjit për falimentim “Kundër vendimit të gjykatësit të falimentimit mund të bëhet ankesë në Gjykatën e Apelit përmes gjykatës themelore kompetente në afat prej tetë ditësh, kur kjo është përcaktuar me këtë ligj” dhe me paragrafin 2 të të njëjtit nen përcaktohet “Pas pranimit të ankesës, ankesa e parakohshme, e kundërligjshme ose jo e plotë, si dhe ankesa për të cilën me vendim nuk është paguar taksa gjyqësore, do të refuzohet”. Gjykatësi i falimentimit, ditën e parë të punës pas marrjes së ankimit, e paraqet çështjen me të gjitha dokumentet në gjykatën e apelit. Ankesa e paraqitur nuk i dërgohet për përgjigje palës së kundërt”.
Sipas nenit 18 të Ligjit për falimentim, organet e procedurës së falimentimit janë: gjykatësi i falimentimit, drejtori i falimentimit, këshilli i kreditorëve dhe kuvendi i kreditorëve.
Me nenin 19 të ligjit për falimentim rregullohen kompetencat e gjykatësit të falimentimit, ku me paragrafin 1 i këtij neni përcaktohet se gjykatësi i falimentimit:
– vendos për fillimin e procedurës paraprake për të përcaktuar ekzistimin e kushteve për hapjen e procedurës së falimentimit dhe e zbaton atë procedurë;
– vendos për hapjen e procedurës së falimentimit;
– emëron dhe shkarkon drejtorin e përkohshëm të falimentimit dhe drejtorin e falimentimit;
– vendos për kundërshtimet e drejtorit të falimentimit ndaj konkluzioneve të miratuara;
– vendos për kundërshtimet e kreditorit, të këshillit të kreditorëve dhe të kuvendit së kreditorëve;
– me propozim të këshillit të kreditorëve dhe nëse nuk është krijuar, me propozim të drejtorit të falimentimit, miraton punët e filluara që duhet të kryhen gjatë procedurës së falimentimit;
– ushtron kontroll mbi ligjshmërinë e punës së drejtorit të falimentimit;
– miraton llogaritjen e shpenzimeve të procedurës së falimentimit para pagesës së tyre;
– përcakton shpërblimin dhe kopmpensimin e shpenzimeve të drejtorit të falimentimit dhe anëtarëve të këshillit të kreditorëve;
– përcakton shumën e paradhënies për mbulimin e shpenzimeve në një procedurë të mëparshme;
– miraton pagesën ndaj kreditorëve;
– merr vendim për përfundimin e procedurës së falimentimit dhe
– kryen punë të tjera të përcaktuara me këtë ligj.
Me paragrafin 2 të të njëjtit nen parashikon se “Gjykatësi i falimentimit mundet medetyrë zyrtare, në përputhje me paragrafin 1 pika 7 të këtij neni, me kundërshtim ose me propozim të organeve të tjera të procedurës së falimentimit dhe pas marrjes së mendimit të këshillit të kreditorëve, t’ia ndryshojë vendimet drjtorit të falimentimit, nëse ai konstaton se janë në kundërshtim me ligjin”, ndërsa paragrafi 3 përcakton se “Gjykatësi i falimentimit, në kuadër të autorizimeve të përcaktuara me këtë ligj, i jep udhëzime me shkrim drejtorit të falimentimit për kryerjen e obligimeve të tij të përcaktuara me këtë ligj, të cilat janë të obligueshme për drejtorin e falimentimit.”
Me nenin 33 të Ligjit për falimentim rregullohen autorizimet e drejtorit të falimentimit. Në paragrafin 1 përcaktohet “Drejtori i falimentimit përfaqëson dhe e prezanton debitorin vetëm për ato çështje që i referohen procedurës së falimentimit dhe pasurisë së falimentimit”. Në paragrafin 2 të të njëjtit nen parashikohet se nëse debitori – person juridik vazhdon të operojë gjatë procedurës së falimentimit, veprimet i udhëheq drejtori i falimentimit. Në paragrafin 3 të nenit të cituar parashikohet se “drejtori i falimentimit drejton vetëm ato punë të debitorit individual që kanë të bëjnë me pasurinë e falimentimit dhe e përfaqëson atë si debitor të falimentuar me kompetencat e përfaqësuesit ligjor”.
Me nenin 34 paragrafi 1 të Ligjit për falimentimn rregullon detyrat e drejtorit të falimentimit, ku parashikohet se drejtori i falimentimit është i detyruar që:
– të përditësojë evidencën e kontabilitetit të debitorit deri në ditën e hapjes së procedurës së falimentimit;
– të përgatisë një propozim për llogaritjen e shpenzimeve të procedurës së falimentimit dhe t’ia paraqesë për miratim gjykatësit të falimentimit;
– të fillojë regjistrim (inventarizimin) e pronës brenda dhjetë ditëve nga dita e emërimit dhe të përfundojë regjistrimin brenda 30 ditëve nga dita e emërimit të tij;
– të përpilojë bilancin fillestar të falimentimit, si dhe bilancin tatimor me gjendjen në ditën e hapjes dhe në ditën e përfundimit të procedurës së falimentimit, që i referohet pasurisë së falimentimit dhe shpenzimeve të procedurës së falimentimit;
– të njoftojë Shtëpinë e Kliringut për punët ndërbankare dhe Bursën për letrat me vlerë për hapjen e procedurës së falimentimit;
– të njoftojë Depozitorin Qëndror të letrave me vlerë nëse debitori është shoqëri aksionare, si dhe aksionet në pronësi të debitorit;
– si tregtar i rregullt dhe i ndërgjegjshëm të kujdeset për përfundimin e punëve të filluara dhe të papërfunduara të debitorit dhe për punët që janë të nevojshme për ruajtjen dhe mbrojtjen e pronës së debitorit për të parandaluar dëmtimin e pronës së debitorit;
– të marrë masa për mbledhjen e kërkesave të debitorit dhe të fitojë para me vëmendjen e një tregtari të mirë sendet dhe të drejtat që hyjnë në tryezën e falimentimit;
– të menaxhojë me ndërgjegje veprimet e mëtejshme të debitorit nëse vazhdon;
– të përdorë resurset dhe autorizimet e veta me kujdes të barabartë për interesat pronësore të të gjithë kreditorëve nga masa e falimentimit;
– pasurisë së falimentimit t’i shprehë kujdes të pandarë, ndërgjegje dhe përgjegjësi për interesat e kreditorëve në masën e falimentimit, si dhe ndaj të gjithë palëve të tjera që janë të interesuara për masën falimentuese;
– të përdorë pozicionin e tij vetëm në dobi të masës së falimentimit dhe të pengojë realizimin e ndonjë përfitimi për vete ose për një tjetër;
– të propozojë një plan për shpërndarjen e mjeteve nga masa e falimentimit të kreditorëvet dhe ta zbatojë atë pas miratimit të gjykatëst të falimentimit;
– t’i paraqesë këshillit të kreditorëve një llogari përfundimtare dhe një raport përfundimtar;
– të bëjë pagesa të mëtejshme ndaj kreditorëve;
– të njoftojë regjistrin kompetent për procedurën e hapur të falimentimit në rastet e parashikuara nga ky ligj;
– të përditësojë punën në lidhje me përzgjedhjen dhe regjistrimin e lëndës arkivore dhe dorëzimin e tij në arkivin kompetent dhe të sigurojë mjete në llogaritjen e shpenzimeve të procedurës së falimentimit me qëllim të rregullimit të lëndës arkivore, nëse nuk është rregulluar në përputhje me rregulloren për punë arkivore, për të cilën raporton dhe është i obliguar të kërkojë mendim nga Arkivi Shtetëror i Republikës së Maqedonisë për plotësimin e detyrimeve nga kjo pikë;
– t’u paraqesë propozim organeve përkatëse të administratës shtetërore ose organeve gjyqësore jashtë vendit, si përfaqësues zyrtarisht i autorizuar i masës së falimentimit të debitorit të falimentuar, me të cilin kërkon sekuestrimin, konfiskimin, mbrojtjen ose kthimin e pronës së debitorit të falimentuar i cili gjendet jashtë shtetit;
– të marrë dokumentacionin e nevojshëm për të bërë regjistrim në librat publikë në bazë të të cilave fitohet e drejta e pasurisë së patundshme;
– me miratimin e gjykatësit të falimentimit dhe në kurriz të masës falimentuese, të sigurojë pronën tërësisht ose pjesërisht, nëse është e nevojshme për mbrojtjen e pronës së debitorit të falimentuar;
– të punësojë persona me miratimin e gjykatësit të falimentimit dhe të kontrollojë punën e tyre dhe të kryejë punë të tjera në përputhje me këtë ligj.
Me Ligji për taksat gjyqësore rregullon pagesën e taksave gjyqësore për veprimet para gjykatave në Republikën e Maqedonisë dhe Tarifa e taksës, e cila është pjesë përbërëse e këtij ligji.
Në bazë të nenit 2 paragrafi 1 pika 7 të Ligjit për taksat gjyqësore, taksat paguhen në procedurat e falimentimit dhe procedurat e likuidimit.
Me nenin 6, paragrafi 1 i Ligjit për taksat gjyqësore përcaktohet rregulli se taksa e paguar apo e papaguar në mënyrë jo të plotë e pezullon rrjedhën e procedurës gjyqësore, përveç nëse me Ligjin për taksat gjyqësore ose me ligj tjetër nuk është përcaktuar ndryshe.
Me dispozitat e paragrafëve 2 dhe 3 vijues të këtij neni, shfrytëzohet mundësia e dhënë në paragrafin e parë dhe parashikohet përjashtim nga ky rregull, si dhe specifikat për pagesën e taksës gjyqësore në procedurën e falimentimit.
Konkretisht, në nenin 6 paragrafi 2 të ligjit të cituar theksohet “Me përjashtim të paragrafit 1 të këtij neni në procedurën kontestimore të nisur nga drejtori i falimentimit për kontestimin e kërkesës së kreditorit, rrëzimin e një veprimi juridik, si dhe mbajtjen e procedurave të tjera kontestuese lidhur me masën e falimentimit, tarifa e papaguar nuk ndalon rrjedhën e proceseve gjyqësore”.
Në paragrafin 3 kontestues parashikohet se “Në procedurën e falimentimit, pala që ankimon kundër një vendimi të dhënë nga drejtori i falimentimit është e detyruar të paguajë tarifën para paraqitjes së ankimit dhe të bashkëngjisë vërtetimin e tarifës së paguar me paraqitjen e ankesës”.
Nga analiza e dispozitave të përmendura të Ligjit për falimentim dhe Ligjit për taksat gjyqësore, mund të konstatohet qartë se vendimet e marra në procedurën e falimentimit merren ekskluzivisht nga gjykatësi i falimentimit, gjegjësisht se drejtori i falimentimit nuk ka autorizim ligjor për marrjen e vendimeve në procedurën e falimentimit .
Sipas Gjykatës, dispozita e kontestuar përmban kompetenca të drejtorit të falimentimit që nuk parashikohen nga ligji material që rregullon çështjet që lidhen me organet e procedurës së falimentimit, prandaj sipas mendimit tonë në rendin juridik të Republikës së Maqedonisë së Veriut mund të lindin pasiguri juridike, paqartësi dhe konfuzion në praktikën juridike për qytetarët dhe personat juridikë që janë të prekur nga çështja konkrete juridike, si dhe për organet që e zbatojnë këtë rregull.
Nga analiza e dispozitave të lartpërmendura të Ligjit për falimentim dhe Ligjit për taksat gjyqësore rezulton se me këtë rregullore ligjvënësi në vend që t’i japë kompetenca gjykatësit të falimentimit, ka dhënë kompetenca për drejtorn e falimentimit, edhe pse ai nuk merr vendime në formën e aktvendimit.
Duke pasur parasysh se sundimi i së drejtës si vlerë themelore nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut kërkon që në rendin juridik të funksionojnë norma të qarta, të padyshimta dhe se secili pjesëmarrës në rendin juridik të ketë norma të përcaktuara qartë të sjelljes në lidhje me të drejtat, detyrimet, kompetencat dhe të ngjashme, gjë që nuk ndodh me pjesën kontestuese të nenit 6 paragrafi 3 të Ligjit për taksat gjyqësore, Gjykata përcaktoi se çështja e përputhshmërisë së saj me dispozitën e përmendur kushtetuese mund të të ngrihet.
Lidhur me pretendimet për pajtueshmëri të ndërsjellë të kësaj dispozite me dispozitat e Ligjit për falimentim, Gjykata, në pajtim me nenin 110 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nuk ka kompetencë për veprim.
6. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikat 1 dhe 2 të këtij aktvendimi.
7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.86/2021
20 prill 2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska