Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 15 февруари 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 5 и член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 295/2021).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 од Законот, означен во точката 1 од ова решение.
3. Стопанската комора на Северна Македонија, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 4, 5 и 6 означени во точките 1 и 2 од ова решение.
Според наводите во иницијативата, Законот за трговија ги уредува условите и начинот за вршење на трговија на внатрешниот и надворешниот пазар, мерките на ограничување на вршење на трговијата и заштитните мерки. Со овој закон може да се утврдат условите и ограничувањата за вршење на трговијата на големо и мало, но тоа мора да е исклучиво во согласност со уставно пропишаната правна рамка и темелните вредности на уставниот поредок. Со оспорените законски одредби, законодавецот излегол надвор од рамките на односите кои Законот ги уредува спротивно на другите правни прописи и со тоа се создава правна несигурност и правна неусогласеност помеѓу законите и помеѓу Уставот и законите. Имено, со оспорените законски одредби се врши упад во Законот за работните односи во делот на плаќањето на работата и работното време, пропишувајќи различен правен режим за додатоците на плата и работното време во недела и на празници за вработените во трговијата на мало, како и упад во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа пропишувајќи други извори на финансирање за вршење на основните надлежности на општините од оние таксативно пропишани со овој закон.
Усогласеноста на правниот систем подразбира јасна и прецизна поделба на проблематиката со одделните закони, како и меѓусебна усогласеност на прописите кои во одреден дел уредуваат исти прашања или односи. Оттука, Законот за работни односи треба да претставува lex generalis во областа на трудовото право, да пропишува еднакви услови за остварување на правото на работа, слободен избор на вработување, работното време, платата и додатоците на плата, како и на платен одмор без оглед на видот на дејноста која ја врши работодавачот. Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа треба да го уредува начинот на финансирање на изградбата на детски градинки како една од надлежностите на единиците на локалната самоуправа, кој законски се определил за таксативно набројување на изворите на нивно финансирање, како што се сопствените извори на приходи, дотации на средства од Буџетот на Републиката и од буџетите на фондовите и задолжувањето.
Оттука, подносителот како причини поради кои се оспоруваат одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија ги наведува слободата на пазарот и претприемништвото и еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот кои се утврдени во членовите 8 и 55 од Уставот, владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, односно еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите која е уставно загарантирана со член 9 од Уставот на Република Северна Македонија.
Имено, наместо државата да ја гарантира слободата на пазарот и претприемништвото, таа со оспорените одредби од Законот врши ограничување на работењето на економските субјекти при што се разликуваат четири групи на економски субјекти, од кои првата група се „економски субјекти на кои им е забрането да вршат дејност и да остваруваат приходи во недела и на празници и економски субјекти на кои тоа им е дозволено согласно Законот за работни односи и Законот за трговија“, втората група се „економски субјекти кои може да вршат трговија на мало во недела согласно Законот за трговија и за тоа имаат обврска за плаќање додаток на плата за работа кој изнесува најмалку 100%, за секој час поминат на работа и економски субјекти од други дејности на кои им е дозволено да работат во недела согласно Законот за работните односи и за тоа имаат обврска за плаќање додаток на плата за работа кој изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа“, третата група се „економски субјекти од трговија на мало кои имаат обврска за плаќање на јавна давачка за работа во недела и за празници – надоместок во висина од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници и економски субјекти од трговија на мало кои немаат таква обврска“, односно четвртата група се „економски субјекти кои вршат трговија на мало во молови кои имаат минимална ефективна површина од 8.000 м2 и на кои им е дозволено да работат во недела и на празници и економски субјекти кои имаат иста шифра на дејност и вршат трговија на мало, меѓутоа од моловите или во молови со помала површина од пропишаната на кои не им е дозволено да работат во недела и за празници“.
Со пропишување на јавната давачка во износ од 2% од вкупниот приход остварен во претходната година во недела и на празници, со оспорената одредба од член 4 став 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија е уредено дека тие средства ќе се инвестираат во детски градинки согласно со закон. Оваа јавна давачка е предвидена само за трговците на мало кои вршат трговија на мало во недела и за празници во продавници на бензински пумпи или продавници, киосци и штандови во трговски центри (молови), додека пак, од примена на оваа одредба се исклучени трговците на мало кои вршат трговија на мало во недела и за празници во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристички места утврдени со Законот за туристичка дејност, на штандови и киосци каде што се продаваат добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавна проекција на кинематографски дела, во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и на зелени пазари.
Оттука, поделбата на наведениот начин пропишан со оспорената одредба од член 4 од Законот, е неправедно законско решение со ставање на дел од трговците на мало во неповолна положба во однос на други трговци на мало, а се работи за вршење на иста дејност – трговија на мало. Поради тоа, според подносителот легитимно се поставува прашањето, која е вистинската интенција на законодавецот и дали со законското решение се прави штета на економските субјекти ставајќи ги во нееднаква положба по разни основи како што се јавните давачки, површина на објектот, трговија на видови добра, различни додатоци на плата итн.
Стопанската комора како подносител на иницијативата е на став дека со наметнување на дополнителни јавни давачки за економските субјекти и со утврдување високи додатоци на плата за работа во недела не се постигнува целта на законот, а тоа е остварување на правото на неделен одмор и тоа во недела како ден во кој законодавецот смета дека работниците треба да го остваруваат ова право.
Воедно, со оспорените законски решенија од членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, се повредуваат и уставните принципи на владеење на правото и еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, во член 4 е уредено дека трговијата на големо и мало не може да се врши во недела и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон, а од друга страна со Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, единствено се забранува работа во недела.
Ваквиот неусогласен начин на регулирање на работењето во празници е всушност директно воспоставување различен третман на работниците во трговијата на големо и во трговијата на мало наспрема работниците во други дејности.
Потоа, со член 4 став 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија се утврдува дека додатокот на плата опфатени со исклучоците изнесува најмалку 100% за секој час поминат на работа, а со Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи во член 2 се уредува додатокот на плата да изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.
Според подносителот, тоа значи дека се работи за законски решенија кои воспоставуваат нееднаков третман на работниците и различно вреднување на нивниот труд и работа во недела во зависност од економските дејности кои ги вршат без оглед на сложеноста на работните задачи, односно работниците се ставени во нееднаква правна положба преку утврдување различна висина на додатоците на плата во различните дејности. Ова од причина што за нивната работа во текот на денот недела во дејностите исклучени од примената на забраната предвидена во Законот за работните односи, со кој се предвидува додаток на плата од 50% по работен час, додека пак за работниците вработени како трговци на мало се исклучени од забраната предвидена со Законот за трговија, каде додатокот на плата е 100% по работен час. Доведени во нееднаква правна положба се и работниците од другите дејности кои воопшто немаат можност, а кои самоиницијативно би сакале да работат во недела и со тоа да остваруваат повисоки примања согласно Законот и колективните договори.
Од овие причини, со иницијативата се предлага Судот да поведе постапка за оценка на уставноста на членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 295/2021). Воедно, се предлага, Судот согласно членовите 27 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија да донесе решение за запирање на извршувањето на оспорените одредби од Законот.
Заради поголемиот број на измени и дополнувања на наведениот закон уставно-судската анализа се прави по однос на целината на Законот за трговија.
4. Судот на седницата утврди дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ број 295/2021) преку оспорените одредби од членовите 4, 5 и 6, предвидени се измени и дополнувања на одредбите од член 25, член 50-а ставовите 3, 4, 5, 6 и 7 и член 55 став 1 во точките 5 и 8, додека пак со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 150/2022) се менуваат ставовите 4, 5, 8, 9 и 13 од член 25 од целината на Законот за трговија.
5. Според член 8 став 1 алинеи 3 и 7 од Уставот на Република Северна Македонија, како темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија се владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото.
Според член 9 од Уставот, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Согласно член 32 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Согласно член 55 од Уставот е утврдено дека се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 295/2021) преку оспорените одредби од членовите 4, 5 и 6, предвидени се измени и дополнувања на одредбите од член 25, член 50-а ставовите 3, 4, 5, 6 и 7 и член 55 став 1 во точките 5 и 8 од целината на Законот за трговија.
Со овој закон се предвидени законски решенија со кои се уредува деновите на празници и неделите да бидат неработни денови, но со одделни исклучоци, како и во рамки на уредувањето на тие односи се пропишани и посебни права и обврски за различни дејности во трговијата и деловното работење, односно во различни дејности на трговците на големо и трговците на мало.
Тргнувајќи од горенаведените одредби од Уставот со кои е наведено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, односно со закон и со колективен договор се уредуваат правата на вработените и нивната положба, како и дека слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон заради зачувување на здравјето на луѓето, произлегува дека со оспорените одредби од Законот за трговија не се повредува Уставот од причина што законодавецот со закон пропишал прашања од работен однос, односно дека трговецот на големо и трговецот на мало го утврдуваат работното време согласно прописите од областа на работните односи, како и прописите од областа на заштита од бучава.
Определбата на законодавецот да утврди во Законот за трговија, дека во денот недела и на празници не може да се врши трговија на големо и трговија на мало и го утврдува денот недела како ден на остварување на правото на неделен одмор како и правото на неработен ден на празници согласно закон е општо законско решение во врска со заштитата на правата на работниците од работен однос за што се определил законодавецот во рамки на креирање и нормирање на законодавната политика во оваа сфера.
Во тие рамки прашањето зошто законодавецот го нормирал ова решение, а не допуштил на работодавачот слободно да го уредува прашањето за остварување на ден на неделен одмор, не е во доменот на уставно-судска проценка, туку е во правото на законодавецот да креира законодавна политика во сферата на работните односи и деловното работење кои се одраз на односите во стопанството и претприемништвото во општеството во време кога законодавецот проценил дека овој социјално-економски правен режим е неопходен во Републиката, имајќи предвид и дека во член 1 од Уставот, Република Северна Македонија е декларирана како социјална држава.
Од овие причини за оспорените одредби од Законот не може да се постави прашањето за несогласност со Уставот.
Понатаму, со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, во член 50-а од Законот за трговија се изменети ставовите 3, 4, 5, 6 и 7, кои се оспорени со иницијативата, како несогласни со Уставот.
Во ставот 3 е предвидено „Ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај работодавачот работи работник во недела и на празници, спротивно на член 25 од овој закон, со решение на работодавачот ќе му забрани вршење на работа во работната просторија, односно работниот простор, каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена и ќе му се издаде прекршочен платен налог. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка, согласно Законот за прекршоците“.
Во ставот 4 е наведено „Ако работодавачот го повтори прекршокот од ставот 1 на овој член, инспекторот со решение ќе му забрани вршење на работа во работната просторија, односно работниот простор каде е утврдена неправилноста во траење од 30 дена и ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка согласно Законот за прекршоците“.
Во ставот 5 е предвидено „За време на забраната за работа од ставовите 3 и 4 на овој член, работодавачот е должен на работниците да им исплатува надоместок на плата во висина од исплатена плата на работникот за претходниот месец и придонеси од плата и за време на забраната не смее да го намали бројот на вработените“.
Во ставот 6 е предвидено дека „Против решенијата од ставовите 3 и 4 на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до органот надлежен за одлучување од втор степен согласно со закон“.
Како и во ставот 7, предвидено е дека „Жалбата изјавена против решението од ставовите 1, 3 и 4 на овој член, не го одлага неговото извршување“.
Од анализата на оспорените одредби во иницијативата, од ставовите 3, 4, 5, 6 и 7 на член 50-а од Законот за трговија, неспорно произлегува дека со оспорените ставови, преку одредбите од член 25 од Законот се врши дополнување и прецизирање на регулативата со мерките од сферата на прекршоците и надоместокот на плата, од аспект на обврските од страна на работодавачите за неработење во недела и празници.
Оттука, со оспорените одредби од ставовите 3, 4, 5, 6 и 7 од член 50-а од Законот за трговија, не се повредуваат нормите од Уставот и за истите не може основано да се постави прашањето за несогласност со Уставот.
Со член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, во член 55 став 1 од Законот за трговија се пропишани измени во дел од точките на овој став кои се оспорени со иницијативата, како несогласни со Уставот.
Имено, во став 1 од овој член од Законот е предвидено дека глоба во износ од 60 до 200 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 400 до 600 евра во денарска противвредност за среден трговец и глоба во износ од 700 до 800 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече за прекршок на правното лице, согласно измените од точките 5 и 8 на став 1 од овој член кои гласат „не достави известување за започнување со вршење на дејноста (член 23 ставови 3 и 4)“, односно „започнал со работа во колективна станбена зграда и деловно станбена зграда пред 6:00 часот и не завршил пред 23:00 часот (член 25 став 3)“.
Во контекст на точката 5 од ставот 1 на член 55 од Законот за трговија, мора да се напомене дека е поврзана и се повикува на член 23 ставови 3 и 4 од Законот за трговија со кои е уредена обврската правните и физичките лица кои вршат трговија на времена основа на територијата на Република Северна Македонија, без обврска за основање во Република Северна Македонија, се должни најмалку 15 дена пред започнувањето со вршење на дејноста, да достават известување до Министерството за економија, со доказ за регистрирана дејност од државата од Европскиот економски простор во која се основани и регистрирани за вршење на трговија. Трговија на времена основа се врши за ограничен временски период без повторување, редовност или континуитет на дејноста, односно секоја промена истите треба да ја пријават во рок од осум дена од денот на настанатата промена.
Во контекст на точката 8 од ставот 1 на член 55 од Законот за трговија, треба да се прецизира дека се однесува, односно е поврзана со член 25 став 3 од Законот за трговија, со кој е уредено дека продавниците што се наоѓаат во колективни станбени згради и деловно станбени згради не можат да почнат со работа пред 6:00 часот и мора да завршат со работа до 23:00 часот.
Од анализата на оспорените одредби во иницијативата, од ставот 1 точките 5 и 8 од член 55 од Законот за трговија, неспорно произлегува дека со оспорените точки, преку одредбите од член 23 и член 25 од Законот се постигнува правен континуитет на регулираните односи за обезбедување одговорност на учесниците во трговијата, спречување на злоупотреби во работењето заради остварување на недопуштени цели, спротивно на закон и евентуално неприменување на правните норми, што би го активирало механизмот на изрекување глоба согласно овој член од Законот.
Од овие причини и за овие оспорени одредби од член 55 став 1 точки 5 и 8 од Законот за трговија не може основано да се постави прашањето за несогласност со Уставот.
Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија се врши измена на член 25 од Законот за трговија кој е оспорен со иницијативата, како несогласен со Уставот.
Имено, откако е поднесена иницијативата, донесен е Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 150/2022) со кој се интервенира во Законот за трговија, меѓу другото и во сега оспорениот член 25 од Законот.
Со член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, се врши измена и дополнување во член 25 ставовите 4, 5, 8, 9 и 13 од Законот за трговија, односно измена и дополнување на одредби кои се однесуваат на дел од ставовите кои претставуваат правна целина на член 25 од Законот кој е оспорен со иницијативата како несогласен со Уставот.
Оттаму, иако со Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 150/2022) се менуваат ставовите 4, 5, 8, 9 и 13 од член 25 од Законот за трговија, а не и останатите одредби од истиот член, Судот утврди дека со последните измени и дополнувања се менува целината, а со тоа и значењето на оспорениот член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, односно на член 25 од Законот за трговија, поради што не станува збор за идентичен текст на оспорената одредба за која е поднесена иницијативата за оценување на уставноста и законитоста пред Уставниот суд.
Во конкретниот случај, гореспоменатите ставови од член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 295/2021) се надвор од правниот поредок, односно престанале да важат со влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 150/2022), а подносителот не бара оцена на вака изменетата одредба.
Имајќи предвид дека Уставниот суд цени само акти кои се дел од правниот поредок, но не и оние што престанале да важат, Судот утврди дека постојат процесни пречки за одлучување по дел од иницијативата и дека се исполнети условите за отфрлање на истата согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Од овие причини, за оспорените одредби кои се дел од член 25 од Законот за трговија, Уставниот суд ја отфрли иницијативата.
Во врска со барањето во иницијативата за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија кои би произлегле врз основа на оспорените одредби од Законот, Судот утврди дека не се исполнети деловничките претпоставки согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија за запирање од извршување на поединечните акти или дејствија кои би произлегле врз основа на оспорените одредби од Законот.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.3/2022
15 февруари 2023 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 8 shkurt 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 5 dhe nenit 6 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 295/2021).
2. REFUZOHET iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 4 të ligjit, të shënuar në pikën 1 të këtij vendimi.
3. Oda Ekonomike e Maqedonisë së Veriut i dërgoi Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut nismë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së neneve 4, 5 dhe 6 të shënuara në pikat 1 dhe 2 të këtij aktvendimi.
Sipas pretendimeve në iniciativë, Ligji për tregti rregullon kushtet dhe mënyrën e kryerjes së tregtisë në tregun e brendshëm dhe të jashtëm, masat për kufizimin e tregtisë dhe masat mbrojtëse. Me këtë ligj mund të përcaktohen kushtet dhe kufizimet për kryerjen e tregtisë me shumicë dhe pakicë, por kjo duhet të jetë kryesisht në përputhje me kornizën e përcaktuar juridike kushtetuese dhe me vlerat themelore të rendit kushtetues. Me dispozitat e kontestuara ligjore, ligjvënësi doli jashtë kornizave të marrëdhënieve që i rregullon ligji në kundërshtim me rregullat tjera ligjore dhe në këtë mënyrë krijon pasiguri juridike dhe mospërputhje juridike ndërmjet ligjeve dhe ndërmjet Kushtetutës dhe ligjeve. Konkretisht, dispozitat e kontestuara ligjore hyjnë në Ligjin për marrëdhëniet e punës në pjesën e pagesës së punës dhe orarit të punës, duke përcaktuar një regjim tjetër juridik për shtesat në paga dhe orarin e punës të dielave dhe festave për të punësuarit në tregtinë me pakicë, si dhe ndërhyrje në Ligjin për financimin e njësive të vetëqeverisjes lokale që parashikon burime të tjera të financimit për kryerjen e kompetencave themelore të komunave nga ato të përcaktuara në mënyrë taksative me këtë ligj.
Përputhshmëria e sistemit juridik nënkupton ndarje të qartë dhe precize të problemit me ligje të veçanta, si dhe harmonizim të ndërsjellë të rregullave që rregullojnë të njëjtat çështje apo marrëdhënie në një pjesë të caktuar. Prandaj, Ligji për marrëdhëniet e punës duhet të përfaqësojë lex generalis në fushën e së drejtës së punës, duke përcaktuar kushte të barabarta për ushtrimin e së drejtës për punë, zgjedhjen e lirë të punës, orarin e punës, pagën dhe shtesat në pagë, si dhe pushimet e paguara pavarësisht nga lloji i veprimtarisë që kryen punëdhënësi. Ligji për financimin e njësive të vetëqeverisjes lokale duhet të rregullojë mënyrën e financimit të ndërtimit të kopshteve për fëmijë si një nga kompetencat e njësive të vetëqeverisjes lokale, i cili është përcaktuar ligjërisht për një numërim tatimor të burimeve të financimit të tyre, si që janë burimet personale të të ardhurave, dotacine të mjeteve nga Buxheti i Republikës dhe nga buxhetet e fondeve dhe huamarrjes.
Prandaj, parashtruesi si shkaqe për shkak të së cilave kontestohen dispozitat e Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e e Ligjit për tregti thekson lirinë e tregut dhe sipërmarrjes dhe pozicionin e barabartë juridik të të gjithë subjekteve në treg, të përcaktuara në nenet 8 dhe 55 të Kushtetutës, sundimin e së drejtës si vlerë themelore të rendit kushtetues në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, përkatësisht barazia e qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve, e cila është e garantuar me Kushtetutë me nenin 9 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Gjegjësisht, shteti në vend që të garantojë lirinë e tregut dhe të sipërmarrjes, me dispozitat e kundërshtuara të ligjit, kufizon veprimtarinë e subjekteve ekonomike, ku dallohen katër grupe të subjekteve ekonomike, nga të cilët grupi i parë janë “subjektet ekonomike që u ndalohet kryerja e veprimtarive dhe fitimi i të ardhurave të dielave dhe festave dhe subjekteve ekonomike që u lejohet një gjë e tillë sipas Ligjit për marrëdhëniet e punës dhe Ligjit për tregti, grupi i dytë janë “subjektet ekonomike që mund të bëjnë tregti me pakicë të dielave në pajtim me Ligjit për tregti dhe për këtë kanë obligim të paguajnë shtesë në pagë për punë që është të paktën 100%, për çdo orë të kaluar në punë dhe subjektet ekonomike nga aktivitetet tjera që lejohen të punojnë të dielave në pajtim me Ligjin për marrëdhëniet e punës dhe për këtë kanë obligim për pagesën e një shtese për punë që është të paktën 50% për çdo orë të kaluar në punë”, grupi i tretë janë “subjektet ekonomike nga tregtia me pakicë të cilët kanë për obligim të paguajnë të dhëna publike për punën të dielave dhe ditëve të festave – kompensim në lartësi 2% të të ardhurave totale të realizuara në vitin paraprak të dielave dhe ditëve të festave dhe subjektet ekonomike nga tregtia me pakicë që nuk kanë një obligim të tillë”, respektivisht grupi i katërt janë “subjektet ekonomike që kryejnë tregti me pakicë në qendra tregtare që kanë një sipërfaqe minimale efektive prej 8000 m2 dhe që lejohen të punojnë të dielave dhe ditëve të festave dhe subjektet ekonomike që kanë të njëjtën shifër të veprimtarisë dhe kryejnë tregti me pakicë, por nga qendrat tregtare ose në qendra tregtare me sipërfaqe më të vogël se ajo që është përcaktuar të cilëve nuk u lejohet të punojnë të dielave dhe gjatë festave”.
Me caktimin e shpenzimit publik në shumën prej 2% të të hyrave totale të realizuara në vitin paraprak të dielave dhe festave, me dispozitën kontestuese të nenit 4 paragrafi 8 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, është rregulluar se ato mjete do të investohen në kopshte për fëmijë në përputhje me ligjin. Ky shpenzim publik parashihet vetëm për shitësit me pakicë që kryejnë tregti me pakicë të dielave dhe ditëve të festave në dyqanet në pompat e binzinës apo dyqane, kioska dhe stendat në qendrat tregtare (qendrat tregtare), ndërsa, nga ana tjetër, nga zbatimi i kësaj dispozite përjashtohen tregtarët me pakicë që kryejnë tregti me pakicë të dielave dhe ditëve të festave në dyqane apo kioska të specializuara për shitjen e akulloreve, ëmbëlsirave dhe mezeve, luleve, suvenireve, filigranëve, gazetave dhe cigareve, në vendet turistike të përcaktuara me Ligjin për veprimtari turistike, në stendat dhe kioskat ku shesin mallra gjatë ngjarjeve sportive, festivaleve dhe manifestimeve, panaireve dhe gjatë shfaqjes publike të veprave kinematografike, në dyqanet për tregtimin me pakicë të ushqimeve (përveç perimeve dhe frutave), pije dhe duhan në të cilat tregtia kryhet personalisht vetëm nga pronari i dyqanit dhe në tregjet e gjelbra.
Pra, ndarja në mënyrën e përmendur e paraparë me dispozitën kontestuese të nenit 4 të Ligjit, është zgjidhje e padrejtë ligjore duke i vënë disa nga shitësit në pozitë të pavolitshme në raport me shitësit tjerë me pakicë, dhe bëhet fjalë për kryerjen e të njëjtës veprimtari – tregti me pakicë. Prandaj, sipas parashtruesit, në mënyrë legjitime shtrohet pyetja se cili është qëllimi real i ligjvënësit dhe nëse zgjidhja ligjore i dëmton subjektet ekonomike duke i vënë në pozitë të pabarabartë në baza të ndryshme si që janë shpenzimet publike, sipërfaqja e objektit, tregtia e llojeve te mallrave, shtesa te ndryshme pagash etj.
Oda Ekonomike, si parashtruese e iniciativës, ka qëndrimin se me vendosjen e shpenzimeve e tarifave publike shtesë ndaj subjekteve ekonomike dhe me përcaktimin e dotacioneve të larta të pagave për punën e të dielave, nuk arrihet qëllimi i ligjit dhe kjo është realizimi i të drejtës për pushim javor dhe atë të dielave si ditë në të cilën ligjvënësi konsideron se të punësuarit duhet ta realizojnë këtë të drejtë.
Në të njëjtën kohë, me vendimet ligjore të kontestuara nga nenet 4, 5 dhe 6 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, shkelen parimet kushtetuese të sundimit të së drejtës dhe barazisë së qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve.
Me Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, neni 4 përcakton se tregtia me shumicë dhe pakicë nuk mund të kryhet të dielave dhe gjatë festave shtetërore dhe festave të tjera që janë caktuar si ditë jo pune në pajtim me ligjin dhe nga ana tjetër me Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për marrëdhënie pune, ndalohet puna vetëm të dielave.
Kjo mënyrë e pa harmonizuar e rregullimit të punës në ditë festash është në fakt vendosje e drejtpërdrejtë e trajtimit të ndryshëm të punësuarve në tregtinë me shumicë dhe me pakicë në krahasim me të punësuarit në aktivitete të tjera.
Më pas me nenin 4 paragrafi 7 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, përcaktohet se shtesa e pagës e përfshirë me përjashtimet arrin të paktën 100% për çdo orë të kaluar në punë, dhe me Ligjin për ndryshimet dhe plotësimet e Ligjit për marrëdhënie pune në nenin 2 rregullohet që shtesa e pagës të jetë të paktën 50% për çdo orë të kaluar në punë, përveç nëse me ligj dhe marrëveshje kolektive nuk është përcaktuar shumë më e madhe e shtesës.
Sipas parashtruesit, kjo do të thotë se këto janë vendime ligjore që vendosin trajtim të pabarabartë të punëtorëve dhe vlerësim të ndryshëm të mundit dhe punës së tyre të dielave në varësi të aktiviteteve ekonomike që ata kryejnë pavarësisht nga ndërlikueshmëria e detyrave të punës, respektivisht punëtorët vendosen në pozitë të pabarabartë juridike duke përcaktuar shuma të ndryshme të shtesave të pagave në veprimtari të ndryshme. Kjo për faktin se për punën e tyre gjatë ditës së diel në aktivitetet e përjashtuara nga zbatimi i ndalesës së parashikuar në Ligjin për marrëdhënie pune, i cili parasheh shtesë pagash prej 50% për orë pune, ndërsa për punëtorët e punësuar si shitës me pakicë shkyçen nga ndalimi i parashikuar me Ligjin për tregti, ku shtesa e pagës është 100% për orë pune. Punëtorët nga aktivitetet tjera të cilët nuk kanë fare mundësi, dhe të cilët dëshirojnë të punojnë të dielave me iniciativë të tyre dhe me këtë të arrijnë të ardhura më të larta në përputhje me ligjin dhe marrëveshjet kolektive, sillen në pozitë të pabarabartë juridike.
Për këto arsye, iniciativa propozon që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së neneve 4, 5 dhe 6 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 295/ 2021). Njëkohësisht, propozohet që Gjykata, në pajtim me nenet 27 dhe 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, të marrë vendim për ndalimin e ndërprerjes së dispozitave të kontestuara të Ligjit.
Për shkak të numrit të madh të ndryshimeve dhe plotësimeve në ligjin e theksuar, analiza kushtetuese-gjyqësore është bërë në raport me tërësinë e Ligjit për tregti.
4. Gjykata në seancë konstatoi se me Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 295/2021) përmes dispozitave të kontestuara të neneve 4, 5 dhe 6, ndryshimet dhe shtesa në dispozitat e nenit 25, nenit 50-a paragrafët 3, 4, 5, 6 dhe 7 dhe nenit 55 paragrafi 1 në pikat 5 dhe 8, ndërsa me Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 150/2022) ndryshohen paragrafët 4, 5, 8, 9 dhe 13 të nenit 25 nga tërësia e Ligjit për tregti.
5. Sipas nenit 8 paragrafi 1 paragrafët 3 dhe 7 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut janë sundimi i të drejtave dhe lirive të tregut dhe sipërmarrësisë.
Sipas nenit 9 të Kushtetutës, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe sociale, besimi politik dhe fetar, pasuria dhe pozita shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas nenit 32 të Kushtetutës, çdokush ka të drejtën e punës, zgjedhjen e lirë të punës, mbrojtjen gjatë punës dhe sigurimin material gjatë papunësisë së përkohshme. Çdo punë është e disponueshme për të gjithë, në kushte të barabarta. Çdo punonjës ka të drejtë për fitime të mjaftueshme. Çdo punonjës ka të drejtën e pushimit të paguar ditor, javor dhe vjetor. Punonjësit nuk mund të heqin dorë nga këto të drejta. Realizimi i të drejtave të punonjësve dhe pozicioni i tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj. Të gjithë janë të obliguar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 55 të Kushtetutës, përcaktohet se garantohet liria e tregut dhe e sipërmarrjes. Republika u jep të gjithë subjekteve të tregut status juridik të barabartë. Republika merr masa kundër pozicionit monopolist dhe sjelljes monopoliste në treg. Liria e tregut dhe e sipërmarrjes mund të kufizohet me ligj vetëm për hir të mbrojtjes së Republikës, ruajtjes së natyrës, mjedisit jetësor apo shëndetit të njerëzve.
Me Ligjin për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 295/2021) përmes dispozitave kontestuese të neneve 4, 5 dhe 6, parashihen ndryshime dhe plotësime në dispozitat e nenit 25, nenit 50-a paragrafët 3, 4, 5, 6 dhe 7 dhe nenit 55 paragrafi 1 në pikat 5 dhe 8 nga tërësia e Ligjit për tregti.
Me këtë ligj parashihen zgjidhje ligjore me të cilat rregullohen ditët e festave dhe të dielat të jenë ditë jopune, por me përjashtime të caktuara, si dhe në kuadër të rregullimit të atyre marrëdhënieve, parashikohen të drejta dhe obligime të veçanta për veprimtari të ndryshme në tregti dhe në punën afariste, respektivisht në aktivitete të ndryshme të tregtarëve me shumicë dhe pakicë.
Nisur nga dispozitat e lartpërmendura të Kushtetutës, ku thuhet se qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve, pra të drejtat e punonjësve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe marrëveshje kolektive, si dhe se liria e tregut dhe e sipërmarrësisë mund të kufizohen me ligj për shkak të ruajtjes së shëndetit të njerëzve, rrjedh se me dispozitat e kontestuara të Ligjit për tregti nuk e shkelet Kushtetuta sepse ligjvënësi me ligj i ka përcaktuar çështjet për marrëdhënie pune, gjegjësisht që tregtari me shumicë dhe tregtari me pakicë e përcaktojnë orarin e punës në përputhje me rregulloret në fushën e marrëdhënieve të punës, si dhe rregulloret në fushën e mbrojtjes nga zhurma.
Përcaktimi i ligjvënësit për të përcaktuar në Ligjin për tregti se tregtia me shumicë dhe pakicë nuk mund të bëhet të dielave dhe ditëve të festave, dhe e cakton të dielën si ditë për ushtrimin e të drejtës për pushim javor si dhe të drejtën për ditë jo pune gjatë festave në pajtim me ligjin është vendim i përgjithshëm ligjor për mbrojtjen e të drejtave të punëtorëve nga marrëdhënia e punës, për çka është përcaktuar ligjvënësi në kuadër të krijimit dhe standardizimit të politikës ligjvënëse në këtë sferë.
Në këto korniza, pyetja se përse ligjvënësi e ka normalizuar këtë aktvendim dhe nuk e ka lejuar punëdhënësin të rregullojë lirisht çështjen e realizimit të një dite pushimi javor, nuk është në sferën e vlerësimit kushtetues-gjyqësor, por është në të drejtën e ligjvënësit të krijojë një politikë ligjvënëse në sferën e marrëdhënieve të punës dhe veprimtarisë së biznesit që pasqyron marrëdhëniet në ekonomi dhe sipërmarrësinë në shoqëri, në një kohë kur ligjvënësi vlerësoi se ky regjim juridik social-ekonomik është i domosdoshëm në Republikë, duke marrë parasysh se në nenin 1 të Kushtetutës, Republika e Maqedonisë së Veriut deklarohet si shtet social.
Për këto arsye, nuk mund të shtrohet çështja e mospërputhjes me Kushtetutën për dispozitat e kontestuara të ligjit.
Po ashtu, me nenin 5 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, në nenin 50-a të Ligjit për tregti, janë ndryshuar paragrafët 3, 4, 5, 6 dhe 7, të cilët kontestohen me iniciativën si mospërputhje me Kushtetutën.
Në paragrafin 3 parashikohet se “Nëse inspektori i punës gjatë inspektimit konstaton se punëtori punon për punëdhënësin të dielave dhe ditëve të festave, në kundërshtim me nenin 25 të këtij ligji, me aktvendim punëdhënësit i ndalohet kryerja e punës në hapësirën e punës respektivisht hapësirën e punës ku është konstatuar parregullsia, për një afat prej 15 ditësh dhe do t’i lëshohet urdhërpagesë kundërvajtëse. Nëse punëdhënësi nuk e pranon urdhërpagesën për kundërvajtje, inspektori kompetent do të paraqesë kërkesë për fillimin e procedurës kundërvajtëse, në pajtim me Ligjin për kundërvajtje”.
Në paragrafin 4 thuhet: “Nëse punëdhënësi e përsërit shkeljen nga paragrafi 1 i këtij neni, inspektori me vendim ia ndalon punën në hapësirën e punës, përkatësisht në hapësirën e punës ku është konstatuar parregullsia, për një periudhë prej 30 ditësh dhe do të paraqesë kërkesë për inicimin e procedurës për kundërvajtje sipas Ligjit për Kundërvajtje”.
Në paragrafin 5 parashikohet se “Gjatë kohës së ndalimit për punë nga paragrafët 3 dhe 4 të këtij neni, punëdhënësi është i detyruar t’u paguajë punëtorëve kompensim në shumën e pagës së paguar të punësuarit për muajin paraprak dhe kontribute nga rroga dhe gjatë ndalimit të punës nuk guxon të zvogëlojë numrin e të punësuarve”.
Në paragrafin 6 është paraparë se “Kundër vendimeve nga paragrafët 3 dhe 4 të këtij neni mund të paraqitet ankesë në afat prej 15 ditësh nga dita e pranimit të aktvendimit tek organi kompetent për vendimmarrje të shkallës së dytë në pajtim me ligjin”.
Ashtu si në paragrafin 7, parashikohet se “Ankesa e deklaruar kundër aktvendimit nga paragrafët 1, 3 dhe 4 të këtij neni nuk e prolongon realizimin e tij”.
Nga analiza e dispozitave të kontestuara në iniciativë, nga paragrafët 3, 4, 5, 6 dhe 7 të nenit 50-a të Ligjit për tregti, padiskutim rezulton se me paragrafët e kontestuar, përmes dispozitave të nenit 25 të Ligjit bëhet plotësim i saktësimit të rregullativës me masat nga sfera e kundërvajtjeve dhe kompensimit të pagës, nga aspekti i obligimeve të punëdhënësve për ditë jo pune të dielave dhe gjatë festave.
Prandaj, me dispozitat e kontestuara të paragrafëve 3, 4, 5, 6 dhe 7 të nenit 50-a të Ligjit për Tregti nuk shkelen normat e Kushtetutës dhe për të njëjtat nuk mund të shtrohet pyetja me bazë për mosharmonizim me Kushtetutën.
Me nenin 6 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e ligjit për tregti, në nenin 55 paragrafi 1 i Ligjit për tregti, janë përcaktuar ndryshime në disa pika të këtij paragrafi që kontestohen me iniciativën, si në mospërputhje me Kushtetutën.
Konkretisht, në paragrafin 1 të këtij neni të Ligjit është paraparë se gjobë në shumë prej 60 deri në 200 euro në kundërvlerë në denarë për mikro-tregtar, gjobë në shumë prej 200 deri në 300 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të vogël, gjobë në shumë prej 400 deri në 600 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të mesëm dhe gjobë në shumë prej 700 deri në 800 euro në kundërvlerë në denarë për tregtar të madh, do t’i shqiptohet për kundërvajtje personit juridik, në pajtim me ndryshimet në pikat 5 dhe 8 të paragrafit 1 të këtij neni si vijon “nuk ka dërguar njoftim për fillimin e kryerjes së veprimtarisë (neni 23 paragrafët 3 dhe 4)”, respektivisht “ka filluar me punë ndërtesë kolektive për banim dhe në ndërtesë banimi afariste para orës 6.00 dhe nuk ka përfunduar para orës 23:00 (neni 25 paragrafi 3)”.
Në kuadër të pikës 5 të paragrafit 1 të nenit 55 të Ligjit për tregti, duhet theksuar se lidhet dhe i referohet nenit 23 paragrafët 3 dhe 4 të Ligjit për tregti, me të cilin rregullohet obligimi që personat juridik dhe fizik që kryejnë tregti të përkohshme në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut, pa obligim të themelimit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, janë të obliguar të paktën 15 ditë para fillimit të kryerjes së veprimtarisë, të dërgojnë njoftim në Ministrinë e Ekonomisë, me dëshmi të veprimtarisë së regjistruar nga shteti nga Zona Ekonomike Evropiane në të cilën janë themeluar dhe regjistruar për kryerjen e tregtisë. Tregtia në bazë të përkohshme kryhet për një periudhë të kufizuar kohore pa përsëritje, rregullsi apo vazhdimësi të aktivitetit, pra çdo ndryshim të njëjtit duhet ta paraqesin në afat prej tetë ditëve nga dita e ndryshimit.
Në kontest të pikës 8 të paragrafit 1 të nenit 55 të Ligjit për tregti, duhet të saktësohet se i referohet, përkatësisht ka të bëjë me nenin 25 paragrafi 3 të Ligjit për tregti, i cili përcakton se dyqanet që ndodhen në ndërtesat kolektive të banimit dhe ndërtesat afariste të banimit nuk mund të fillojnë punën para orës 06:00 dhe duhet të përfundojnë punën deri në orën 23:00.
Nga analiza e dispozitave të kontestuara në iniciativë, nga paragrafi 1 pika 5 dhe 8 të nenit 55 të Ligjit për tregti, padiskutim rezulton se me pikat e kontestuara, përmes dispozitave të nenit 23 dhe nenit 25 të Ligjit arrihet vazhdimësi juridike e marrëdhënieve të rregulluara për sigurimin e arritjes së përgjegjësisë së pjesëmarrësve në tregti, parandalimin e keqpërdorimeve në veprimtari me qëllim të arritjes së qëllimeve të palejueshme, në kundërshtim me ligjin dhe moszbatimin e mundshëm të normave juridike, që do të aktivizonte mekanizmin e shqiptimit të gjobës në pajtim me këtë nen të Ligjit.
Për këto arsye dhe për këto dispozita të kontestuara të nenit 55 paragrafi 1 pika 5 dhe 8 të Ligjit për tregti, nuk mund të shtrohet çështja e mospërputhjes me Kushtetutën.
Sipas nenit 110 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Në bazë të nenit 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa të tjera në proces për të vendosur për iniciativën.
Me nenin 4 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, bëhet ndryshim i nenit 25 të Ligjit për tregti, i cili kontestohet me iniciativë, si në mospërputhje me Kushtetutën.
Gjegjësisht, pas dorëzimit të iniciativës, është miratuar Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 150/2022), me të cilin intervenohet në Ligjin për tregti, mes tjerash edhe në nenin 25 tashmë të kontestuar të Ligjit.
Me nenin 2 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, ndryshohet dhe plotësohet neni 25 paragrafët 4, 5, 8, 9 dhe 13 të Ligjit për tregti, gjegjësisht ndryshime dhe plotësime në dispozitat që kanë të bëjnë me disa nga paragrafët të cilët paraqesin tërësi juridik të nenit 25 të Ligjit i cili kontestohet me iniciativën si në mospërputhje me Kushtetutën.
Së këndejmi, edhe pse Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 150/2022) ndryshohen paragrafët 4, 5, 8, 9 dhe 13 të nenit 25 të Ligjit për tregti dhe jo edhe pjesa tjetër e dispozitave të të njëjtit nen, Gjykata përcaktoi se me ndryshimet dhe plotësimet e fundit ndryshon tërësia dhe me këtë edhe kuptimi i nenit 4 të kontestuar të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti, respektivisht i nenit 25 të Ligjit për Tregti, për këtë arsye nuk bëhet fjalë për tekst identik të dispozitës së kontestuar për të cilën është parashtruar iniciativa për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë në Gjykatën Kushtetuese.
Në rastin konkret, paragrafët e lartpërmendur nga neni 4 i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 295/2021) janë jashtë rendit juridik, respektivisht kanë pushuar së vlejturi me hyrjen në fuqi të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tregti (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 150/2022), dhe parashtruesi i kërkesës nuk kërkon vlerësim të dispozitës së ndryshuar.
Duke marrë parasysh se Gjykata Kushtetuese vlerëson vetëm aktet që janë pjesë e rendit juridik, por jo ato që kanë pushuar së vlejturi, Gjykata vendosi se ekzistojnë pengesa në procedurën për vendosjen e një pjese të iniciativës dhe se janë plotësuar kushtet për refuzimin e të njëjtës në pajtim me nenin 28 alineja 3 nga Rregullorja e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Për këto arsye, për dispozitat e kontestuara që janë pjesë e nenit 25 të Ligjit për tregti, Gjykata Kushtetuese e refuzon iniciativën.
Lidhur me kërkesën në iniciativë për ndërprerjen e ekzekutimit të akteve dhe veprimeve individuale që do të rezultonin në bazë të dispozitave të kontestuara të Ligjit, Gjykata konstatoi se kërkesat procedurale sipas nenit 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut për ndërprerjen e realizimit të akteve ose veprimeve individuale që do të rezultonin në bazë të dispozitave të kontestuara të Ligjit.
6. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 dhe 2 të këtij aktvendimi.
7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.3/2022
15 shkurt 2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska