Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 април 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.317/2020).
2. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
3. Светскиот Македонски Конгрес, преку претседателот Тодор Петров и политичката партија „Левица“, преку претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, до Уставниот суд на Република Северна Македонија доставија одвоени иницијативи за оценување на уставноста на Законот означен во точката 1 на ова решение.
Во иницијативата поднесена од Светскиот Македонски Конгрес, се наведува дека оспорениот закон не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 4, член 9, член 51 став 1, член 55 став 2 и член 98 став 3 од Уставот. Со донесувањето на оспорениот закон е повредено начелото на уставност и законитост, начелото на владеењето на правото и начелото на поделба на власта, бидејќи Собранието презело во своја надлежност прашање што спаѓа во облигационо-правни односи и што треба да се реши со судска или вонсудска спогодба или со пресуда. На тој начин Владата го злоупотребила Собранието со донесувањето на овој специјален закон по мерка.
Подносителот укажува дека поради тоа што АД ГА-МА е организирана како акционерско друштво во кое акционери се Владата и Мaкпетрол АД Скопје, за секој пренос, односно откуп на акциите во сопственост на Макпетрол, треба да одлучува Владата како соосновач на АД ГА-МА, а преносот на акциите треба да се изврши во согласност со Законот за трговските друштва и Законот за хартиите од вредност. Подносителот на иницијативата изразува сомнежи за утврдената цена од 32.773.905 евра на акцијата на Макпетрол во АД ГА-МА, поради отсуство на независна проценка на моменталната пазарна вредност на АД ГА-МА, како и за постапката за донесување на Законот којашто, според него, не била транспарентна бидејќи Законот не бил објавен на ЕНЕР.
Понатаму, во иницијативата се наведува дека оспорениот закон не обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот, иако државата е должна да преземе мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Со донесувањето на оспорениот закон Владата го става Макпетрол АД Скопје во монополска положба бидејќи решавањето на судскиот спор го пренесува на Собранието, со што Собранието пресудило во судски спор и си презело надлежност на вонреден суд спротивно на Амандманот XXV од Уставот кој забранува вонредни судови.
Со иницијативата се бара Уставниот суд да го поништи оспорениот закон, а до донесувањето на конечната одлука се предлага Судот да донесе решение за времена мерка за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорениот закон. Со иницијативата, исто така, се бара Судот да одржи подготвителна седница со присуство на јавноста и подносителот на оваа иницијатива.
Со иницијативата поднесена од политичката партија „Левица“ се бара комплетно поништување на оспорениот закон поради неотстранливи формално-правни и материјално-правни причини. Имено, се наведува дека Законот е спротивен на член 8 став 1 алинеи 3, 4 и 7, член 33, член 51, член 55 ставови 1 и 2, член 68 став 1 алинеи 2, 6 и 19 и Амандманот XXV oд Уставот. Според подносителот на иницијативата, Собранието спротивно на Амандманот XXV од Уставот ги надминало своите уставни ингеренции и без основ и противуставно ги пречекорило своите овластувања во сферата на судството земајќи ја улогата на вонреден суд за решавање на приватен стопански спор кој трае повеќе од 15 години помеѓу Република Македонија и приватната компанија Макпетрол АД кои се парнични странки во конкретна судска постапка.
Со тоа е нарушено начелото на тријалистичка поделба на власта на законодавна, извршна и судска што претставува темелна вредност на уставниот поредок. Државата не може од позиција на јавна власт да интервенира во судски спор во кој таа е рамноправна странка, а без преседан бил и фактот што во нормативниот дел на официјалниот законски текст биле наведени имиња и презимиња на четири физички лица, иако основна одлика на законите е тоа што тие се општи нормативни акти, апстрактни прописи коишто важат за сите, а не за поименично утврдени субјекти.
Во иницијативата понатаму се наведува дека Законот е привилегирачки во полза на едно македонско акционерско друштво кое се става во нееднаква, повластена и фаворизирачка позиција над сите останати трговски друштва кои водат спор со државата. Со тоа Законот е во спротивност со Уставот кој гарантира еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот со антимонополската клаузула од член 55 од Уставот. Се наведува, исто така, дека оспорениот закон е спротивен на јавниот интерес, бидејќи во него не било наведено кој го плаќа данокот на капитална добивка, ниту пак дали на државата би ѝ следувала дивиденда од добивката.
Спогодбата за решавање на спорот нема карактер на меѓународен договор и како приватна вонсудска спогодба таа не може да биде ратификувана од страна на Собранието, ниту пак да биде вметната како составен дел на Законот. Со оспорениот закон и спогодба се повредени повеќе принципи на облигационото право, како што е принципот на еквивалентност, бидејќи постои очигледна несразмера на заемните давања или т.н. прекумерно оштетување бидејќи за една „златна акција“ со номинална вредност од 19 милиони евра, Владата треба да му исплати на Макпетрол АД сума во вредност од 33 милиони евра. Покрај тоа, во спогодбата се појавува и трето лице АД НЕР – Национални енергетски ресурси, во државна сопственост преку кое треба да се изврши налогот за плаќање, иако тоа лице никаде не фигурира како странка или како сопарничар во спорот.
Подносителот се повикува на Одлуката на Уставниот суд У.бр.140/2001 од 4 декември 2002 година, со која бил укинат Законот за ратификација на Билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Грција за изградба и управување со нафтовод („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/1999 на иницијатива на Макпетрол АД). Во таа одлука, Уставниот суд утврдил дека е повредено уставното начело на еднаква правна положба на сите пазарни субјекти и начелото на владеење на правото. Подносителот смета дека ако Уставниот суд веќе укинал сличен меѓународен и ратификуван привилегирачки договор за кој Собранието е надлежно да го донесе, дотолку повеќе има право да укине приватен договор за чие носење Собранието нема уставна надлежност.
4. Судот на седницата утврди дека оспорениот Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје е донесен на 28 декември 2020 година и е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.317/2020. Законот има пет члена. Во член 1 од Законот е определено дека со овој закон се уредува начинот на решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје настанати во врска со изградбата на гасоводниот систем во Република Северна Македонија. Во член 2 е утврдено дека цел на овој закон е да се обезбеди заштита на имотот и имотните права и интереси на Република Северна Македонија и нејзин понатамошен развој. Со член 3 од Законот, е предвидено Владата на Република Северна Македонија да ја склучи Спогодбата за регулирање на меѓусебните односи, а за што е постигната согласност помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје пред Центарот за решавање на спорови и преговори при Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена на 5 ноември 2019 година. Согласно член 4, составен дел на овој закон е текстот на Спогодбата од член 3 од овој закон. Член 5 предвидува дека Законот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Во Спогодбата за регулирање на меѓусебните односи се наведени договорните страни на спогодбата – Владата на Република Северна Македонија (застапувана од претседателот на Владата Зоран Заев) и Макпетрол АД Скопје (застапувана од претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски); согласноста на страните да ги прекинат и завршат судските постапки кои се водат пред националните судови при што наведени се конкретните судски постапки; утврден е номиналниот износ на основната главнина на АД ГА-МА и номиналната вредност на акцијата на акционерите – договорните страни којашто изнесува 50% од основната главнина; обврската на странките да го потпишат и имплементираат договорот за купопродажба на влогот на Макпетрол АД Скопје во АД ГА-МА и обврската на договорните страни да го информираат Секретаријатот на Енергетската заедница за потпишувањето и за имплементацијата на спогодбата.
5. Врз основа на доставените иницијативи, мислењата добиени од страна на Владата на Република Северна Македонија и Државното правобранителство на Република Северна Македонија, во претходна постапка и на седницата, Судот ја утврди следнава фактичка состојба:
АД ГА-МА било основано во 2006 година врз основа на одлука на Владата на Република Македонија со која јавното претпријатие ГА-МА (претходно формирано од страна на Владата заради стопанисување со гасоводниот систем во РМ) се трансформирало во акционерско друштво.
Акционери во АД ГА-МА биле Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје. АД ГА-МА управувала со системот на природен гас, додека Макпетрол АД Скопје преку своја фирма ги вршел дејностите снабдување со гас.
Поради вложувањата на акционерите во гасоводниот систем, односно во АД ГА-МА, уште во 2005 година настанал сопственички спор помеѓу Владата и Макпетрол поради кој биле поведени повеќе постапки пред Основниот граѓански суд во Скопје.
Во 2006 година Република Македонија станала членка на Енергетската заедница и го потпишала и ратификувала Договорот за основање на Енергетската заедница со Законот за ратификација на договорот за основање на енергетската заедница („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/06) со што тој договор станал дел од внатрешниот правен поредок.
Со зачленувањето во Енергетската заедница се создала правна обврска за Република Македонија да ја имплементира Директивата 2009/72/ЕЗ, Директивата 2009/73/ЕЗ, Регулативата ЕЗ бр.714/09 и Регулативата ЕЗ бр.715/09 со кои се предвидува обврска за сопственичко раздвојување на операторот на системот за пренос на природен гас. Тоа значи дека ист субјект ќе нема право во исто време да ја врши дејноста оператор на системот за пренос на природен гас и дејностите на трговија и/или снабдување со природен гас.
Заради имплементирање на наведените директиви на ЕУ во 2018 година бил донесен новиот Закон за енергетика во кој е внесена обврската за сопственичко раздвојување и во кој е предвидено државата, односно Министерството за економија да биде единствен сопственик на операторот на системот за природен гас.
Решавањето на споровите помеѓу Макпетрол и Владата било неопходно за да може да се изврши сопственичкото раздвојување и управувањето со гасоводниот систем да премине во целост во државна сопственост на Република Северна Македонија. Во тој процес бил вклучен и Центарот за решавање спорови и преговори при Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена пред кој, на 5 октомври 2019 година, двете страни постигнале согласност да го решат спорот со спогодба.
Државното правобранителство на Република Северна Македонија, имајќи го предвид значењето на изградбата на гасоводот и гасификацијата во Република Северна Македонија, како застапник на Република Северна Македонија пред надлежниот суд, укажaло дека пред склучување на спогодбата, потребно е Собранието на Република Северна Македонија да донесе акт, врз основа на кој Владата ќе склучи спогодба за регулирање на меѓусебните односи.
На 28 декември 2020 година, Собранието на Република Северна Македонија го донело оспорениот Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје и истиот беше објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.317/2020.
На 13.01.2021 година Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје ја склучиле Спогодбата за регулирање на меѓусебните односи.
Според податоците добиени од страна на Државното правобранителство, судската постапка за утврдување право на сопственост на 51/100 идеален дел од гасоводниот систем во Република Северна Македонија и надомест на штета завршила со Пресуда врз основа на одрекување 50ТС-368/05 од 05.04.2021 година на Основен граѓански суд Скопје која станала правосилна на 07.05.2021 година и извршна на 17.05.2021.
Судската постапка за утврдување на ништовност на член 4 од Одлуката за организирање на ЈП ГА-МА во АД ГА-МА Скопје и точка 2 од Протоколот за начинот на уредување на меѓусебните односи со стопанисувањето со гасоводниот систем на Република Македонија завршила со Пресуда 56ТС-18/18 од 03.03.2021 година, правосилна на ден 22.03.2021 година и извршна на ден 22.03.2021 година.
Судската постапка по тужба на тужителот АД ГА-МА Скопје против РСМ – Влада на Република Македонија за основ надомест на штета, завршила со Пресуда 51ТС-1000/10 од 31.05.2021 година, правосилна на ден 24.06.2021 година, извршна на ден 24.06.2022 година.
Макпетрол АД ја понудило на продажба својата акција воАД ГА-МА на Владата на Република Северна Македонија за цена од 32.773.905 евра.
Вo текот на 2021 година, целата постапка завршила и на 27 август 2021 година, по налог на Владата, Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост ја купило акцијата на Макпетрол АД Скопје за износ од 32.773.905 евра во денарска противвредност.
На 30 август 2021 година Енергетската заедница објавила соопштение дека на 27 август, Спогодбата помеѓу Макпетрол и Северна Македонија во врска со операторот на гас со која се решава спорот за нивните удели во операторот на гас ГА-МА е целосно имплементирана и дека тој спор го блокирал развојот на секторот на гас во изминатите 22 години.
6. Согласно член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
При одлучувањето Уставниот суд ги имаше предвид целите поради кои бил донесен оспорениот закон и обврските што произлегуваат од членството на Република Северна Македонија во Енергетската заедница. Имено, од образложението на Предлог-законот произлегува дека целта на овој закон, е целосна имплементација на одредбите од Законот за енергетика со кој се обезбедува заштита на имотот и имотните права и интереси на Република Северна Македонија и се елиминираат пречките кои го попречуваат или оневозможуваат развојот на Република Северна Македонија во делот на изградбата на гасоводната мрежа.
Во Законот за енергетика од 2018 година се имплементирани директивите и регулативите на Министерскиот совет на Енергетската заедница кои се однесуваат на внатрешниот пазар на енергија. Станува збор за Директивата 2009/72/ЕЗ, Директивата 2009/73/ЕЗ, Регулативата ЕЗ бр.714/09 и Регулативата ЕЗ бр.715/09. Овие документи предвидуваат обврска за т.н. сопственичко раздвојување на операторот на системот за пренос на природен гас и на дејностите на трговија и снабдување со природен гас.
Како што беше наведено погоре во фактичката состојба, за да може да се изврши сопственичкото раздвојување и управувањето со гасоводниот систем да премине во целост во државна сопственост на Република Северна Македонија, неопходно било да се решат споровите помеѓу Макпетрол АД и Владата во врска со сопственоста на АД ГА-МА. Во тој процес бил вклучен и Центарот за решавање спорови и преговори при Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена пред кој, на 5 октомври 2019 година, двете страни постигнале согласност да го решат спорот со спогодба.
Со Законот се уредува решавањето на спорот, се овозможува по пат на спогодба да се решат несогласувањата помеѓу страните, да се окончаат постапките кои произлегле од ваквиот спор и што е од особено значење се овозможува државата да ја задржи сопственоста врз преносниот систем со природен гас со што ќе се овозможи натамошен развој на гасификацијата на Република Северна Македонија, а на граѓаните ќе им се овозможи користење на овој природен ресурс.
Од фактичката состојба прикажана погоре во рефератот, произлегува дека веднаш по донесување на Законот, поточно на 13.01.2021 Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје ја склучиле споменатата Спогодба. Во наредните месеци (март, април и мај 2021 година), врз основа на Спогодбата, ги окончале трите граѓанско-правни спорови што се воделе пред надлежниот суд во Скопје.
Со склучување на Спогодбата, Владата ја извршила својата обврска од член 3 oд оспорениот закон, бидејќи со тоа и со подоцнежното правосилно окончување на судските спорови практично била остварена и целта на Законот. Оттука, имајќи предвид дека Законот бил донесен за точно определена цел што била остварена набргу по неговото донесување, произлегува дека оспорениот закон се исцрпел во својата примена, поради што Уставниот суд оцени дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.9/2021
У.бр.25/2021
20.04.2023 гoд.
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.9/2021 и У.бр.25/2021
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 prill 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. REFUZOHEN iniciativat për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit për zgjidhjen e kontestit ndërmjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 317/2020 ).
2. Ky aktvendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
3. Kongresi Botëror i Maqedonisë, përmes kryetarit Todor Petrov dhe partisë politike “Levica”, përmes kryetarit prof. dr. Dimitar Apasiev, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka paraqitur iniciativa të veçanta për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit të përcaktuar në pikën 1 të këtij vendimi.
Në iniciativën e dërguar nga Kongresi Botëror i Maqedonisë, thuhet se ligji i kontestuar nuk është në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 4, nenin 9, nenin 51 paragrafi 1, nenin 55 paragrafi 2 dhe nenin 98 paragrafi 3 Kushtetutës. Me miratimin e ligjit të kontestuar është shkelur parimi i kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë, parimi i sundimit të së drejtës dhe parimi i ndarjes së pushtetit, sepse Kuvendi mori në kompetencën e tij një çështje që i përket marrëdhënieve juridike obligative dhe që duhet të zgjidhet me marrëveshje gjyqësore ose jashtëgjyqësore ose me aktgjykim. Në atë mënyrë, Qeveria ka keqpërdorur Kuvendin duke miratuar këtë ligj special sipas masave.
Parashtruesi sugjeron se për shkak të faktit se AD GA-MA është e organizuar si shoqëri aksionare në të cilën aksionarë janë Qeveria dhe Makpetrol SHA Shkup, për çdo transferim, përkatësisht blerje të aksioneve në pronësi të Makpetrolit, Qeveria si bashkëthemeluese e SHA GA-MA duhet të vendosë dhe bartja e aksioneve të bëhet në përputhje me Ligjin për Shoqëritë Tregtare dhe Ligjin për letrat me vlerë. Parashtruesi i iniciativës shpreh dyshime për çmimin e përcaktuar prej 32.773.905 euro për aksionin e Makpetrol në SHA GA-MA, për shkak të mungesës së një vlerësimi të pavarur të vlerës aktuale të tregut të AD GA-MA, si dhe për procedurën për miratimin e ligjit i cili sipas tij nuk ka qenë transparent për shkak se ligji nuk është publikuar në ENER.
Më tej, në iniciativë thuhet se ligji i kontestuar nuk ofron status juridik të barabartë për të gjitha subjektet në treg, ndonëse shteti është i detyruar të marrë masa kundër pozicionit monopolist dhe sjelljes monopoliste në treg. Me miratimin e ligjit të kontestuar, Qeveria e vë në pozitë monopol Makpetrol SHA Shkup sepse zgjidhjen e kontestit gjyqësor ia kalon Kuvendit, me të cilin Kuvendi vendosi në kontest gjyqësor dhe mori kompetencën e gjykatës së jashtëzakonshme, në kundërshtim me Amendamentin XXV të Kushtetutës, i cili ndalon gjykatat e jashtëzakonshme.
Me iniciativën kërkon nga Gjykata Kushtetuese anulimin e ligjit të kontestuar dhe deri në marrjen e vendimit përfundimtar, propozohet që Gjykata të miratojë aktvendim për masën e përkohshme për ndalimin e realizimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të ligjit të kontestuar. Me iniciativën kërkohet gjithashtu që Gjykata të mbajë një seancë përgatitore me praninë e publikut dhe parashtruesit të kësaj iniciative.
Me iniciativën e parashtruar nga partia politike “Levica” kërkohet anulimin e plotë të ligjit të kontestuar për shkaqe të paluajtshme formale-juridike dhe materialo-juridike. Gjegjësisht, thuhet se ligji është në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3, 4 dhe 7, nenin 33, nenin 51, nenin 55 paragrafët 1 dhe 2, nenin 68 paragrafi 1 alinetë 2, 6 dhe 19 dhe amendamentin XXV të ligjit. Kushtetuta. Sipas parashtruesit të iniciativës, Kuvendi, në kundërshtim me amendamentin XXV të Kushtetutës, ka tejkaluar kompetencat e tij kushtetuese dhe ka tejkaluar në mënyrë të pabazuar dhe antikushtetuese kompetencat e tij në sferën e gjyqësisë, duke marrë rolin e një gjykate të jashtëzakonshme për zgjidhjen e një kontesti ekonomik privat i cili ka zgjatur më shumë se 15 vjet në mes të Republikës së Maqedonisë dhe kompanisë private Makpetrol SHA, të cilët janë palë ndërgjyqëse në procedura të veçanta gjyqësore.
Me këtë është prishur parimi i ndarjes gjykuese të pushtetit në legjislativ, ekzekutiv dhe gjyqësor, që është një vlerë themelore e rendit kushtetues. Shteti, nga pozita e autoritetit publik, nuk mund të ndërhyjë në një mosmarrëveshje gjyqësore në të cilën është palë e barabartë, dhe fakti që pjesa normative e tekstit ligjor zyrtar ka shënuar emrat dhe mbiemrat e katër personave fizik, ishte i paprecedentë, edhe pse tipari themelor i ligjeve është fakti se ato janë akte normative të përgjithshme, rregullore abstrakte që zbatohen për të gjithë dhe jo për subjekte të veçanta.
Më tej në iniciativë thuhet se Ligji është i privilegjuar në favor të një shoqërie aksionare maqedonase, e cila është në pozitë të pabarabartë, të privilegjuar dhe të favorshme ndaj të gjitha shoqërive tjera tregtare që janë në kontest me shtetin. Me këtë, Ligji bie ndesh me Kushtetutën, e cila garanton pozitë të barabartë juridike për të gjitha subjektet në treg me klauzolën antimonopol të nenit 55 të Kushtetutës. Po ashtu thuhet se ligji i kontestuar është në kundërshtim me interesin publik, sepse në të nuk theksohet se kush e paguan tatimin mbi fitimin kapital, e as nëse shteti do të kishte të drejtë në dividendë nga fitimi.
Marrëveshja për zgjidhjen e kontestit nuk ka karakter të marrëveshjes ndërkombëtare dhe si marrëveshje private jashtëgjyqësore nuk mund të ratifikohet nga Kuvendi dhe as të futet si pjesë përbërëse e Ligjit. Me Ligjin dhe marrëveshjen e kontestuar shkelen disa parime të së drejtës së detyrimeve, siç është parimi i ekuivalencës, sepse ka një disproporcion të dukshëm të pagesave të huazuara, ose të ashtuquajturat, dëmi i tepruar sepse për një “aksion të artë” me vlerë nominale 19 milionë euro, Qeveria duhet t’i paguajë Makpetrolit SHA një shumë prej 33 milionë euro. Krahas kësaj, në marrëveshje përmendet edhe një palë e tretë, SHA NER – Burimet Kombëtare të Energjisë, në pronësi shtetërore, përmes së cilës duhet të ekzekutohet urdhërpagesa, edhe pse ai person nuk figuron askund si palë apo si rival në kontest.
Parashtruesi i kërkesës i referohet Vendimit të Gjykatës Kushtetuese U.nr. 140/2001 të datës 4 dhjetor 2022, me të cilin u shfuqizua Ligji për ratifikimin e marrëveshjes Bilaterale ndërmjet Republikës së Maqedonisë dhe Republikës së Greqisë për ndërtimin dhe menaxhimin me naftësjellësin (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 62/1999 me iniciativë të Makpetrol SHA). Në atë vendim, Gjykata Kushtetuese konstatoi se është shkelur parimi kushtetues i statusit të barabartë juridik të të gjitha subjekteve të tregut dhe parimi i sundimit të së drejtës. Parashtruesi konsideron se nëse Gjykata Kushtetuese tashmë ka anuluar një marrëveshje të ngjashme ndërkombëtare dhe të ratifikuar të privilegjuar për të cilën Kuvendi është kompetent për ta miratuar atë, ajo ka më shumë të drejtë të anulojë një marrëveshje private për të cilën Kuvendi nuk ka kompetencë kushtetuese.
4. Gjykata në seancë konstatoi se Ligji i kontestuar për zgjidhjen e kontestit ndërmjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup është miratuar më 28 dhjetor 2020 dhe është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonia e Veriut” Nr. 317/2020. Ligji ka pesë nene. Në nenin 1 të Ligjit është përcaktuar se ky ligj rregullon mënyrën e zgjidhjes së kontestit ndërmjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup, që ka lindur në lidhje me ndërtimin e sistemit të gazsjellësit në Republikën e Maqedonisë së Veriut. Me nenin 2 përcaktohet se qëllimi i këtij ligji është të sigurojë mbrojtjen e pronës dhe të drejtat dhe interesat pronësore të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe zhvillimin e mëtutjeshëm të saj. Me nenin 3 të Ligjit është është paraparë që Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut të lidhë Marrëveshjen për rregullimin e marrëdhënieve të ndërsjella, për të cilën është arritur pëlqim ndërmjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup para Qendrës për zgjidhjen e kontesteve dhe negociatave në Sekretariatin e Bashkësisë Energjetike në Vjenë më 5 nëntor 2019. Në pajtim me nenin 4, teksti i Marrëveshjes nga neni 3 i këtij ligji është pjesë përbërëse e këtij ligji. Neni 5 parasheh se Ligji hyn në fuqi ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Në Marrëveshjen për rregullimin e marrëdhënieve të ndërsjella janë theksuar palët në marrëveshje – Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut (e përfaqësuar nga kryetari i Qeverisë Zoran Zaev) dhe Makpetrol SHA Shkup (përfaqësuar nga kryetari i Këshillit Drejtues Andreja. Josifovski); pëlqimi i palëve për të ngritur dhe përfunduar procedurat gjyqësore të zhvilluara para gjykatave nacionale, duke theksuar procedurat konrete gjyqësore; është përcaktuar shuma nominale e kapitalit aksionar të SHA. GA-MA dhe vlera nominale e aksioneve të aksionarëve – palëve kontraktuese, e cila është 50% e kapitalit themeltar; obligimi i palëve për të nënshkruar dhe zbatuar marrëveshjen për blerjen dhe shitjen e aksioneve të Makpetrol SHA Shkup në SHA GA-MA dhe detyrimin e palëve kontraktuese që të informojnë Sekretariatin e Bashkësisë Energjetike për nënshkrimin dhe implementimin e marrëveshjes.
5. Në bazë të iniciativave të parashtruara, mendimeve të marra nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Avokatia shtetërore e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në procedurë paraprake dhe në seancë, Gjykata konstatoi gjendjen faktike në vijim:
SHA GA-MA është themeluar në vitin 2006 në bazë të vendimit të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë me të cilin ndërmarrja publike GA-MA (e themeluar më parë nga Qeveria me qëllim të ekonomizimit të sistemit të gazsjellësit në Republikën e Maqedonisë ) u shndërrua në shoqëri aksionare.
Aksionarë në SHA GA-MA ishin Qeveria e Republikës së Maqedonisë dhe Makpetrol SHA Shkup. SHA GA-MA menaxhonte sistemin e gazit natyror, ndërsa Makpetrol SHA Shkup aktivitetet e furnizimit me gaz i kryente përmes kompanisë së vet.
Për shkak të investimeve të aksionarëve në sistemin e gazsjellësit, gjegjësisht në SHA GA-MA, në vitin 2005 ka lindur kontesti pronësor ndërmjet Qeverisë dhe Makpetrolit, për të cilin janë iniciuar disa procedura para Gjykatës Themelore Civile në Shkup.
Në vitin 2006, Republika e Maqedonisë u bë anëtare e Bashkësisë Energjetike dhe nënshkroi dhe ratifikoi Marrëveshjen për themelimin e Bashkësisë energjetike me Ligjin për ratifikimin e Marrëveshjes për themelimin e Bashkësisë energjetike (“Gazeta Zyrtare e Republikës. të Maqedonisë” nr. 59/06) me të cilën ajo marrëveshje u bë pjesë e rendit të brendshëm juridik.
Me anëtarësimin në Bashkësinë Energjetike, për Republikën e Maqedonisë u krijua obligim ligjor që të zbatojë Direktivën 2009/72/EZ, Direktivën 2009/73/EZ, Rregullativen EZ Nr. 714/09 dhe Rregullativaen EZ Nr. 715/09 me të cilat parashihet një detyrim për ndarjen pronësore të operatorit të sistemit të transmetimit të gazit natyror. Kjo do të thotë se i njëjti subjekt nuk do të ketë të drejtë të ushtrojë njëkohësisht veprimtarinë e operatorit të sistemit të transmetimit të gazit natyror dhe aktivitetet e tregtisë dhe/ose të furnizimit me gaz natyror.
Për të implementuar direktivat e përmendura të BE-së, në vitin 2018 është miratuar Ligji i ri për Energjetikë, në të cilin është futur obligimi për ndarjen e pronësisë dhe në të cilin parashihet që shteti, përkatësisht Ministria e Ekonomisë, të jetë pronar i vetëm i operatorit të sistemit të gazit natyror.
Zgjidhja e kontesteve ndërmjet Makpetrolit dhe Qeverisë ishte e nevojshme që të bëhet ndarja e pronësisë dhe menaxhimi i sistemit të gazsjellësit të kalojë plotësisht në pronësi shtetërore të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Në këtë proces ishte përfshirë edhe Qendra për Zgjidhjen e Mosmarrëveshjeve dhe Negocimin pranë Sekretariatit të Bashkësisë Energjetike në Vjenë, para së cilës, më 5 tetor 2019, të dyja palët ranë dakord për zgjidhjen e kontestit me marrëveshje.
Avokatia shtetërore e Republikës së Maqedonisë së Veriut, duke pasur parasysh rëndësinë e ndërtimit të gazsjellësit dhe gazifikimit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, si përfaqësues i Republikës së Maqedonisë së Veriut para gjykatës kompetente, ka treguar se para se të lidhet Marrëveshja, është e nevojshme që Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut të miratojë akt, në bazë të të cilit Qeveria do të lidhë marrëveshje për rregullimin e marrëdhënieve të ndërsjella.
Më 28 dhjetor 2020, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut miratoi Ligjin e kontestuar për zgjidhjen e kontestit ndërmjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup dhe i njëjti është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 317/2020.
Më 13 janar 2021, Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup nënshkruan Marrëveshjen për rregullimin e marrëdhënieve të ndërsjella.
Sipas të dhënave të marra nga Avokatia e Shtetit, procedura gjyqësore për përcaktimin e së drejtës së pronësisë së pjesës ideale 51/100 të sistemit të gazsjellësit në Republikën e Maqedonisë së Veriut dhe kompensimin e dëmit përfundoi me aktgjykim të bazuar në mohimin 50TS- 368/05 të datës 04.05.2021 në Gjykatën Themelore Civile Shkup, i cili ka marrë formë të plotfuqishme më 07.05.2021 dhe ekzekutiv më 17.05.2021.
Procedura gjyqësore për konstatimin e pavlefshmërisë së nenit 4 të vendimit për organizimin e JP GA-MA në SHA GA-MA Shkup dhe pika 2 e Protokollit për mënyrën e rregullimit të marrëdhënieve të ndërsjella me menaxhimin e sistemit të gazsjellësit në Republikën e Maqedonisë ka përfunduar me Aktgjykimin 56TS-18/18 të datës 03.03.2021, i plotfuqishëm më 22.03.2021 dhe ekzekutiv më 22.03.2021.
Procedura gjyqësore pas padisë së paditësit SHA GA-MA Shkup kundër RMV-Qeveria e Republikës së Maqedonisë për kompensim themelor të dëmit, përfundoi me Aktgjykimin 51TS-1000/10 të datës 31.05.2021, të formës së plotfuqishme më 24.06.2021, ekzekutiv më 24.06. 2022.
Makpetrol SHA ia ofroi aksionin e tij për shitje në SHA GA-MA Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut me çmim prej 32.773.905 euro.
Gjatë vitit 2021 e gjithë procedura ka përfunduar dhe më 27 gusht 2021, me urdhër të Qeverisë, Shoqëria Aksionare për Veprimtaritë Energjetike Resurset Nacionale Energjetike Shkup ka blerë aksionin e Makpetrol SHA Shkup për shumën prej 32.773.905. euro në kundërvlerë në denarë.
Më 30 gusht 2021, Bashkësia Energjetike njoftoi se më 27 gusht, Marrëveshja ndërmjet Makpetrol dhe Maqedonisë së Veriut lidhur me operatorin e gazit, e cila zgjidh kontestin për aksionet e tyre në operatorin e gazit GA-MA, ishte zbatuar plotësisht dhe se ai kontest e kishte bllokuar zhvillimin e sektorit të gazit në 22 vitet e fundit.
6. Në bazë të nenit 110 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 28 paragrafi 3 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa të tjera procedurale për të vendosur për iniciativën.
Gjykata Kushtetuese gjatë vendimmarrjes ka pasur parasysh qëllimet për të cilat është miratuar ligji kontestues dhe obligimet që dalin nga anëtarësimi i Republikës së Maqedonisë së Veriut në Bashkësinë Energjetike. Gjegjësisht, nga arsyetimi i Propozim ligjit del se qëllimi i këtij ligji është zbatimi i plotë i dispozitave të Ligjit për energjetikë, me të cilin sigurohet mbrojtja e pronës dhe të drejtave dhe interesave pronësore të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe eliminohen pengesat që pengojnë ose pamundësojnë zhvillimin e Republikës së Maqedonisë së Veriut në pjesën e ndërtimit të rrjetit të gazsjellësit.
Në Ligjin për Energjetikë të vitit 2018 janë implementuar direktivat dhe rregullativat r Këshillit Ministror të Komunitetit të Energjisë në lidhje me tregun e brendshëm të energjisë. Bëhet fjalë për Direktivën 2009/72/EZ, Direktivën 2009/73/EZ, Rregullativën EZ nr.714/09 dhe Rregullativën EZ nr.715/09. Këto dokumente parashikojnë një obligim për të ashtuquajturat ndarje e pronësisë së operatorit të sistemit të transmetimit të gazit natyror dhe veprimtaritë e tregtisë dhe furnizimit me gaz natyror.
Siç u tha më lart në gjendjen faktike, për të mundësuar ndarjen e pronësisë dhe menaxhimin e sistemit të gazsjellësit për të kaluar plotësisht në pronësi shtetërore të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ishte e nevojshme që të zgjidhen mosmarrëveshjet në mes të Makpetrol SHA dhe Qeverisë lidhur me pronësinë e SHA GA-MA. Në atë proces ishte e përfshirë edhe Qendra për Zgjidhjen e Kontesteve dhe Negociatave pranë Sekretariatit të Bashkësisë Energjetike në Vjenë, para së cilës, më 5 tetor 2019, të dyja palët arritën marrëveshje për zgjidhjen e kontestit me marrëveshje.
Ligji rregullon zgjidhjen e kontestit, është e mundur të zgjidhen mosmarrëveshjet ndërmjet palëve me marrëveshje, të përfundojnë procedurat që kanë rezultuar nga kjo mosmarrëveshje dhe ajo që është e një rëndësie të veçantë, i lejon shtetit të mbajë pronësinë e sistemit transmetues me gaz natyror,, me çka do të mundësohet zhvillimi i mëtutjeshëm i gazifikimit të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe qytetarëve do t’u mundësohet shfrytëzimi i këtij resursi natyror.
Nga gjendja faktike e paraqitur më lartë në ese, del se menjëherë pas miratimit të Ligjit, më saktë më 13.01.2021, Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Makpetrol SHA Shkup e kanë lidhur marrëveshjen e përmendur. Në muajt e radhës (mars, prill dhe maj 2021), në bazë të Marrëveshjes, ata përfunduan tri kontestet juridiko-civile që ishin zhvilluar para gjykatës kompetente në Shkup.
Me lidhjen e Marrëveshjes, Qeveria e përmbushi obligimin e saj nga neni 3 i ligjit kontestues, sepse me atë dhe me vulosjen e plotfuqishme të mëvonshme të kontesteve gjyqësore, praktikisht u arrit qëllimi i ligjit. Së këndejmi, duke pasur parasysh se ligji është miratuar për një qëllim të përcaktuar saktësisht që është arritur menjëherë pas miratimit të tij, rezulton se ligji kontestues e ka ezauruar veten në zbatimin e tij, prandaj Gjykata Kushtetuese ka vlerësuar se janë plotësuar kushtet e nenit 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese për refuzimin e iniciativës.
7. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.
8. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.9/2021
U.nr.25/2021
20.04.2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska