У.бр.66/2022

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 7 март 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 109 став 3 во делот „Предност имаат кандидати со звање ментор и советник“ од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019 и 229/2020).

2. Јашар Касами од Тетово, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста на делот од одредбата на членот од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Подносителот во иницијативата наведува дека во член 109 став 3 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019 и 229/2020) се пропишани условите кои треба да ги исполнува наставникот за да може да биде избран, односно именуван за директор на училиште.

Според подносителот тоа што го прави овој член од Законот да биде противуставен е делот кој гласи „Предност имаат кандидати со звање ментор и советник“. Притоа се наведува дека предноста која се дава на наставниците со звање наставник-ментор или наставник-советник како кандидати за директор на училиште, ги обесправува сите други наставници кои ги исполнуваат сите останати услови пропишани со член 109 став 3 од Законот, но не биле во можност да се стекнат со звање.

Во иницијативата се наведува дека наставниците кои ги исполнуваат условите предвидени во оспорената одредба практично не можат да се стекнат со звањата наставник-ментор или наставник-советник за краток период.
Според наводите во иницијативата, условите за стекнување со наведеното звање, се пропишани во членовите 33 и 34 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта (Службен весник на Република Северна Македонија“, број 161/2019), при што истите се цитирани од страна на иницијаторот.

Исто така, се наведува дека членовите 33 и 34 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта, прв пат почнале да се применуваат од јуни 2021 година.

Подносителот наведува дека оспорената одредба создава можност за рушење на владеењето на правото и за можна дискриминација во основното образование, ако биде применета во корелација со член 32 став 4 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта.

Имено, во член 32 став 4 од наведениот закон се предвидува дека бројот на наставници кои може да се стекнат со звања наставник-ментор или наставник-советник за секоја општина, општина во Градот Скопје, односно Град Скопје за секоја фискална година го определува министерот, по претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија, а со ова се придонесувало лицата избрани за директори да бидат и партиски определени уште при постапката за стекнување на звање.

Според подносителот, со оспорената одредба сите наставници кои конкурираат за директор на училиште, а немаат стекнато звање биле обесправени и ставени во понеповолна положба.

Со тоа, се наведува понатаму, оспорената одредба е во спротивност со член 9 од Уставот бидејќи со истата е нарушена еднаквоста на граѓаните наставници кои ги исполнуваат сите пропишани услови за избор на директор на основното училиште.

Во иницијативата се наведува дека став 3 од член 109 од Законот за основното образование самиот по себе содржи контрадикторност од причина што како еден од наведените услови е наставникот да има најмалку 5 години работно искуство во воспитно-образовна работа, додека последната реченица со која се дава предност на наставникот-ментор или наставникот-советник, значи дека е потребно работно искуство од 7, односно 9 години.

Оспорената одредба, според подносителот на иницијативата, исто така е дискриминаторска кон другите наставници кои досега немале можност да се стекнат со звање, а ги исполнуваат предвидените услови за директор.

Во иницијативата се наведува дека голем број наставници кои имаат и по 30 години работно искуство сẻ уште немале можност да се стекнат со звање ментор или советник од причина што бројот на наставници кои можат да се стекнат со звање е ограничен, а со тоа истиот е под контрола на Министерството за образование и наука.
Според наводите во иницијативата со оспорената одредба се врши намерна повреда на правото во полза на една помала група граѓани.

Имајќи ги предвид наведените причини, подносителот на иницијативата бара Уставниот суд да поведе постапка за оцена на уставноста на оспорената одредба, и истата да ја укине.

3. Судот на седницата утврди дека со член 109 став 1 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“, број 161/2019 и 229/2020) се пропишува дека орган на раководење во основното училиште е директорот. Ставот 2 од овој член предвидува дека директорот е одговорен за законитоста во работата и за материјално-финансиското работење на училиштето. Во став 3 од истиот член се наведува дека за директор на основно училиште може да се избере лице кое има најмалку високо образование и кое ги исполнува условите за наставник или стручен соработник во основно училиште и ако има најмалку пет години работно искуство во воспитно-образовната работа, положен испит за директор на основно училиште и во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2). Предност имаат кандидати со звање ментор и советник. Согласно став 4 од истиот член е предвидено доколку се нема пријавено кандидат со положен испит за директор, за директор може да биде избрано и лице кое не положило испит за директор, но е должно истиот да го положи во рок од една година од денот на изборот за директор.

Во став 5 од овој член се наведува дека ако избраниот директор не го положи испитот за директор во рокот утврден во ставот 4, му престанува мандатот на директор. Согласно став 6 мандатот на директорот трае четири години. Во став 7 се предвидува дека на наставник или стручен соработник кој е избран за директор на основно училиште му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата директор на основно училиште и има право во рок од 15 дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа во училиштето, односно установата каде работел пред да биде избран за директор, за вршење на работи кои одговараат на неговиот вид и степен на стручна подготовка. Додека во став 8 од истиот член се наведува дека ако за наставникот или стручниот соработник од став 7 на овој член, нема слободно работно место каде што работел пред да биде избран за директор, наставникот или стручниот соработник се распоредува и заснова работен однос на неопределено работно време на соодветно работно место за вршење работи кои одговараат на неговиот вид на стручна подготовка, во друго училиште на подрачјето на општината, односно општините во Градот Скопје.

4. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во член 9 од Уставот, предвидено е дека граѓаните во Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 23 од Уставот се предвидува дека секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.

Согласно член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.

Според член 44 од Уставот секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.

Во член 51 од Уставот е предвидено дека во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и законот. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Ре­публика Север­на Македонија, Устав­ниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Од наведените уставни одредби произлегува дека правото на образование како комплексно прашање Уставот го уредува само начелно, оставајќи го неговото поблиско уредување со закон. Врз основа на изнесеното, неспорно е дека Собранието на Република Северна Македонија, како носител на законодавната власт, може да донесува закони, меѓу другото и за уредување на прашања и односи поврзани со остварување на уставно утврденото право на основно образование, кое е задолжително. Во рамките на уредувањето на овие прашања, законодавецот има и легитимно право да ги пропише условите под кои се изведува воспитно-образовниот процес во основното образование, да го уреди управувањето и раководењето со училиштата, а во таа смисла да ги утврди и условите кои треба да ги исполнува лицето за вршење на функцијата директор во основно училиште.

Со оспорениот член 109 став 3 од Законот за основното образование, се регулираат условите кои се потребни за избор на директор на основно училиште на начин што се наведува дека тоа треба да биде лице кое има најмалку високо образование и кое ги исполнува условите за наставник или стручен соработник во основно училиште и ако има најмалку пет години работно искуство во воспитно-образовната работа, положен испит за директор за основно училиште и во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2). Предност имаат кандидати со звање ментор и советник.

Со член 32 став 4 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19) се предвидува дека бројот на наставници кои може да се стекнат со звања наставник-ментор или наставник-советник за секоја општина, општина во Градот Скопје, односно Град Скопје за секоја фискална година го определува министерот, по претходна согласност од Владата на Република Северна Македонија.

Согласно член 33 став 1 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта, наставник може да напредува во звање наставник-ментор доколку има најмалку седум години работно искуство како наставник, е вработен на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор.

Согласно член 34 став 1 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта, наставник-ментор може да напредува во звање наставник-советник доколку има најмалку девет години работно искуство, од кои три години во звањето наставник-ментор и ги исполнува професионалните стандарди за наставник-советник.

Тргнувајќи од анализата на уставните и законските одредби произлегува дека законодавецот во рамките на уставното овластување, има право во зависност од развојот на општествените и економските односи, да ги уредува односите во основното образование, во насока за која оценил дека е целисходно. Исто така, законодавецот е обврзан да го почитува уставното начело на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите, што во суштина значи обврска на законодавецот во законот да утврди исти услови под кои граѓаните ќе ги остваруваат своите слободи, права и должности, без притоа да се прави разлика помеѓу граѓаните по основ на пол, раса, боја на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Од аспект на погоре наведените уставни принципи, законодавецот ги утврдил условите, односно критериумите за избор на директор на основно училиште, со што овозможил достапност на ова работно место под еднакви услови за сите, што е негова уставна обврска, поради што не може да се прифати наводот дека со тоа се врши дискриминација и повреда на економските, социјалните и културните права на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот.

Наводите во иницијативата, според кои со оспорениот член од Законот за основно образование се повредува начелото на еднаквост на граѓаните, како и достапноста на секое работно место се неосновани. Ова од причина што прокламираното уставно начело на еднаквост на граѓаните во суштинска смисла значи и обврска на законодавецот да ги утврдува условите под кои граѓаните ќе ги остваруваат своите права без да се прави разлика помеѓу нив по основ на пол, национална припадност и други основи утврдени во член 9 став 1 од Уставот.

Оттука, право е на законодавецот со закон да ги пропише условите кои треба да ги исполнува секој кандидат за избор на директор на основно училиште. Токму врз основа на ова законодавецот ги определил правата и обврските коишто подеднакво се однесуваат за сите граѓани без да се издвојат како привилегирани едни во однос на други.

Судот оцени дека оспорениот дел од одредбата на членот од Законот не имплицира повреда на член 9 од Уставот, бидејќи секому му е дадена можноста да конкурира на оглас за именување на директор на основно училиште според предвидените законски услови, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Уредувањето на условите за избор на директор на основно училиште од страна на законодавецот, не значи дека со тоа се врши некаков вид на дискриминација на одредена група граѓани, како што се наведува во иницијативата, бидејќи со ова законско решение законодавецот се стреми кон поквалитетно образование, што значи оспорениот дел од одредбата од членот од Законот не е во спротивност со член 32 став 1 од Уставот.

Имено, со оспорената одредба не се исклучува можноста кое и да е лице пријавено, да биде избрано за директор, односно дека може да биде и лице кое нема стекнато звање ментор или советник.

Меѓутоа, од суштинско значење е дека при избор на директор на училиште треба да се имаат предвид квалитетите на кандидатите, во однос на сите услови предвидени со закон, а со тоа да се избере најадекватниот кандидат.

Во интерес на квалитетот на образовниот процес, а во смисла на член 44 од Уставот, законодавецот со донесувањето на оспорената одредба имал за цел да придонесе во поквалитетно образование.

Со уредувањето во оспорената норма со која се дава предност на лицата кои се стекнале со звање ментор или советник, Судот оцени дека не се повредува принципот на владеење на правото од член 8 од Уставот, поради фактот што законодавецот при утврдување на условите пред сẻ го имал предвид квалитетот на воспитно-образовниот процес. Како што и претходно беше нагласено, фактот што се дава предност на лицата кои се стекнале со звање ментор или советник, не претставува императив при изборот на кандидат за директор во основно училиште.

Законодавецот оценил дека за успешно извршување на должноста директор на основно училиште, како и за унапредување на воспитно-образовната дејност во училиштето, се потребни дополнителни професионални и стручни особини. Тие дополнителни професионални и стручни особини се потврдени во транспарентна постапка за стекнување на звањата ментор и советник.

За таа цел, законодавецот предвидел законска одредба со која се пропишува дека од пријавените кандидати, предност ќе имаат тие кои се стекнале со звање ментор или советник.

Особено е важно што овој услов уште повеќе упатува на квалитет, стручност и други квалификации кои ја потврдуваат интенцијата на законодавецот да во изборот на директор во основно училиште, предност имаат кадри кои се со особена стручност и знаење што е значајно во вршењето на функцијата директор.

Овој услов е во интерес на остварувањето на воспитно-образовниот процес во училиштата којшто е и уставно загарантиран.

Имајќи ги предвид изнесените уставни и законски одредби и врз основа на уставно-судската анализа на оспорената одредба, Судот оцени дека не може да се доведе под сомнение по однос на согласноста со Уставот од аспект на наводите во иницијативата.

5. Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.66/2022
07.03.2023 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 7 mars 2023 miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 109 paragrafi 3 në pjesën „Përparësi kanë kandidatët me titull mentor dhe këshilltar” nga Ligji për arsimin fillorë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.161/2019 dhe 229/2020).

2. Jashar Kasami nga Tetova, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka dërguar iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së pjesës së dispozitës së nenit të Ligjit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

Parashtruesi në iniciativë thekson se në nenin 109 paragrafi 3 të Ligjit për arsimin fillor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut”, numër 161/2019 dhe 229/2020) janë përcaktuar kushtet që duhet t’i plotësojë mësimdhënësi që të mund të përzgjidhet, respektivisht të emërohet drejtor shkolle.

Sipas parashtruesit, ajo që e bën antikushtetues këtë nen të Ligjit është pjesa ku thuhet “Përparësi kanë kandidatët me titull mentor dhe këshilltar”. Thuhet se përparësia që u jepet mësimdhënësve me titullin mësimdhënës-mentor ose mësimdhënës-këshilltar si kandidatë për drejtor shkolle, skualifikon të gjithë mësimdhënësit e tjerë të cilët i plotësojnë të gjitha kushtet e tjera të parapara me nenin 109 paragrafi 3 të Ligjit, por që nuk kanë pasur mundësi të fitojnë një titull.

Në iniciativë thuhet se mësimdhënësit që plotësojnë kushtet e parashikuara në dispozitën kontestimore, praktikisht nuk mund të fitojnë titullin mësimdhënës-mentor ose mësimdhënës-këshilltar për një periudhë të shkurtër kohore.

Sipas pohimeve në iniciativë, kushtet për fitimin e titullit në fjalë janë të përcaktuara në nenet 33 dhe 34 të Ligjit për mësimdhënës dhe bashkëpunëtorët profesional në shkollat fillore dhe të mesme (Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut, numër 161/2019), me çka të njëjtat janë cituar nga iniciatori.
Gjithashtu thuhet se nenet 33 dhe 34 të Ligjit për mësimdhënësit dhe bashkëpunëtorët profesional në shkollat fillore dhe të mesme do të zbatohen për herë të parë nga qershori i vitit 2021.

Parashtruesi thekson se dispozita e kontestuar krijon mundësinë e shkeljes së sundimit të së drejtës dhe diskriminimit të mundshëm në arsimin fillor, nëse zbatohet në korrelacion me nenin 32 paragrafi 4 i Ligjit për mësimdhënësit dhe bashkëpunëtorët profesional në shkollat fillore dhe të mesme.

Konkretisht, në nenin 32 paragrafi 4 i këtij ligji, është përcaktuar se numri i mësimdhënësve që mund të fitojnë titullin mësimdhënës-mentor ose mësimdhënës-këshilltar për secilën komunë, komunën në qytetin e Shkupit, gjegjësisht Qytetin e Shkupit për çdo vit fiskal caktohet nga ministri, pas pëlqimit paraprak nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut, dhe kjo ka ndikuar që personat e zgjedhur për drejtorë të jenë edhe përkrahës të partisë edhe gjatë procedurës së fitimit të titullit.

Sipas parashtruesit, me dispozitën e kontestuar, të gjithë mësimdhënësit që kanë konkurruar për drejtor të shkollës, dhe nuk kanë fituar tutull u është marrë e drejta dhe janë vënë në pozitë të pafavolitshme.

Me këtë, thuhet tutje, dispozita e kontestuar është në kundërshtim me nenin 9 të Kushtetutës sepse cënon barazinë e arsimtarëve qytetarë të cilët i plotësojnë të gjitha kushtet e parapara për zgjedhjen e drejtorit të shkollës fillore.

Në iniciativë thuhet se paragrafi 3 i nenit 109 të Ligjit për arsimin fillorë përmban një kontradiktë në vetvete sepse një nga kushtet e cekura është që mësimdhënësi të ketë të paktën 5 vjet përvojë pune në punën edukativo-arsimore, ndërsa fjalia e fundit e cila i jep përparësi mësimdhënësit-mentor ose mësimdhënësit-këshilltarit, do të thotë se nevojitet përvojë pune prej 7 ose 9 vjet.

Dispozita e kontestuar, sipas parashtruesit të iniciativës, gjithashtu është diskriminuese ndaj mësimdhënësve të tjerë që nuk kanë pasur mundësi të fitojnë titull deri më tani, dhe që plotësojnë kushtet e parapara për drejtor.

Në iniciativë thuhet se një numër i madh i mësimdhënësve që kanë edhe nga 30 vite përvojë pune nuk kanë pasur ende mundësi të fitojnë titullin mentor apo këshilltar për shkak se numri i mësuesve që mund të fitojnë titullin është i kufizuar dhe kështu i njëjti është nën kontrollin e Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës.

Sipas pretendimeve në iniciativë, me dispozitën e kontestuar bëhet shkelje e qëllimshme e së drejtës në favor të një grupi më të vogël të qytetarëve.

Duke marrë parasysh arsyet e deklaruara, parashtruei kërkon që Gjykata Kushtetuese të nisë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së kontestuar dhe shfuqizimin e saj.

3. Gjykata në seancë konstatoi se neni 109 paragrafi 1 i Ligjit për arsimin fillor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut”, numër 161/2019 dhe 229/2020) parasheh se drejtori është organi udhëheqës i shkollës fillore. Në paragrafin 2 të këtij neni përcaktohet se drejtori është përgjegjës për ligjshmërinë në punë dhe për funksionimin material e financiar të shkollës. Në paragrafin 3 të të njëjtit nen thuhet se personi që ka së paku arsim të lartë dhe që i plotëson kushtet për mësimdhënës ose bashkëpunëtor profesional në shkollë fillore dhe që ka së paku pesë vjet përvojë pune në punën edukativo-arsimore, ka dhënë provimin për drejtor të shkollës fillore dhe në momentin e emërimit me aktgjykim të plotfuqishëm gjyqësorë nuk i është shqiptuar dënim ose sanksion kundërvajtës me ndalimin e ushtrimit të profesionit, veprimtarisë ose detyrës, të ketë një certifikatë adekuate, jo më të vjetër se pesë vjet, për njohjen e gjuhës angleze TOEFL IBT – të paktën 30 pikë, IELTS – të paktën 3 pikë, BULATS – të paktën 20 pikë ose KET (Cambridge English) – të kaluar ose APTIS – të paktën niveli B2 ( B2). Përparësi kanë kandidatët me titull mentor dhe këshilltar. Sipas paragrafit 4 të të njëjtit nen është paraparë nëse nuk ka kandidat të paraqitur që e ka dhënë provimin për drejtor, drejtor mund të zgjidhet edhe personi që nuk e ka dhënë provimin për drejtor, por që është i obliguar të njëjtin ta kalojë në afat prej një viti nga dita e zgjedhjes për drejtor.

Në paragrafin 5 të këtij neni thuhet se nëse drejtori i zgjedhur nuk e kalon provimin për drejtor në afatin e përcaktuar në paragrafin 4, i mbaron mandati si drejtor. Në pajtim me paragrafin 6, mandati i drejtorit zgjat katër vjet. Në paragrafin 7 parashihet se mësuesit ose bashkëpunëtorit profesional që është zgjedhur për drejtor të shkollës fillore i pezullohet marrëdhënia e punës gjatë kryerjes së detyrës drejtor i shkollës fillore dhe ka të drejtë, brenda 15 ditëve pas përfundimit të funksionit që e ka kryer, të kthehet në punë në shkollën, ose institucionin ku punonte para se të zgjidhej drejtor, për të kryer detyra që i përgjigjen llojit dhe nivelit të përgatitjes profesionale. Ndërsa në paragrafin 8 të të njëjtit nen thuhet se nëse për mësimdhënësin apo bashkëpunëtorin profesional nga paragrafi 7 i këtij neni nuk ka vend të lirë pune aty ku ka punuar para se të zgjidhet drejtor, mësimdhënësi apo bashkëpunëtori profesional caktohet dhe themelon marrëdhënie pune me kohë të pacaktuar në vend pune të përshtatshëm për kryerjen e punëve që i përgjigjen llojit të përgatitjes së tij profesionale, në shkollë tjetër në rajonin e komunës, përkatësisht në komunat e Qytetit të Shkupit.

4. Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i të drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në nenin 9 të Kushtetutës, parashikohet se qytetarët në Republikën e Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liritë dhe të drejta pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe shoqërore, besimit politik dhe fetar, pozitës pronësore dhe shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.

Me nenin 23 të Kushtetutës përcaktohet se çdo qytetar ka të drejtë të marrë pjesë në kryerjen e funksioneve publike.

Në pajtim me nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, realizimi i të drejtave të punëtorëve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe marrëveshje kolektive.

Sipas nenit 44 të Kushtetutës, çdokush ka të drejtën e arsimimit. Arsimi është i disponueshëm për të gjithë në kushte të barabarta. Arsimi fillor është i detyrueshëm dhe pa pagesë.

Në nenin 51 të Kushtetutës parashihet se në Republikën e Maqedonisë ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 110 alineja 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.

Nga dispozitat e përmendura kushtetuese del se të drejtën e arsimimit si çështje komplekse Kushtetuta e rregullon vetëm parimisht, duke e lënë rregullimin e saj më të ngushtë me ligj. Në bazë të lartëpërmendurës është e padiskutueshme se Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, si bartës i pushtetit legjislativ, mund të miratojë ligje, ndër të tjera, për rregullimin e çështjeve dhe marrëdhënieve që kanë të bëjnë me realizimin e të drejtës së përcaktuar me kushtetutë të arsimit fillorë i cili është i detyrueshëm. Në kuadër të rregullimit të këtyre çështjeve, ligjvënësi ka të drejtë legjitime të përcaktojë kushtet në të cilat zhvillohet procesi edukativo-arsimorë në arsimin fillorë, të rregullojë udhëheqjen dhe menaxhimin e shkollave dhe në këtë kuptim të përcaktojë kushtet që duhet t’i plotësojë personi për kryerjen e funksionit të drejtorit në një shkollë fillore.

Neni i kontestuar 109 paragrafi 3 i Ligjit për arsimin fillor rregullon kushtet e nevojshme për zgjedhjen e drejtorit të shkollës fillore në atë mënyrë që thuhet se duhet të jetë personi i cili së paku ka arsim të lartë dhe i cili plotëson kërkesat për mësimdhënës ose bashkëpunëtor profesionist në shkollë fillore dhe nëse ka së paku pesë vjet përvojë pune në punë edukative arsimore, ka dhënë provimin për drejtor të shkollës fillore dhe në momentin e emërimit me aktgjykim të plotfuqishëm gjyqësor nuk i është shqiptuar dënim ose sanksion për kundërvajtje, ndalim për ushtrimin e profesionit, veprimtarisë ose detyrës, të ketë certifikatë përkatëse, jo më të vjetër se pesë vjet, për njohjen e gjuhës angleze TOEFL IBT (TOEFL IBT) – të paktën 30 pikë, IELTS (IELTS) – të paktën 3 pikë, BULATS (BULATS) – të paktën 20 pikë ose KET (Cambridge English) – të kaluar, ose APTIS – të paktën niveli B2. Përparësi kanë kandidatët me titull mentor dhe këshilltar.

Me nenin 32 paragrafi 4 të Ligjit për mësimdhënësit dhe bashkëpunëtorë profesionist në shkollat fillore dhe të mesme (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.161/19) përcakton se numri i mësimdhënësve që mund të fitojnë titullin mësimdhënës-mentor ose mësimdhënës – këshilltar për secilën komunë, komunë në qytetin e Shkupit, përkatësisht Qytetin e Shkupit për çdo vit fiskal e cakton ministri, pas pëlqimit paraprak të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në bazë të nenit 33 paragrafi 1 të Ligjit për mësimdhënësit dhe bashkëpunëtorët profesionist në shkollat fillore dhe të mesme, mësimdhënësi mund të avancohet në titullin mësimdhënës-mentor nëse ka së paku shtatë vjet përvojë pune si mësimdhënës, është i punësuar për një periudhë të pacaktuar pune dhe i plotëson standardet profesionale për mësimdhënës-mentor.

Në pajtim me nenin 34 paragrafi 1 të Ligjit për mësimdhënësit dhe bashkëpunëtorët profesionist në shkollat fillore dhe të mesme, mësimdhënësi-mentor mund të avancohet në titullin mësimdhënës-këshilltar nëse ka së paku nëntë vjet përvojë pune, nga të cilat tre vjet në titullin mësimdhënës-mentor dhe plotëson kërkesat profesionale standardet për mësimdhënës-këshilltar.

Nisur nga analiza e dispozitave kushtetuese dhe ligjore, rezulton se ligjvënësi, në suaza të autorizimit kushtetues, ka të drejtë, në varësi të zhvillimit të marrëdhënieve shoqërore dhe ekonomike, të rregullojë marrëdhëniet në arsimin fillor, në drejtimin për të cilin ka vlerësuar se është i përshtatshëm. Gjithashtu, ligjvënësi është i obliguar të respektojë parimin kushtetues të barazisë së qytetarëve përpara Kushtetutës dhe ligjeve, që në thelb nënkupton obligimin e ligjvënësit për të vendosur në ligj të njëjtat kushte në të cilat qytetarët do të ushtrojnë liritë, të drejtat dhe detyrat e tyre pa dallim mes qytetarëve në bazë të gjinisë, racës, ngjyrës së lëkurës, origjinës kombëtare dhe shoqërore, besimit politik dhe fetar, pozitës pronësore dhe pozitës shoqërore.

Nga pikëpamja e parimeve kushtetuese të përmendura më sipër, ligjvënësi vendosi kushtet, pra kriteret për zgjedhjen e drejtorit të një shkolle fillore, duke mundësuar kështu disponueshmërinë e këtij pozicioni në kushte të barabarta për të gjithë, që është detyrim i tij kushtetues, prandaj nuk mund të pranohet pretendimi se po bëhet diskriminim dhe cenim i të drejtave ekonomike, sociale dhe kulturore të njeriut dhe qytetarit të garantuara me Kushtetutë.

Janë të pabaza pretendimet në iniciativë, sipas të cilave neni i kontestuar i Ligjit për arsimin fillorë, cenon parimin e barazisë së qytetarëve, si dhe disponueshmërinë e çdo vendi pune. Kjo nga shkaku se parimi i shpallur kushtetues i barazisë së qytetarëve në esencë nënkupton edhe obligimin e ligjvënësit që të përcaktojë kushtet në të cilat qytetarët do të ushtrojnë të drejtat e tyre pa bërë dallimin ndërmjet tyre në bazë të gjinisë, kombësisë dhe arsyeve të tjera të përcaktuara në nenin 9 paragrafi 1 të Kushtetutës.

Pra, është e drejta e ligjvënësit të përcaktojë me ligj kushtet që duhet të plotësojë çdo kandidat për zgjedhjen e drejtorit të një shkolle fillore. Pikërisht mbi këtë bazë ligjvënësi ka përcaktuar të drejtat dhe obligimet që vlejnë njëlloj për të gjithë qytetarët pa i dalluar ata si të privilegjuar në raport me njëri-tjetrin.

Gjykata vlerësoi se pjesa e kontestuar e dispozitës së nenit të ligjit nuk nënkupton shkelje të nenit 9 të Kushtetutës, sepse secilit i jepet mundësia të konkurrojë në konkurs për emërimin e drejtorit të shkollës fillore sipas kushteve të parashikuara ligjore, pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe shoqërore, besimi politik dhe fetar, pozita pronësore dhe shoqërore.

Rregullimi i kushteve për zgjedhjen e drejtorit të shkollës fillore nga ligjvënësi nuk do të thotë se po bën ndonjë lloj diskriminimi ndaj një grupi të caktuar të qytetarëve, siç thuhet në iniciativë, sepse me këtë zgjidhje ligjore ligjvënësi synon drejt arsimimit më cilësor që nënkupton se pjesa e kontestuar e dispozitës nga neni i Ligjit nuk është në kundërshtim me nenin 32 paragrafi 1 të Kushtetutës.

Gjegjësisht, me dispozitën e kontestuat nuk përjashtohet mundësia që për drejtor të zgjidhet çdo person i regjistruar, përkatësisht mund të jetë edhe personi që nuk e ka fituar titullin mentor apo këshilltar.

Megjithatë, me rëndësi esenciale është që me rastin e zgjedhjes së drejtorit të shkollës, të merren parasysh cilësitë e kandidatëve, në raport me të gjitha kushtet e parashikuara me ligj, dhe në këtë mënyrë të zgjidhet kandidati më adekuat.

Në interes të cilësisë së procesit edukativo-arsimor dhe në kuptim të nenit 44 të Kushtetutës, ligjvënësi ka synuar të kontribuojë në arsimin më cilësor duke miratuar dispozitën e kontestuar.

Me rregullimin në normën kontestuese që u jep përparësi personave që kanë fituar titullin e mentorit ose këshilltarit, Gjykata vlerësoi se nuk cenohet parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8 i Kushtetutës, për faktin se ligjvënësi, gjatë përcaktimit të kushteve, para së gjithash ka pasur parasyshë cilësinë e procesit edukativo-arsimor. Siç u theksua edhe më parë, fakti që u jepet përparësi personave që kanë fituar titullin mentor apo këshilltar, nuk paraqet imperativ gjatë zgjedhjes së kandidatit për drejtor në shkollën fillore.

Ligjvënësi vlerësoi se për kryerjen me sukses të detyrës së drejtorit të një shkolle fillore, si dhe për avancimin e veprimtarisë edukativo-arsimore në shkollë nevojiten cilësi shtesë profesionale dhe eksperte. Ato cilësi shtesë profesionale dhe eksperte konfirmohen në një procedurë transparente për marrjen e titujve mentor dhe këshilltar.

Për këtë qëllim, ligjvënësi ka parashikuar një dispozitë ligjore që parashikon se ndër kandidatët e regjistruar, përparësi do të kenë ata që kanë fituar titullin mentor ose këshilltar.

Është veçanërisht e rëndësishme që kjo kërkesë t’i referohet edhe më shumë cilësisë, profesionizmit dhe kualifikimeve të tjera që konfirmojnë synimin e ligjvënësit se në zgjedhjen e drejtorit në një shkollë fillore, përparësi kanë kuadrot që janë me profesionizëm dhe njohuri të veçanta që është e rëndësishme në kryerjen e funksionit drejtor.

Ky kusht është në interes të realizimit të procesit edukativo arsimor në shkolla, i cili është i garantuar me kushtetutë.

Duke marrë parasysh dispozitat kushtetuese dhe ligjore të paraqitura dhe në bazë të analizës kushtetuese-gjyqësore të dispozitës së kontestuar, Gjykata vlerësoi se nuk mund të vihet në pikëpyetje për sa i përket përputhshmërisë me Kushtetutën nga pikëpamja e pretendimeve në iniciativë.

5. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.

6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.66/2022
07.03.2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska