У.бр.2/2023

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 7 март 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 12 став 1 алинеја 3, член 12 став 2 вo делот „претставници во собранието на АКРСМ”, член 14 ставовите 2, 3, 4, 5 и 6, член 15 став 2 во делот „повеќе од 1/3 од претставниците на Собранието или”, член 17 и член 36 во делот „од вкупниот број претставници” oд Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.128/2019 од 24.06.2019 година).

2. Александар Ристески, адвокат од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од актот означен во точката 1 од Решението.

Подносителот, во образложението на иницијативата ги навел своите аспекти за наводната спротивност на горенаведените одредби од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија со член 8 став 1 алинеи 3 и 5 од Уставот на Република Северна Македонија, во делот на владеење на правото и политички плурализам и слободните непосредни и демократски избори, како едни од темелните вредности на уставниот поредок и со член 22 став 2 од Уставот со кој е предвидено дека избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Според подносителот на иницијативата оспорените одредби го регулираат начинот на конституирање на Собранието на Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ), кои предвидуваат претставнички, односно делегатски систем на избирање, односно конституирање на Собранието на АКРСМ .

Уставните одредби за политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори, како и за еднаквоста, општоста и непосредноста на избирачкото право и неговото остварување преку слободни избори со тајно гласање, според подносителот на иницијативата не се однесуваат само на начинот на избирање на органите на државната и локалната власт, туку истите претставуваат општи принципи за уставно функционирање во едно демократско општество коишто мора да ги почитуваат сите здруженија на граѓани и други форми, односно облици на здружување.

Понатаму, во иницијативата подносителот ги потенцира член 33 од Законот за адвокатурата во кој е наведено дека адвокатите во Република Северна Македонија се организираат во Адвокатска комора којашто има својство на правно лице и член 53 од Уставот на Република Северна Македонија со кој е регулирано дека адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон. Меѓутоа самостојноста и независноста, според подносителот, во никој случај не означува можност за регулирање на внатрешните односи во АКРСМ, вклучувајќи ги и статутарните одредби на начин кој е во спротивност на Уставот на Република Северна Македонија.

Во сите облици на здружување на граѓаните, подносителот смета, без разлика дали се работи за здружение на граѓани или за еснафска форма на здружување (комора, совет или слично) или сите членови на здружувањето треба да се членови на собранието или членовите на собранието на здружението (здружувањето) треба да се бираат непосредно на демократски избори со тајно гласање, односно да се бираат со употреба на гласачки кутии од страна на сите членови на здружението или комората. Секој друг начин на конституирање на претставничките органи е недемократски и неуставен, бидејќи гласањето не е тајно и секој глас нема еднаква тежина.

Функционирањето на претставничко-делегатскиот систем, односно системот на посредно конституирање на Собранието на АКРСМ, според наводите во иницијативата, претставува голема аномалија од уставен аспект во функционирањето на организацискиот облик на еснафското здружување на адвокатурата во Републиката. Подносителот наведува повеќе примери на аномалии и девијации при изборот на делегатите, како и начинот на функционирањето и организацијата на собирите на адвокатските заедници како во Скопје, така и низ Републиката.

Сẻ додека Собранието на АКРСМ се избира на посреден начин, сẻ дотогаш изборот на Собранието на АКРСМ ќе биде недемократски и неуставен, односно нема да постои еднаквост на гласот на секој адвокат што е член на Адвокатската комора.

Врз основа на горенаведените наводи, подносителот смета дека оспорените одредби од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.128/2019 од 24.06.2019 година) треба да бидат укинати или поништени од страна на Уставниот суд бидејќи истите се во спротивност со член 8 став 1 алинеи 3 и 5 и со член 22 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека согласно оспорениот член 12 став 1 алинеја 3 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.128/2019 од 24.06.2019 година) адвокатската заедница има права и должности да избира свои претставници во органите на АКРСМ, а согласно ставот 3 на истиот член собирот на адвокати на адвокатската заедница (АЗ) избира претседател, заменици претседатели по предлог на претседателот, претставници во собранието на АКРСМ и зазема мислења и дава предлози од интерес за адвокатската заедница (АЗ).

Во член 14 ставовите 2 и 3 е предвидено дека Собранието го сочинуваат претставници на адвокатските заедници. Во Собранието се избира по еден претставник за секои десет адвокати од една адвокатска заедница (АЗ), а ако преостанатиот број на членови на адвокатската заедница (АЗ) е поголем од пет се избира уште еден претставник. Во ставовите 4 и 5 е регулирано дека бројот на претставниците во Собранието, се утврдува согласно став 3 од овој член заклучно со први јануари во годината во која престанува мандатот на избраните претставници. Одлуката од став 4 на овој член ја донесува Управниот одбор и за истата ја известува адвокатската заедница (АЗ) додека во оспорениот став 6 претставниците во Собранието на АКРСМ, адвокатската заедница (АЗ) ги избираат најдоцна шеесет дена пред истекот на мандатот на претходно избраните претставници.

Според член 15 став 2 од Статутот, Собранието задолжително ќе се свика ако тоа го побараат со писмено барање повеќе од 1/3 од претставниците на Собранието, или десет адвокатски заедници, или најмалку триста адвокати поединечно.

Во оспорениот член 17 од Статутот е уредено дека претставниците на Собранието се известуваат за закажаната седница на Собранието најмалку 15 дена пред денот на нејзиното одржување, а во итни случаи може и во покус рок.

Членот 36 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија предвидува дека Статутот и Кодексот на адвокатската етика ги донесува Собранието на Комората со мнозинство гласови од вкупниот број претставници.

4. Согласно член 8 став 1 алинеи 3 и 5 од Уставот, владеењето на правото, политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна
Македонија.

Во член 22 став 2 од Уставот е регулирано дека избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Со член 51 од Уставот е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно член 53 од Уставот, адвокатурата е јавна служба што обезбедува правна помош, при што таа јавна служба е самостојна и независна и врши јавни овластувања кои и се доверени со закон.

Со член 2 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр 59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/2011, 113/2012 и 148/2015) адвокатурата е дефинирана како самостојна и независна јавна служба која единствено обезбедува и дава правна помош согласно овој и друг закон. Адвокатите вршат јавни овластувања во согласност со овој и други закони.

Во член 5 од Законот е утврдено дека самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба се остварува со слободно и независно вршење на адвокатската дејност, слободен избор на адвокатот, организирање на адвокатите во Адвокатска комора и нејзино финансирање, автономно донесување на акти за работа на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и нејзините органи и запишување и бришење од Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници, Именикот на адвокатските приправници и донесување на Кодекс на адвокатската етика.

Според член 34 став 2 точка 6 од Законот, Адвокатската комора на Република Северна Македонија донесува акти на Комората.

Со член 37 од Законот се утврдува дека со Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија се уредуваат, особено: делокругот, организацијата и работата на органите на Комората, начинот и постапката за упис во Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници, органите што ја водат дисциплинската постапка и нивната надлежност и постапката за изрекување дисциплинска мерка, актите и постапката за нивно донесување, водење на Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници и правата и должностите на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници, како и одредбите за осигурување на адвокатите од одговорност за штета.

Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.128 /2019 од 24.06.2019 година.

Со член 1 од Статутот се уредуваат јавните овластувања, делокругот на работа, организацијата и работата на Адвокатската комора на Република Северна Македонија (во натамошниот текст Комората), нејзините органи и тела, општите акти и постапката за нивно донесување, начинот и постапката за прием, упис и бришење од Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници, правата и должностите на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници, постапката за издавање и одземање на лиценца, постапката за полагање на адвокатски испит, услови за осигурување од одговорност за адвокатот и адвокатското друштво од штета, финансирање на Комората и други прашања.

Според член 33 од Статутот, општи акти на Комората се: Статут на Комората, Кодекс на адвокатската етика, Тарифа за награда и надоместок за трошоците на адвокатите, Правилник за дисциплинска одговорност, деловници за работа на органи и тела на Комората, правилници и одлуки и други акти кои имаат карактер на општи акти.

Согласно член 34 од Статутот, актите на Комората мора да бидат во согласност со Уставот, Законот за адвокатурата и другите закони.

Од анализата на цитираните уставни и законски одредби наспроти наводите во иницијативата, Судот оцени дека истите се неосновани, од следниве причини:

Организационата поставеност и самото функционирање на Комората се темели на основање на адвокатски заедници (АЗ) на подрачјето на основните судови во Република Северна Македонија, освен за подрачјето на основните судови на Град Скопје каде што се основаат четири адвокатски заедници. Управниот одбор на комората со одлука го определува бројот и припадноста на адвокатите на адвокатските заедници. Адвокатските заедници, во кои членуваат сите адвокати запишани во Именикот на адвокатите соодветно на судското подрачје на кое се наоѓа седиштето на канцеларијата имаат статутарни права и должности, наведени во член 12, да избираат претседател на адвокатската заедница (АЗ), да се грижат за угледот и достоинството на адвокатурата како професија да избираат свои претставници во органите на АКРСМ, разгледуваат прашања и даваат мислења до органите на Комората, комуницираат со судовите и соработуваат со други адвокатски заедници (АЗ). На собирот на адвокати на адвокатските заедници (АЗ) се избира претседател, заменици на претседателот по предлог на претседателот, претставници во собранието на АКРСМ, како и се заземаат мислења и даваат предлози во интерес на адвокатските заедници (АЗ). Со Правилник како понизок акт донесен од УО на АКРСМ поблиску и подетално се разработуваат и утврдуваат правата, должностите и начинот на работа на адвокатските заедници (АЗ).

Согласно статутарните одредби, органи на Комората се: Собрание, Управен одбор, Надзорен одбор, Дисциплински обвинител, Дисциплински суд и Жалбен совет. Собранието на Комората е највисок орган на Комората составен од претставници на адвокатските заедници (АЗ), согласно начинот на утврдување на нивниот број (по еден претставник за секои десет адвокати од една адвокатска заедница, а ако преостанатиот број на членови на адвокатската заедница АЗ е поголем од пет се избира уште еден претставник). Во членовите 14-17 од Статутот прецизно се определени роковите дека заклучно со први јануари во годината во која престанува мандатот на избраните претставници, Управниот одбор треба да го утврди бројот на претставниците во Собранието, за тоа да ги извести адвокатските заедници (АЗ), а адвокатските заедници (АЗ) во рок од шеесет дена пред истекот на мандатот на претходно избраните претставници, ги избираат своите нови претставници во Собранието.

Понатаму, седница на Собранието се одржува најмалку еднаш годишно, во месец мај. Доколку повеќе од 1/3 од претставниците на Собранието или десет адвокатски заедници или најмалку триста адвокати писмено побараат, Собранието задолжително ќе се свика. Најмалку 15 дена пред денот на одржување на закажаната седница, претставниците на Собранието се известуваат за закажаната седница, а во итни случаи може и во покус рок.

Седницата на Собранието се одржува ако на неа присуствуваат мнозинство од вкупниот број на претставници на Собранието, а одлуките се донесуваат ако за нив гласале мнозинство од присутните претставници на Собранието, наведено во член 18 од Статутот. Согласно тоа и Статутот и Кодексот на адвокатската етика ги донесува Собранието на Комората со мнозинство гласови од вкупниот број на претставници, како што е наведено во оспорениот член 36 од Статутот.

Самостојноста и независноста на адвокатурата за внатрешното уредување и носење на акти на комората се операционализира од одредбата на член 53 од Уставот на Република Северна Македонија, преку член 5 на Законот за адвокатура. Според тоа, Законот за адвокатура и дава право на Адвокатската комора, самостојно и автономно да ја уредува организационата поставеност на Комората и самостојно и автономно да ги носи своите акти како што се Статутот, правилниците за работа, како и самиот Кодекс на адвокатска етика.

Подносителот на иницијативата, повикувајќи се на политички плурализам и слободни и непосредни демократски избори како една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија смета дека конституирањето на Собранието како највисок орган на Комората треба да биде на непосредни и демократски избори со учество на сите членови на Комората, согласно член 22 став 2 од Уставот, каде што е предвидено дека избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање, а не на посреден начин преку претставници, односно делегати од секоја адвокатска заедница.

Уставната одредба со која е регулирана адвокатурата како самостојна и автономна, односно независна јавна служба со јавни овластувања оди во прилог на сосема спротивното стојалиште од она што го зазема подносителот на иницијативата, оди во поткрепа на автономијата на адвокатурата самостојно да ја уредува својата внатрешна организација, правила на однесување и постапување.

Уставот на Република Северна Македонија, во ниту една своја одредба не го уредува начинот на избор и организирање на другите правни субјекти во државата. Тоа, пред сẻ би било во спротивност со самите принципи на демократијата. Анализата на наведениот член 22 е во насока дека го пропишува начинот на избор на оние органи на државната власт за кои Уставот пропишува дека се избираат на непосредни избори, како што се Собранието на Република Северна Македонија, Претседателот на Република Северна Македонија, градоначалниците и советите на општините и Градот Скопје, но не и дека истиот модел по аналогија треба да се применува и кај сите правни субјекти, конкретно на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

Тргнувајќи од фактот дека со оспорените одредби од Статутот на АКРСМ се регулира начинот на конституирање на највисокиот орган на Комората – Собранието на АКРСМ, а истовремено дава и можност со понизок акт да се определи под кои услови ќе се уредат правата, должностите и начинот на работа на адвокатските заедници, Судот оцени дека се во согласност со одредбата од член 8 став 1 алинеи 3 и 5, поточно на темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија владеењето на правото и политички плурализам и слободните непосредни и демократски избори, и на член 22 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за адвокатура, па оттука неоснована е иницијативата на подносителот Александар Ристески, адвокат од Скопје, за покренување на постапка за оценка на нивната уставност .

6. Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.2/2023
07.03.2023 год.
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 7 mars 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 12 paragrafi 1 alineja 3, neni 12 paragrafi 2 në pjesën “përfaqësuesit në kuvendin e OARMV-së”, neni 14 paragrafët 2, 3, 4, 5 dhe 6, neni 15 paragrafi 2 në pjesën “më shumë se 1/3 e përfaqësuesve të Kuvendit ose”, neni 17 dhe neni 36 në pjesën “nga numri i përgjithshëm i përfaqësuesve” të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 128/2019, 24.06.2019).

2. Aleksandar Risteski, avokat nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut parashtroi iniciativë për ngritjen e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së aktit të përcaktuar në pikën 1 të Aktvendimit.

Parashtruesi në arsyetim në shpjegimin e iniciativës, i ka theksuar aspektet e tij për kundërshtimin e prtenduar të dispozitave të mësipërme të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 5 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, në pjesën e sundimit të së drejtës dhe pluralizmit politik dhe zgjedhjet e lira të drejtpërdrejta dhe demokratike, si një nga vlerat themelore të rendit kushtetues dhe me nenin 22 paragrafin 2 të Kushtetutës, i cili përcakton se e drejta e votës është e barabartë, e përgjithshme dhe drejtpërdrejtë dhe realizohet me zgjedhje të lira me votim të fshehtë.

Sipas parashtruesit të iniciativës, me dispozitat e kontestuara rregullohet mënyra e konstituimit të Kuvendit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (OARMV), të cilat parashikojnë sistemin përfaqësues, përkatësisht sistemit delegat të zgjedhjes, gjegjësisht konstituimin e Kuvendit të OARMV.

Dispozitat kushtetuese për pluralizmin politik dhe zgjedhjet e lira të drejtpërdrejta dhe demokratike, si dhe për barazinë, përgjithësimin dhe mënyrën e drejtpërdrejtë të së drejtës së zgjedhjes dhe realizimin e saj nëpërmjet zgjedhjeve të lira me votim të fshehtë, sipas parashtruesit të iniciativës, nuk referohen vetëm për mënyrën e zgjedhjes së organeve të pushtetit shtetëror dhe lokal por të njëtat paraqesin parime të përgjithshme për funksionimin kushtetues në një shoqëri demokratike të cilat duhet të respektohen nga të gjitha shoqatat e qytetarëve dhe format e tjera, respektivisht format e shoqërisë.

Më tej, në iniciativë, parashtruesi i kërkesës thekson nenin 33 të Ligjit për Avokatinë, në të cilin theksohet se avokatët në Republikën e Maqedonisë së Veriut janë të organizuar në Oda të Avokatëve, e cila ka cilësinë e personit juridik dhe nenin 53 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut me të cilin rregullohet se avokatia është shërbim publik i mëvetësishëm dhe i pavarur që ofron ndihmë juridike dhe ushtron kompetenca publike në pajtim me ligjin. Megjithatë, mëvetësia dhe pavarësia, sipas parashtruesit, në asnjë mënyrë nuk nënkupton mundësinë e rregullimit të marrëdhënieve të brendshme në OARMV, duke përfshirë dispozitat statutore në një mënyrë që bie ndesh me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në të gjitha format e bashkimit të qytetarëve, parashtruesi konsideron, pavarësisht nëse bëhet fjalë për shoqatë të qytetarëve apo për formë të shoqatës së esnafëve (dhomë, këshill apo të ngjashme) apo të gjithë anëtarët e komunitetit duhet të jenë anëtarë të kuvendit apo anëtari i kuvendit të komunitetit (shoqatës) duhet të zgjidhet drejtpërdrejt në zgjedhjet demokratike me votim të fshehtë, gjegjësisht të zgjidhen duke përdorur kutitë e votimit nga të gjithë anëtarët e komunitetit ose dhomës. Çdo mënyrë tjetër e konstituimit të organeve përfaqësuese është jodemokratike dhe antikushtetuese, sepse votimi nuk është i fshehtë dhe secila votë nuk ka peshë të barabartë.

Funksionimi i sistemit përfaqësues-delegat, përkatësisht i sistemit të konstituimit të ndërmjetëm të Kuvendit së OARMV-së, sipas pretendimeve në iniciativë, paraqet një anomali të madhe nga pikëpamja kushtetuese në funksionimin e formës organizative të komunitetit esnaf të avokaturës në Republikë. Parashtruesi përmend disa shembuj të anomalive dhe devijimeve në përzgjedhjen e delegatëve, si dhe mënyrën e funksionimit dhe organizimit të takimeve të bashkësive të avokatëve si në Shkup ashtu edhe në mbarë Republikën.

Përderisa Kuvendi i OARMV-së zgjidhet në mënyrë indirekte, deri atëherë zgjedhja e Kuvendit të OARMV-së do të jetë jodemokratike dhe antikushtetuese, gjegjësisht nuk do të ketë barazi të votave për çdo avokat që është anëtar i Odës së Avokatëve.

Bazuar në pretendimet e mësipërme, parashtruesi konsideron se dispozitat e kontestuara të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 128/2019, nga 24.06.2019) duhet të shfuqizohen ose të anulohen nga Gjykata Kushtetuese sepse janë në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 5 dhe me nenin 22 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

3. Gjykata në seancë përcaktoi se në pajtim me nenin e kontestuar 12 paragrafi 1 alineja 3 të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.128/2019, nga 24.06.2019) Komuniteti i avokatëve ka të drejta dhe detyra të zgjedhë përfaqësuesit e tij në organet e OARMV-së, dhe sipas paragrafit 3 të të njëjtit nen, mbledhja e avokatëve të Komunitetit të Avokatëve (KA) zgjedh kryetarin, nënkryetarët me propozimin e kryetarit, përfaqësuesve në kuvendin e OARMV-së dhe merr mendime dhe bën propozime me interes për komunitetin e avokatëve (KA).

Në nenin 14, paragrafët 2 dhe 3, parashikohet se Kuvendi përbëhet nga përfaqësues të Komuniteteve të Avokatëve. Në Kuvend zgjidhet nga një përfaqësues për çdo dhjetë avokatë të një komuniteti të Avokatëve (KA), dhe nëse numri i mbetur i anëtarëve të Komunitetit të Avokatëve (KA) është më i madh se pesë, zgjidhet një përfaqësues më shumë. Në paragrafët 4 dhe 5, rregullohet se numri i përfaqësuesve në Kuvend caktohet në përputhje me paragrafin 3 të këtij neni nga 1 janari i vitit në të cilin mbaron mandati i përfaqësuesve të zgjedhur. Vendimin nga paragrafi 4 i këtij neni e merr Këshilli Drejtues dhe për të njoftohet Komuniteti i Avokatëve (KA), ndërsa në paragrafin 6 kontestues përfaqësuesit në Kuvendin e OARMV-së, komuniteti i avokatëve (KA) i zgjedh më së voni gjashtëdhjetë ditë para skadimit të mandatit të përfaqësuesve të zgjedhur më parë.

Sipas nenit 15 paragrafi 2 i Statutit, Kuvendi domosdoshmërisht do të konvokohet nëse kërkohet me kërkesë me shkrim nga më shumë se 1/3 e përfaqësuesve të Kuvendit, ose dhjetë komuniteteve të avokatëve, ose së paku treqind avokatëve individualisht.

Në nenin 17 kontestues të Statutit, parashikohet që përfaqësuesit e Kuvendit të njoftohen për mbledhjen e paraparë të Kuvendit së paku 15 ditë para ditës së mbajtjes së saj dhe në raste urgjente ajo mund të bëhet edhe më shpejt.

Neni 36 i Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut përcakton se Statutin dhe Kodin e Etikës së Avokatëve i miraton Kuvendi i Odës me shumicën e votave nga numri i përgjithshëm i përfaqësuesve.

4. Në bazë të nenit 8 paragrafi 1, alinetë 3 dhe 5 të Kushtetutës, sundimi i të drejtës, pluralizmi politik dhe zgjedhjet e lira e demokratike
janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës Maqedonisë së Veriut.

Në nenin 22 paragrafi 2 i Kushtetutës, rregullohet se e drejta e votës është e barabartë, e përgjithshme dhe e drejtpërdrejtë dhe realizohet në zgjedhje të lira me votim të fshehtë.

Neni 51 i Kushtetutës përcakton se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 53 të Kushtetutës, avokatura është një shërbim publik që ofron ndihmë juridike, ndërsa ai shërbim publik është i mëvetësishëm dhe i pavarur dhe kryen autorizime publike që i janë besuar me ligj.

Me nenin 2 të Ligjit për Avokatinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/2011, 113/2012 dhe 148/2015) avokatura definohet si shërbim publik i mëvetësishëm dhe i pavarur që ofron dhe siguron vetëm ndihmë juridike në përputhje me këtë dhe me ligje të tjera. Avokatët kryejnë autorizime publike në përputhje me këtë dhe ligje të tjera.

Në nenin 5 të ligjit, përcaktohet se autonomia dhe pavarësia e profesionit të avokatit si shërbim publik realizohet nga ushtrimi i lirë dhe i pavarur i profesionit të avokatit, zgjedhja e lirë e avokatit, organizimi i avokatëve në Odën e Avokatëve dhe financimi i saj, miratimi autonom i akteve për punën e Odës së Avokatëve Oda e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe organet e saj dhe regjistrimi dhe fshirja nga Lista e emrave të avokatëve, Lista e emrave të shoqërive të avokatëve, Lista e emrave të shoqërisë së avokatëve të huaj, Lista e emrave të bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve, Lista e emrave të avokatëve praktikantë dhe miratimi i Kodit të Etikës së Avokatit.

Sipas nenit 34 paragrafi 2 pika 6 të Ligjit, Oda e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut miraton akte të Odës.

Neni 37 i Ligjit përcakton se Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut rregullon në veçanti: fushëveprimin, organizimin dhe punën e organeve të Odës, mënyrën dhe procedurën e regjistrimit në listën e emrave të avokatëve, Listën e emrave të shoqërive të avokatëve, Listën e emrave të shoqërisë së avokatëve të huaj, Listën e emrave të bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve, Listën e emrave të avokatëve praktikantë, organet që drejtojnë procedurën disiplinore dhe kompetenca e tyre dhe procedura e dhënies së masës disiplinore, aktet dhe procedurën e miratimit të tyre, udhëheqja e listës së emrave të avokatëve, Lista e emrave të shoqërive të avokatëve, Lista e emrave të shoqërisë së avokatëve të huaj, Lista e emrave të bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve, Lista e emrave të avokatëve praktikantë dhe të drejtat dhe detyrat e avokatëve, bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve dhe avokatët praktikantë, si dhe dispozitat për sigurimin e avokatëve nga përgjegjësia për dëmin.

Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 128/2019, datë 24.06.2019.

Neni 1 i Statutit rregullon kompetencat publike, fushëveprimin, organizimin dhe punën e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (në tekstin e mëtejmë Oda), organet dhe trupat e saj, aktet e përgjithshme dhe procedura e miratimit të tyre, mënyra dhe procedura e pranimit, regjistrimi dhe fshirja nga Lista e emrave e avokatëve, Lista e emrave të komunitetit të Avokatëve, Lista e Emrave tëe bashkëpunëtorëve profesionistë ligjorë dhe Lista e Emrave të praktikantëve, të drejtat dhe detyrat e avokatëve, avokatëve bashkëpunëtorë profesionistë dhe avokatëve praktikantë, procedura e dhënies dhe heqjes së licencës, procedura e dhënies së provimit të jurisprudencës, kushtet për sigurimin e përgjegjësisë së avokatit dhe shoqërisë së avokatëve nga dëmi, financimi i Odës dhe çështje të tjera.

Sipas nenit 33 të Statutit, aktet e përgjithshme të Odës janë: Statuti i Odës, Kodi i Etikës së Avokatit, Tarifa e shpërblimit dhe kompensimit të shpenzimeve të avokatëve, Rregullorja për përgjegjësinë disiplinore, rregullorja e punës së organeve dhe trupave të Odës, rregullore dhe vendime dhe akte të tjera që kanë karakter aktesh të përgjithshme.

Sipas nenit 34 të Statutit, aktet e Odës duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, Ligjin për Avokatinë dhe ligje të tjera.

Nga analiza e dispozitave kushtetuese dhe ligjore të cituara kundër pretendimeve në iniciativë, Gjykata vlerësoi se ato janë të pabaza, për arsyet e mëposhtme:

Struktura organizative dhe vetë funksionimi i Odës bazohet në themelimin e Komuniteteve të Avokatëve (KA) në zonën e gjykatave themelore në Republikën e Maqedonisë së Veriut, përveç në zonën e gjykatave themelore të Qytetit të Shkupit, ku janë themeluar katër Komunitete të Avokatëve. Këshilli drejtues i dhomës me vendim përcakton numrin dhe përkatësinë e avokatëve në komunitetet e avokatëve. komunitetet e avokatëve, në të cilat janë anëtarë të gjithë avokatët e regjistruar në Listën e Emrave të Avokatëve, sipas zonës gjyqësore ku ndodhet selia e zyrës, kanë të drejta dhe detyra statutore, të përcaktuara në nenin 12, për të zgjedhur kryetarin e komunitetit të avokatëve (KA), të kujdesen për reputacionin dhe dinjitetin e profesionit të avokatit si profesion për të zgjedhur përfaqësuesit e tyre në organet e OARMV-së, të shqyrtojnë çështjet dhe t’u japin mendime organeve të Odës, të komunikojnë me gjykatat dhe të bashkëpunojnë me komunitetet tjera të avokatëve (KA). Në mbledhjen e avokatëve në komunitetin e avokatëve (KA), zgjidhen kryetari, zëvendëskryetari me propozimin e kryetarit, përfaqësuesit në kuvendin e OARMV-së, si dhe merren mendime dhe bëhen propozime në interes të komunitetit të avokatëve (KA). Me Rregullore, si akt më i ulët i miratuar nga Këshilli i drejtorëve të OARMV-së, elaboron dhe përcakton të drejtat, detyrat dhe mënyrën e punës së komuniteteve të avokatëve (KA) më hollësisht dhe më në detaje.

Në pajtim me dispozitat statutore, organet e Odës janë: Kuvendi, Këshilli Drejtues, Këshilli Mbikëqyrës, prokurori disiplinor, Gjykata Disiplinore dhe Këshilli Ankimorë. Kuvendi i Odës është organi më i lartë i Odës, i përbërë nga përfaqësues të komuniteteve të avokatëve (KA), sipas mënyrës së përcaktimit të numrit të tyre (një përfaqësues për çdo dhjetë avokatë të një komuniteti të avokatëve, dhe nëse numri i mbetur i anëtarëve të komunitetit të avokatëve KA është më i madh se pesë zgjidhet edhe një përfaqësues). Në nenet 14-17 të Statutit janë përcaktuar saktësisht afatet, që nga 1 janari i vitit në të cilin përfundon mandati i përfaqësuesve të zgjedhur, Këshilli Drejtues duhet të përcaktojë numrin e përfaqësuesve në Kuvend, për të informuar komunitetet e avokatëve (KA) ndërsa komunitetet e avokatëve (KA) brenda gjashtëdhjetë ditëve para skadimit të mandatit të përfaqësuesve të zgjedhur më parë, zgjedhin përfaqësuesit e tyre të rinj në Kuvend.

Gjithashtu, seanca e Kuvendit mbahet së paku një herë në vit, në muajin maj. Nëse më shumë se 1/3 e përfaqësuesve të Kuvendit ose dhjetë komuniteteve të avokatëve ose së paku treqind avokatë kërkojnë me shkrim, Kuvendi do të thirret detyrimisht. Për seancën e paraparë njoftohen përfaqësuesit e Kuvendit, së paku 15 ditë para ditës së mbajtjes së seancës së caktuar, e në raste urgjente ajo mund të bëhet edhe në një afat më të shkurtër.

Mbledhja e Kuvendit mbahet nëse në të merr pjesë shumica e numrit të përgjithshëm të përfaqësuesve të Kuvendit, dhe vendimet merren nëse për ta kanë votuar shumica e përfaqësuesve të pranishëm të Kuvendit, të përcaktuar në nenin 18 të Statutit. Rrjedhimisht, si Statuti ashtu edhe Kodi i Etikës së Avokatëve miratohen nga Kuvendi i Dhomës me shumicën e votave nga numri i përgjithshëm i përfaqësuesve, siç thuhet në nenin 36 kontestues të Statutit.

Autonomia dhe pavarësia e Odës për rregullimin e brendshëm dhe miratimin e akteve të dhomës është funksionalizuar me dispozitën e nenit 53 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, përmes nenit 5 të Ligjit për avokatinë. Prandaj, Ligji për avokatinë i jep të drejtën Odës së Avokatëve që në mënyrë të pavarur dhe autonome të rregullojë strukturën organizative të Odës dhe të miratojë në mënyrë të pavarur dhe autonome aktet e veta si që janë: Statuti, rregulloret për punë si dhe vetë Kodeksi i etikës së avokatëve.

Parashtruesi i iniciativës, duke iu referuar pluralizmit politik dhe zgjedhjeve të lira dhe të drejtpërdrejta demokratike si një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, mendon se konstituimi i Kuvendit si organi më i lartë i Odës duhet të jetë në zgjedhje të menjëhershme dhe demokratike me pjesëmarrjen e të gjithë anëtarëve të Odës, në përputhje me nenin 22 paragrafi 2 të Kushtetutës, ku parashikohet se e drejta e votës është e barabartë, e përgjithshme dhe e drejtpërdrejtë dhe ushtrohet në zgjedhje të lira në mënyrë të fshehtë dhe jo me ndërmjetësim, përmes përfaqësuesve, respektivisht delegatëve nga çdo komunitet i avokatëve.

Dispozita kushtetuese që rregullon profesionin e avokatit si një shërbim të pavarur dhe autonom, pra një shërbim publik i pavarur me kompetenca publike, mbështet qëndrimin krejtësisht të kundërt nga ai që ka marrë parashtruesi i iniciativës, mbështet autonominë e profesionit të avokatit për të rregulluar në mënyrë të pavarur organizimin e tij të brendshëm, rregullat e sjelljes dhe të veprimit.

Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut në asnjë dispozitë të saj nuk e rregullon mënyrën e përzgjedhjes dhe organizimit të personave të tjerë juridikë në shtet. Kjo, para së gjithash, do të ishte në kundërshtim me vetë parimet e demokracisë. Analiza e nenit 22 të theksuar është në atë drejtim që parasheh mënyrën e zgjedhjes së atyre organeve të pushtetit shtetëror për të cilat Kushtetuta parasheh që të zgjidhen në zgjedhje të drejtpërdrejta, si Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut, Presidenti i Republikës së Maqedonisë së Veriut, kryetarët e komunave dhe këshillet e komunave dhe Qytetit të Shkupit, por jo që i njëjti model të aplikohet me analogji për të gjitha subjektet juridike, konkretisht për Odën e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Duke u nisur nga fakti se dispozitat e kontestuara të Statutit të OARMV-së rregullojnë mënyrën e konstituimit të organit më të lartë të Odës – Kuvendit të OARMV-së, dhe në të njëjtën kohë ofron mundësinë me akt më të ulët të përcaktohet se në çfarë kushtesh do të rregullohen të drejtat, detyrat dhe mënyra e punës së komuniteteve të avokatëve, Gjykata vlerësoi se janë në përputhje me dispozitën e nenit 8 paragrafi 1 alinetë 3 dhe 5, më saktë me vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimit të së drejtës dhe pluralizmit politik dhe zgjedhjet e lira, të drejtpërdrejta dhe demokratike dhe me nenin 22 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe Ligjit për avokaturën dhe së këndejmi e pa bazë është iniciativa e parashtruesit të kërkesës. Aleksandar Risteski, avokat nga Shkupi, për ngritjen e procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së tyre.

6. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.

7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.2/2023
07.03.2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska