Издвоено мислење по предметот У.бр.316/2020

Врз основа на член 25 став 6 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), а во врска со Решението на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.бр.316/2020 од 15 февруари 2023 со кое се отфрла барањето на Антонијо Милошоски од Скопје за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја од Уставот на Република Северна Македонија кои се однесуваат на заштита на правата на недискрининација односно забраната за дискриминација по основ на политичка припадност и политичко уверување и член 9 од Уставот на Република Северна Македонија гласајќи против Решението судијата на Уставниот суд, д-р Осман Кадриу писмено го образложува следното

ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ

Апликантот Антонијо Милошоски од Скопје застапуван од Петро Јанура, адвокат од Скопје до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе барање за заштиата на слободите и правата определени во член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност, за кои смета дека му се повредени со Обвинителениот акт КО.бр. 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство Скопје поднесен до Основниот кривичен суд Скопје и со Решението 11 К-ООА бр.96/2020 од 7 октомври 2020 година на судија за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд Скопје- Кривичен оддел.

Во барањето е наведено дека содржините на претходно наведените докази јасно укажувале дека со Обвинителен акт КО бр. 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство поднесен до Основниот кривичен суд Скопје подносителот на барањето се товари дека сторил едно кривично дело „Измама“ од член 247 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик и едно кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 2 в.в. став 1 в,в. со член 23 од Кривичниот законик. Против овој акт подносителот на барањето поднел приговор кое со Решение 11.К-ООА. Број. 96/20202 од 7 октомври 2020 година на судија за оценка на обвинителен акт на Кривичен суд Скопје – Кривичен оддел бил одбиен како неоснован. Апликантот смета дека донесените индивидуални акти биле донесени од „неетички и малициозни“ причини и тоа било исклучиво со цел да се врши притисок и политичка дискредитација врз подносителот на барањето лицето Антонијо Милошоски, кој бил претеник од редовите на најголемата опзициона партија ВМРО ДПМНЕ.

Решеваќи по барањето на апликантот Уставниот суд со мнозинсто на гласови донесе Решение У.бр. 316/2020 од 15 февруари 2023 за отфрлање на барањето. Во образложението на Решението Уставниот суд се задржува на актите кои се донесени во истражната постапка и со кои акти, според тврдењето на апликантот, се сторени наведените повреди. По однос на овие акти и тоа Обвинителениот акт КО.бр. 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство Скопје како и Решението 11 К-ООА бр.96/2020 од 7 октомври 2020 година на судија за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд Скопје- Кривичен оддел, Судот завземал став дека истите не се поединечни правни акти со кои се повредуваат правата и слободите на подносителот на барањето.

Со оглед на тоа дека наведените акти не се индивидуални и конечни Судот се определи за Решение за отфрлање на барањето поради непостоење на процесни претпоставки. Гласајќи против наведеното Решение најавив издвоено мислење и се произнесувам како што следува.

Како судија известител по предметот У.бр.316/2020 оформен врз основа на поднесеното барање од барателот Антонијо Милошоски од Скопје, предложив дека е потребно за целосно утврдена фактичка состојба да се одржи јавна расправа согласно член 55 од Деловникот на Уставниот суд. Ова од причина што кога се води постапка за уставно судска заштита за човековите права и слободи, Уставниот суд, по правило, одлучува врз основа на одржана јавна расправа. Во конкретните постапки за заштита на човековите права и слободи тоа досега се практикуваше од страна на Уставниот суд. Но, со донесеното Решение со мнозинаство на гласови предлогот за јавна расправа не се прифати.

Согласно Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија повредата на конкретното уставно право или конкретната уставна слобода може да се изврши со дејствије или поединечен акт на надлежен орган, во конкретниот случај, на суд. За поединечниот акт, со кој смета апликантот дека е извршена повредата се бара тој акт да биде конечен односно правосилен. Во образложението на Решението судот се повикува само на поединечниот акт и констатира дека предметниот обвинителен акт не претставува конечен или правосилен индивидуален акт со кои се одлучува за слободи и права и тоа нешто претставува процесна пречка за одлучување по барањето.

Прво, дискутабилно е тврдењето на Уставниот суд дека обвинителниот акт не е правосилен поединчен акт. Ова од причини што Кривичниот суд може да отпочне со кривична постапка откако обвинителниот акт ќе стапи во правна сила. Пред правосилноста на обвинителниот акт нема судење Од друга страна, она што остана нерасветлено е фактот на кој се повикува апликантот, а имено тој се повикува на конкретни дејствија превземени во истражната постапка. Од нив посебно се потенцира изјавата на носителот на обвинителската функција дадена преку медиумите (ТВ „Сител“ од 27 ноември 2019 година), а изјавата гласи: „Место да си подготвува одбрана, тој (мислејќи на апликатот) дели правни совети дека хонорарите во Специјалното јавно обвинителство треба да се иследат како злоупотреба и проневера“. Тврдењето на апликантот за оваа изјава останува како сомнеж. Со јавната расправа која беше предложена, а не прифатена, Уставниот суд ќе можеше аргументирано да се произнесе во смисла на потврдување на сомнежот или за негово исклучување. Ова од причини што, како што наведов, и со дејствије може да се изврши повреда на конкретно уставно право или слобода. Горното, не случајно се нагласува. Согласно одредбите на Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ 58/2006) носителот на судска функција или на обвинителска функција треба да се воздржува, и тоа секогаш, како во истражана така и во кривичната постапка од изјави или други дејствија со кои може да се манифестира неговата определба или евентуално да се прејудицира обвинителна или судска одлука. Во оваа смисла се јасни одредбите содржани во член 75 и член 77 од Законот за судовите.

Поради изложеното следуваше да го образложам издвоеното мислење како погоре.

Судија на Уставниот суд,
Д-р Осман Кадриу

Решение У.бр.316/2020