Уставниот суд ќе ја одржи 16. Седница на 26 април 2023 година во 9:30 часот со дневен ред на кој се закажани пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и предлог за одлучување по нацрт-одлука.
I- РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ НА:
1.Реферат У.бр.70/2022
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Оспорен: Членот 83 став 1 од Законот за даночна постапка во делот „29 до”.(„Службен весник на Република македонија” број 13/2006, 88/2008, 159/2008, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 275/2019 и 290/2020).
Од наводите во иницијативата:
Според подносителот на иницијативата оспорената одредба упатува на примена на одредба која со Одлука на Уставниот суд е укината и отстранета од правниот промет. Се наведува дека начелото на владеење на правото пропишано со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот подразбира дека во правниот промет мора да постојат јасни и прецизни норми и ако тие упатуваат на примена на други одредби тогаш, повиканите одредби мора да постојат во правниот промет.
2.Реферат У.бр. 102/22
Подносител на иницијативата: Сашо Балабанов
Оспорен: Член 33 став 1, 67 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести,
– член 7 став 1 алинеја 2 од Правилникот за изменување на правилникот за формата;
содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој;
-член 60 став 2 од Закон за основно образование;
Од наводите во иницијативата:
Подносителот ги оценува како противуставни оспорените одредби поради тоа што се наложува задолжителна вакцинација за сите лица против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки и вирусен хепатит Б. Се оспорува и предвидената глоба од 300 до 650 евра за физичко лице кое ќе одбие вакцинирање. Исто така како противуставен го оценува фактот дека при запишување во градинка и во прво одделение родителите се должни да достават податоци за вакцинален статус или потврда за примените задолжителни вакцини на детето. Подносителот наведува дека секое дете согласно Законот за основно образование има право на бесплатно квалитетно образование.
3.Реферат У.бр.115/2022
Оспорен: Делот „став 4 на“ од член 113 став 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/15).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека содржината на оспорената одредба упатува на примена којашто не е содржана во одредбата и на тој начин не постои правно-функционална целина. Според иницијативата оспорениот дел содржински не утврдува начини на заверка на управните акти како истите би биле конечни и извршни и на тој начин не е во согласност со владеењето на правото како темелна вредност.
4.Реферат У.бр.43/2023
Оспорен: Член 218 став 2 од Законот за извршување.
Подносител на иницијативата: Адвокат Марјан Максимоски
Од наводите:
Се наведува дека оспорената одредба е нејасна, непрецизна и двосмислена со носење на поединечни решенија во пракса со што се ограничува извршувањето на граѓанинот кој во конкретна постапка е работник. Подносителот смета дека работникот не може да го оствари правото согласно Закон за работни односи во постапка на извршување затоа што претседателите на судовите паричните средства ги подведуваат под предмети и права и може во пракса да се направи забрана на парични средства, нешто што му овозможува апсолутна контрола на претседателот на судот.
5. Реферат У.бр.8/2023
Оспорена: Одлука на Советот на Општина Македонска Каменица бр. 08-2487/1 од 28.12.2022 година.
Подносител на иницијативата: Димчо Атанасовски градоначалник на Општина Македонска Каменица.
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека Советот на Општина Македонска Каменица донел одлука за Буџет за 2023 која е спротивна на Законот за буџети бидејќи се направени амандмански измени за кои не постои законска можност. Се наведува како пример укинувањето на веќе донесена развојна програма и донесување на нова развојна програма со амандман број 13, исто така со амандман број 21 се укинати средства за заштита и спасување иако за тоа има законска обврска и укажувања од инспекциските надзори од ДЗС за задолжителни средства во Буџетот за таа намена итн.
II- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
РефератУ.бр.84/22
Оспорени:
Решение А.бр.140/20 од 3.7.2020 година на Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
Решение А.бр. 140/20 од 4.9.2020 година на Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
Пресуда на Основниот граѓански суд Скопје VII РО бр.3000/20 од 7.12.2021 година
Пресуда на Апелациониот суд Скопје РОЖ-709 од 18.5.2022 година
Подносител на барањето: Маријана Крстева
Од наводите во барањето:
Подносителката на барањето наведува дека е дискриминирана во остварувањето на правото на работа под еднакви услови, право на плата и еднаква работа и заштита при работата, поради социјална припадност и општествена положба. Потенцира дека судовите во нејзиниот случај не го примениле Законот за заштита од вознемирување на работно место.