Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска присуствуваше на одбележувањето на 100 годишнината од донесувањето на првиот Устав на Република Романија. Во рамки на јубилејот се одржа меѓународна конференција кадешто повеќе oд 15 говорници упатија пораки унапредување на владеењето на правото и човековите слободи и права.
Претседателот на Уставниот суд на Романија, Мариан Еначе истакна дека „Секој Устав, како врховен општествен договор што го регулира општествено-политичкиот систем, мора да воспостави рамнотежа, да ја обезбеди пропорционалноста меѓу државната власт и слободата како на вродена универзална вредност на човечкото битие, на правните и уставниот статус на секој граѓанин и ограничување на овластувањата на државата во однос на своите граѓани.”
Пораки за негување на уставните вредности и унапредување на човековите слободи и права упатија и претседателите на Венецијанска комисија и Судот на правдата на ЕУ, Клер Бејзи Малаурие и Коен Ленертс.
За време на престојот во Романија претседателката Добрила Кацарска оствари средба со Мухарем Меџити, в.д. Амбасадор на Република Северна Македонија во Романија.
На чествувањето на стогодишниот јубилеј во Романија од 26 до 29 март 2023 година присуствуваа Добрила Кацарска претседателка на Уставниот суд и Христина Беловска, портпарол и советник на Судот за односи со јавност.