Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 1 март 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 во делот „и 2“ од Законот означен во точката 1 од ова решение.
3. Игорчо Точев од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Според наводите во иницијативата, член 22 став 1 во делот „и 2“ и член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија не се во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Во однос на оспорениот член 22 став 1 во делот „и 2“ од Законот, се наведува дека начелото на владеење на правото подразбира дека во правниот поредок мора да постојат јасни, прецизни и концизни норми. Исто така, кога една одредба упатува на примена на друга одредба, одредбата кон чија примена се упатува неминовно мора да е дел од правниот поредок. Според подносителот, со оспорениот дел од законската одредба тоа не е случај.
Причините на кои го темели овој став, подносителот ги образложува со цитирање на дел од содржината на член 1 од Законот за изменување на Законот за трговија на зелени пазари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2019), кој влегува во сила на 05.02.2019 година, а со кој се менува член 48 од Законот за трговија на зелени пазари („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2018). Конкретно, цитирана е содржината на ставот 8 од член 48 од Законот, која гласи „Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од членот 13 ставови (2), (3) и (4) и одредбите од членот 14 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија” број 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 104/2015, 129/2015 и 53/2016)“.
Од наведеното, според подносителот, неспорно произлегува дека одредбата од член 22 став 1 од Законот за трговија, со оспорениот дел „и 2“ упатува на примена, меѓу другото, и на член 13 став 2 од Законот за трговија, која одредба со влегувањето во сила на Законот за изменување на Законот за трговија на зелени пазари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2019), сметано од 05.02.2019 година, не е повеќе во правниот промет.
Што се однесува до оспорениот член 56 став 1 точка 3 од Законот, причините за уставно проблематизирање на оваа законска одредба се образложуваат со цитирање на нејзината содржина, според која глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност за среден трговец и глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време (член 14 став 3).
Во иницијативата се наведува дека од цитираната содржина на оспорената законска одредба произлегува дека се пропишува прекршочна одговорност за правното лице, односно трговецот поединец доколку не постапи во согласност со член 14 став 3 од Законот за трговија, која одредба престанала да важи со влегувањето во сила на Законот за изменување на Законот за трговија на зелени пазари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2019), сметано од 05.02.2019 година. Тоа значи, се пропишува прекршочна одговорност за повреда на одредба која не е повеќе дел од правниот промет, што може да доведе до забуна во примената, а што не е во согласност со начелото на владеење на правото, утврдено во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Поради наведеното, се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 во делот „и 2“ и член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија, а потоа истите да ги укине како спротивни на Уставот.
4. Судот на седницата утврди дека во став 1 од член 22 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022) е определено дека продавниците, стоковните куќи, трговските центри (молови), самопослугите, магацините, складовите и деловните простории, зелените пазари, посебните пазари на големо и мало, автоплацевите и бензинските станици, определени во членовите 10, 12, 13, 15 и 16 од овој закон за вршење трговија на големо и мало мора да ги исполнуваат минимално техничките услови, како и други услови пропишани со закон, во зависност од видот и начинот за вршење на трговија.
Според член 56 став 1 точка 3 од Законот, глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност за среден трговец и глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време (член 14 став 3).
5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на државата.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите, според член 51 од Уставот.
Собранието на Република Северна Македонија е надлежно да ги донесува законите, според член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот.
Член 48 став 8 од Законот за трговија на зелени пазари („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2019), предвидува дека „Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од членот 13 ставови (2), (3) и (4) и одредбите од членот 14 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија” број 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 104/2015, 129/2015 и 53/2016)“.
Во член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022), е утврдено дека глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност за среден трговец и глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време (член 14 став 3).
Од претходно извршената анализа на одредбите од Законот за трговија на зелени пазари и Законот за трговија, а притоа имајќи ги предвид наводите содржани во иницијативата, според кои оспорената одредба од член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија може да доведе до забуна во примената, а со тоа и повреда на начелото на владеење на правото, утврдено во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, Судот оцени дека истите се основани од следните причини:
Имајќи ја предвид содржината на законското нормирање во член 48 став 8 од Законот за трговија на зелени пазари, произлегува дека оспорената одредба од член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија упатува на примена на одредба која повеќе не е дел од правниот поредок, односно член 14 став 3 од овој закон. Всушност, со оспорената законска одредба се предвидува прекршочна одговорност за правното лице, доколку не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време, односно, доколку не постапи на начин определен во член 14 став 3 од Законот за трговија, одредба која престанала да важи со влегувањето во сила на Законот за трговија на зелени пазари.
Овој факт не се оспорува и од страна на Владата на Република Северна Македонија во доставениот одговор бр. 41.6-10840 од 27.12.2022 година. Според Владата, санкционирањето предвидено со оспорената одредба од член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија е беспредметно.
Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот ја гарантира правната сигурност на граѓаните која од аспект на нормите со кои се регулираат правните односи на субјектите на правото се обезбедува преку јасност, недвосмисленост и прецизност на истите. Тоа значи, во случај кога тие во себе содржат некакво повикување, упатување на друга норма, таа неминовно мора да е дел од правниот поредок за таквото уредување да претставува една логична, правно функционална целина.
При состојба кога со оспорената законска одредба од член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија се утврдува прекршочна одговорност за постапување спротивно на член 14 став 3 од Законот, која одредба не е во правниот поредок, Судот оцени дека оспорената законска одредба би можела да се доведе под сомнение од аспект на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
6. Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2022), член 22 став 1 од овој закон ја добива следната изменета содржина „Продавниците, стоковните куќи, трговските центри (молови), самопослугите, магацините, складовите и деловните простории, зелените пазари, посебните пазари на големо и мало, автоплацевите и бензинските станици, определени во членовите 10, 12, 13, 15 и 16 од овој закон за вршење трговија на големо и мало мора да ги исполнуваат минимално техничките услови, како и други услови пропишани со закон, во зависност од видот и начинот за вршење на трговија“.
Имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба од која произлегува дека во содржината на член 22 став 1 од Законот за трговија, не е содржан делот „и 2“ којшто е предмет на оспорување со предметната иницијатива, според Судот, исполнети се условите за отфрлање на иницијативата во овој дел, согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд.
7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Осман Кадриу и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.114/2022
01.03.2023 гoд.
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 1 mars 2023 miratoi
AKTVENDIM
1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregti (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20 /2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 77/2021, 215/2021, 295/2021 dhe 150/2022).
2. REFUZOHET iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 22 paragrafi 1 në pjesën “dhe 2” të Ligjit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
3. Igorço Toçev nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka parashtruar iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitave të ligjit të përcaktuara në pikën 1 të këtij aktvendimi.
Sipas pretendimeve në iniciativë, neni 22 paragrafi 1 në pjesën “dhe 2” dhe neni 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregti nuk janë në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Lidhur me nenin e kontestuar 22 pika 1 në pjesën “dhe 2” të Ligjit, theksohet se parimi i sundimit të së drejtës nënkupton që në rendin juridik duhet të ekzistojnë norma të qarta, të sakta dhe koncize. Po ashtu, kur një dispozitë i referohet zbatimit të një dispozite tjetër, dispozita të cilës i referohet kërkesa duhet të jetë në mënyrë të pashmangshme pjesë e rendit juridik. Sipas parashtruesit, me pjesën e kontestuar të dispozitës ligjore kjo nuk është ashtu.
Parashtruesi i kërkesës i shpjegon arsyet mbi të cilat mbështetet ky qëndrim duke cituar një pjesë të përmbajtjes së nenit 1 të Ligjit për ndryshimin e Ligjit për tregti të tregjeve të gjelbra (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 27/2019), i cili hyn në fuqi më 05.02.2019 dhe me të cilin ndryshohet neni 48 i Ligjit për tregti të tregjeve të gjelbra (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 11/2018) Konkretisht, citohet përmbajtja e paragrafit 8 të nenit 48 të Ligjit, i cili thotë: “Me ditën e hyrjes në fuqi të këtij ligji, pushojnë së vlejturi dispozitat e nenit 13 paragrafët (2), (3) dhe (4) dhe dispozitat e nenit 14 të Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 104/2015, 129/2015 dhe 53/2016)”.
Nga sa më sipër, sipas parashtruesit, në mënyrë të padiskutueshme rezulton se dispozita e nenit 22 paragrafi 1 të Ligjit për Tregti, me pjesën e kontestuar “dhe 2” i referohet zbatimit, ndër të tjera edhe nenit 13 paragrafit 2 të Ligjit për tregti, e cila dispozitë me hyrjen në fuqi të Ligjit për ndryshimin e Ligjit për tregti të tregjeve të gjelbra (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.27/2019), llogaritur nga 02.05.2019, nuk është më në rendin juridik.
Sa i përket nenit të kontestuar 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit, shkaqet e problematizimit kushtetues të kësaj dispozite ligjore arsyetohen duke cituar përmbajtjen e saj, sipas të cilit gjobë në shumë prej 100 deri në 300 euro në kundërvlerë në denarë për mikro tregtar, gjobë në shumë prej 400 deri në 500 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të vogël, gjobë në shumë prej 600 deri në 800 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të mesëm dhe gjobë prej 800 deri në 1.000 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të madh, do t’i shqiptohet për kundërvajtje personit juridik nëse nuk përcakton dhe nuk thekson rend tregtar dhe nuk i përmbahet rendit të tregut dhe orarit të punës (neni 14 paragrafi 3).
Në iniciativë theksohet se nga përmbajtja e cituar e dispozitës së kontestuar ligjore del se përcaktohet përgjegjësia penale për personin juridik, përkatësisht tregtarin individ nëse nuk vepron në pajtim me nenin 14 paragrafi 3 të Ligjit për tregti e cila dispozitë ka pushuar së vlejturi me hyrjen në fuqi të Ligjit për ndryshimin e Ligjit për tregti të tregjeve të gjelbra (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 27/2019), llogaritur nga 05.02.2019. Kjo do të thotë se përcaktohet përgjegjësi penale për shkeljen e dispozitës që nuk është më pjesë e veprimit juridik, që mund të sjellë në konfuzion gjatë zbatimit dhe që nuk është në përputhje me parimin e sundimit të së drejtës, të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës.
Për sa më sipër, propozohet që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 22 paragrafi 1 në pjesën “dhe 2” dhe nenit 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregti dhe më pas t’i shfuqizojë ato si në kundërshtim me Kushtetutën.
4. Gjykata në seancë përcaktoi se në paragrafin 1 të nenit 22 të Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 dhe “Gazeta Zyrtare” e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 77/2021, 215/2021, 295/2021 dhe 150/2022) është përcaktuar se shitoret, shtëpitë e mallrave, qendrat tregtare (mollet), vetëshërbimet, magazinat, magazinat dhe hapësirat afariste, tregjet e gjelbra, tregjet e veçanta me shumicë dhe pakicë, autoparcelat dhe pompat e benzinës, të përcaktuara në nenet 10, 12, 13, 15 dhe 16 të këtij ligji për kryerjen e tregtisë me shumicë dhe pakicë duhet të plotësojnë kushtet minimale teknike, si dhe kushtet tjera të përcaktuara me ligj, në varësi të llojit dhe mënyrës së tregtisë.
Sipas nenit 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit, gjobë në shumë prej 100 deri në 300 euro në kundërvlerë në denarë për mikro-tregtar, gjobë në shumë prej 400 deri në 500 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të vogël, gjobë në shumë prej 600 deri në 800 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të mesëm dhe gjobë në shumë prej 800 deri në 1.000 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të madh, do t’i shqiptohet për kundërvajtje personit juridik nëse nuk vërteton dhe nuk thekson rend tregtar dhe nuk i përmbahet rendit të tregut dhe orarit të punës (neni 14 paragrafi 3).
5. Në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të shtetit.
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregulloret e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut është kompetent për miratimin e ligjeve, sipas nenit 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës.
Neni 48 paragrafi 8 i Ligjit për tregti të tregut të gjelbër (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 11/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 27/2019), parasheh se “Me ditën e hyrjes në fuqi të këtij ligji shfuqizohen dispozitat e nenit 13 paragrafët (2), (3) dhe (4) dhe dispozitat e nenit 14 të Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 16/ 2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 158/2010, 36/2011, 53/201, 148/2013, 164/2013, 104/2015, 129/2015 dhe 53 /2016)”.
Në nenin 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregti (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/ 2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 dhe Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut “nr.77/2021, 215/2021, 295/2021 dhe 150/2022), është përcaktuar gjobë në shumë prej 100 deri në 300 euro në kundërvlerë në denarë për mikro-tregtar, gjobë në shumë prej 400 deri në 500 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të vogël, gjobë në shumë prej 600 deri në 800 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të mesëm dhe gjobë në shumë prej 800 deri në 1.000 euro në kundërvlerë në denarë për tregtarit të madh, do t’i shqiptohet kundërvajtje personit juridik nëse nuk përcakton dhe nuk e evidenton rendin e tregut dhe nuk i përmbahet rendit të tregut dhe orarit të punës (neni 14 paragrafi 3).
Nga analiza e kryer paraprakisht e dispozitave të Ligjit për Tregti të tregjeve të gjelbra dhe Ligjit për tregti dhe duke marrë parasysh pretendimet e iniciativës, sipas të cilave dispozita kontestuese e nenit 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për Tregti mund të çojë në konfuzion gjatë zbatimit dhe me këtë edhe shkelje të parimit të sundimit të së drejtës, të përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, Gjykata vlerësoi se ato bazoheshin në arsyet në vijim:
Duke marrë parasysh përmbajtjen e rregullimit ligjor në nenin 48 paragrafi 8 të Ligjit për tregti të tregjeve të gjelbra, del se dispozita e kontestuar nga neni 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregti i referohet zbatimit të një dispozite që nuk është më pjesë e rendit juridik, përkatësisht nenit 14 paragrafi 3 të këtij ligji. Në fakt me dispozitën e kontestuar ligjore parashihet dispozitë për kundërvajtje për personin juridik, nëse nuk përcakton dhe nuk thekson rendin e tregut dhe nuk i prmbahet rendit të tregut dhe orarit të punës, pra nëse nuk vepron në mënyrën e përcaktuar në nenin 14 paragrafi 3 të Ligjit për tregti, dispozitë e cila ka pushuar së vlejturi me hyrjen në fuqi të Ligjit për tregti të tregjeve të gjelbra.
Ky fakt nuk kontestohet nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut në përgjigjen e dërguar nr.41.6-10840 nga 27.12.2022. Sipas Qeverisë, sanksionimi i paraparë me dispozitën kontestuese të nenit 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregtinë është i pakuptimtë.
Sundimi i së drejtës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut e përcaktuar në nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës garanton sigurinë juridike të qytetarëve, e cila në kuptim të normave që rregullojnë marrëdhëniet juridike të subjekteve të së drejtës sigurohet përmes qartësisë, mosdyshimit dhe saktësisë së tyre. Kjo do të thotë, në rast se ato përmbajnë një referencë për një normë tjetër, ajo duhet të jetë në mënyrë të pashmangshme pjesë e rendit juridik që një marrëveshje e tillë të përfaqësojë një tërësi logjike, juridikisht funksionale.
Në një situatë kur me dispozitën e kontestuar juridike nga neni 56 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për tregti përcaktohet përgjegjësi penale për veprim në kundërshtim me nenin 14 paragrafi 3 të Ligjit, dispozitë e cila nuk është në rendin juridik, Gjykata vlerësoi se dispozita ligjore e kontestuar mund të vihej në dyshim nga pikëpamja e nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës.
6. Në pajtim me nenin 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata do ta refuzojë iniciativën nëse ekzistojnë pengesa të tjera në proces për të vendosur për iniciativën.
Me miratimin e Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 150/2022), neni 22 paragrafi 1 i këtij ligji merr përmbajtjen e ndryshuar si në vijim “Shitoret, shtëpitë e mallrave, qendrat tregtare (mollet), vetëshërbimet, magazinat, magazinat dhe hapësirat afariste, tregjet e gjelbra, tregjet e veçanta të shitjes me shumicë dhe pakicë, autoparcelat dhe pompat e benzinës, të përcaktuara në nenet 10, 12, 13, 15 dhe 16 të këtij ligji për kryerjen e shitjeve me shumicë dhe pakicë duhet të plotësojë kushtet minimale teknike si dhe kushtet e tjera të përcaktuara me ligj, varësisht nga lloji dhe mënyra e kryerjes së tregtisë”.
Duke marrë parasysh gjendjen faktike të përcaktuar nga e cila rezulton se në përmbajtjen e nenit 22 paragrafi 1 të Ligjit për tregti nuk përfshihet pjesa “dhe 2” e cila është lëndë kontestuese me iniciativën në fjalë, sipas Gjykatës, plotësohen kushtet për refuzimin e iniciativës në këtë pjesë, në përputhje me nenin 28 alineja 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese.
7. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikat 1 dhe 2 të këtij aktvendimi.
8. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.114/2022
01.03.2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska