Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 8 февруари 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2016).
2. Светскиот македонски конгрес од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за оценување на уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение.
Според наводите од подносителот на иницијативата, оспорениот Закон за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 51 став 1, член 89 и Амандманот XXIII со кој се заменува став 3 на член 89, како и членовите 90, 92 и 94 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносителот наведува дека составот на Владата на Република Северна Македонија е утврден во член 89 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, каде е пропишано дека „Владата ја сочинуваат претседател и министри“.
Во член 89 став 6 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека „Организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон“. Но, ниту член 89 став 6 ниту член 95 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија не даваат право да се утврди поинаков состав на Владата од оној утврден во член 89 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, кој гласи „Владата ја сочинуваат претседател и министри“.
Оттаму, се наведува дека во ниту една одредба на Уставот на Република Северна Македонија не станува збор за „заменици на министри“’ и „дополнителни заменици на министри“, односно „заменици на пратеници“, „заменици на дополнителните заменици на пратеници“, „заменик на претседателот на Собранието“, „дополнителен заменик на претседателот на Собранието“, ниту „заменици на потпретседателите на Собранието“, односно „заменик на претседателот на Републиката“, или „дополнителен заменик на претседателот на Републиката“, односно не постои уставен основ со закон тоа да може дополнително да се воведе во правниот поредок.
Во продолжение на иницијативата, подносителот се осврнува и на член 61 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија кој пропишува дека „Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот и со Деловникот“, но тоа не им дава право на пратениците со Деловникот или со закон да пропишуваат поинаква организација и состав на Собранието од утврдените во член 62 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, каде е наведено дека „Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници“ и дека „Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“ во согласност со член 67 од Уставот на Република Северна Македонија.
Понатаму, подносителот на иницијативата наведува дека во член 95 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека „Државната управа ја сочинуваат министерства и други органи на управата и организации утврдени со закон“, со ставот 2 од истиот член „Се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа“, како и со ставот 3 дека „Организацијата и работата на органите на државната управа се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.
Во член 96 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека „Органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата“.
Додека пак, во член 97 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека „Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.
Според подносителот, во член 92 и член 94 од Уставот на Република Северна Македонија се зборува за член на Влада, но под таа дефиниција се поздразбира претседателот на Владата и министрите, бидејќи освен нив, никој друг не може да биде член на Владата.
Оттаму, во ниту еден член од Уставот на Република Северна Македонија не е утврдено правото на Собранието на Република Северна Македонија да избира „заменици на министри“, туку само претседател на Владата и министри.
Во член 90 од Уставот на Република Северна Македонија, со ставот 1 е пропишано дека „Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“, односно во ставот 2 е наведено дека „Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата“, како и во ставот 3 дека „Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.
Дополнително, подносителот наведува дека членовите 43, 44, 45, 46, 47, 48, 49, 50 и 51 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 196/2015) се во спротивност со член 90 од Уставот на Република Северна Македонија и од тие причини оспорениот закон за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 142/2016) треба да се поништи.
Во продолжение на иницијативата се укажува дека во член 20 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014, 196/2015, 142/2016, 140/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/2019) во ставот 1 е пропишано дека „На своите седници Владата одлучува со мнозинство гласови од членовите на Владата“, односно во ставот 2 дека „Во случај кога на седницата на Владата при гласањето се добиле еднаков број гласови, за донесена се смета одлуката за која гласал претседателот на Владата“, како и во ставот 3 дека „Гласањето на седниците на Владата е јавно, освен ако со Деловникот не е определено гласањето за одделни прашања да се врши тајно“.
Понатаму, се наведува дека со Законот за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 139/2014), проширени се надлежностите на „замениците на министрите“, каде во член 19 по ставот 1 од Законот за Владата на Република Македонија е додаден нов став 2, кој гласи „Во случај на спреченост и отсуство на членот на Владата, на седницата на Владата може да присуствува и одлучува заменикот на министерот кој го заменува членот на Владата со сите негови права, должности и одговорности и истиот се засметува во мнозинството присутни како да е присутен членот кој го заменува“, односно „заменикот на министер“ ги добива сите права, должности и одговорности на министерот кој го заменува, со што „заменикот на министерот“ се засметува во мнозинството присутни на седница на Влада како да е присутен членот на Владата кој „заменикот на министер“ го заменува, што е противуставно, затоа што во член 89 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија јасно е утврдено дека „Владата ја сочинуваат претседател и министри“.
Подносителот на иницијативата се осврнува и на член 61 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија каде точно се наведени задачите на потпретседателите на Собранието, имено во ставот 1 е пропишано дека „Претседателите на Собранието му помагаат на претседателот на Собранието во работата и вршат други работи од неговиот делокруг“, односно во ставот 2 е наведено дека „Во случај на спреченост или отсуство на претседателот на Собранието го заменува еден од потпретседателите според однапред утврден редослед при што ќе се води сметка за подеднакво вклучување на потпретседателите“.
Дополнително, подносителот наведува дека Собранието на Република Северна Македонија донело Закон за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2000, 44/2002, 13/2006, 82/2008, 167/2010, 36/2011, 51/2011 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019, 110/2019 и 154/2019) во чијшто член 1 е наведено дека „Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа“.
Според подносителот, Собранието на Република Северна Македонија има обврска со Деловник да ја уреди организацијата и функционирањето, односно начинот на работата на Собранието, а тоа не значи право да се определуваат „заменици на пратеници“, „заменици на претседателот на Собранието“, „дополнителни заменици на претседателот на Собранието“, „заменици на потпретседателите на Собранието“ или „дополнителни заменици на потпретседателите на Собранието“.
Оттаму, обврската од член 89 став 6 од Уставот на Република Северна Македонија со закон да се уреди организацијата и начинот на работата на Владата, не значи со закон да се воведуваат нови функции „заменици на претседателот на Владата“, „дополнителни заменици на претседателот на Владата“, „заменици на министри“ или „дополнителни заменици на министри“ како посебни институции, односно функции кои се во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија.
Дополнително, подносителот наведува дека во член 4 од оспорениот закон, прецизно се вели дека „Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат во 2016 година“, односно дека истите завршиле со донесување на Заклучокот за објавување на конечни резултати и распределба на мандати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, број 10-4191/1 од 28 декември 2016 година и поради ова оспорениот закон треба да се поништи.
Врз основа на наведеното се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон, а потоа истиот да го поништи, односно до донесување на конечната одлука, Уставниот суд да донесе решение за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија кои би произлегле од оспорениот закон.
3. Судот на седницата утврди дека во член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2016) јасно е пропишано дека „Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат во 2016 година.“
4. Во член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, јасно е предвидено дека Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Во оспорениот Закон за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 142/2016), согласно член 4 е утврдено дека „Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат во 2016 година“.
Државната изборна комисија на седница одржана на ден 28.12.2016 година донела заклучок за објавување на конечните резултати и распределба на мандати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија со бр.10-4191/1.
Од наведеното, јасно произлегува дека оспорениот Закон за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, сметано од 29 декември 2016 година престанал да биде дел од правниот поредок поради својот темпорален карактер и исцрпена е неговата примена по однос на својата содржина и дејство.
Оттаму, Судот утврди дека постојат процесни пречки за постапување по иницијативата и дека се исполнети условите за отфрлање на истата согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Во врска со барањето во иницијативата за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија кои би произлегле од оспорениот закон, Судот утврди дека не се настапени деловнички претпоставки согласно член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија за запирање од извршување на поединечните акти или дејствија кои би произлегле од оспорениот закон.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.270/2020
8 февруари 2023 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 8 shkurt 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. REFUZOHET iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 142/2016).
2. Kongresi Botëror Maqedonas nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, parashtroi iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
Sipas pohimeve të parashtruesit të iniciativës, Ligji i kontestuar për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë nuk është në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3, nenin 51 paragrafi 1, nenin 89 dhe Amendamentin XXIII që zëvendëson paragrafin 3 të nenit 89, si dhe nenet 90, 92 dhe 94 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Parashtruesi thekson se përbërja e Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut është e përcaktuar në nenin 89 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, ku përcaktohet se “Qeverinë e përbëjnë Kryetari dhe Ministrat”.
Në nenin 89 paragrafi 6 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është përcaktuar se “Organizimi dhe mënyra e punës së Qeverisë rregullohen me ligj”. Megjithatë, as neni 89 paragrafi 6 dhe neni 95 paragrafi 3 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut nuk japin të drejtën për të përcaktuar përbërje të ndryshme të Qeverisë nga ajo që është përcaktuar në nenin 89 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si vijon: “Qeveria përbëhet nga Kryetari dhe ministrat”.
Së këndejmi thuhet se në asnjë dispozitë të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut nuk bëhet fjalë për “zëvendësministra” dhe “zëvendësministra shtesë”, gjegjësisht “zëvendës të deputetëve”, “zëvendës të zëvendësve shtesë të deputetëve”, “zëvendës të Kryetarit të Kuvendit”, “zëvendës plotësues të Kryetarit të Kuvendit”, as “zëvendës të nënkryetarëve të Kuvendit”, respektivisht “zëvendës të Presidentit të Republikës”, ose ” zëvendës shtesë të Presidentit të Republikës”, respektivisht nuk ka bazë kushtetuese me ligj që kjo të futet shtesë në rendin juridik.
Në vazhdim të iniciativës, parashtruesi i kërkesës i referohet edhe nenit 61 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili përcakton se “Organizimi dhe funksionimi i Kuvendit rregullohet me Kushtetutë dhe me Rregulloren”, por kjo nuk u jep të drejtë deputetëve me Rregullore ose me ligj që të përcaktojnë organizim dhe përbërje të ndryshme të Kuvendit nga ato të përcaktuara në nenin 62 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, ku thuhet se “ Kuvendi përbëhet nga 120 deri në 140 deputetë” dhe se “Kuvendi zgjedh Kryetar nga radhët e deputetëve dhe një ose më shumë nënkryetarë, me shumicën e votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve” në pajtim me nenin 67 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Më tej, parashtruesi i iniciativës thekson se në nenin 95 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është përcaktuar se “Administratën Shtetërore e përbëjnë ministritë dhe organet tjera të administratës dhe organizata të përcaktuara me ligj”, me paragrafin 2 të të njëjtit nen “Ndalohet organizimi politik dhe veprimi në organet e administratës shtetërore”, si dhe me paragrafin 3 se “Organizimi dhe puna e organeve të administratës shtetërore rregullohen me ligj që miratohet me shumicën e dy të tretës së votave nga numri i përgjithshëm i deputetëve”.
Neni 96 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut përcakton se “Organet e administratës shtetërore punët nga kompetenca e tyre i kryejnë në mënyrë të pavarur në bazë dhe në kuadër të Kushtetutës dhe ligjeve dhe për punën e tyre i përgjigjen Qeverisë”.
Ndërsa, në nenin 97 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, është përcaktuar se “Organet e administratës shtetërore në fushën e mbrojtjes dhe të policisë udhëhiqen nga persona civilë të cilët menjëherë para zgjedhjes së atyre pozitave kanë qenë civilë për të paktën tre vjet”.
Sipas parashtruesit, në nenin 92 dhe nenin 94 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut bëhet fjalë për anëtarë të Qeverisë, por ky definicion përfshin Kryetarin e Qeverisë dhe ministrat, sepse askush tjetër nuk mund të jetë anëtar i Qeverisë përveç tyre.
Pra, në asnjë nen të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut nuk është prcaktuar e drejta e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut të zgjedhë “zëvendësministra”, por vetëm Kryetarin e Qeverisë dhe ministrat.
Në nenin 90 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, paragrafi 1 përcakton se “Presidenti i Republikës së Maqedonisë është i obliguar që në afat prej dhjetë ditësh nga konstituimi i Kuvendit t’ia besojë mandatin për përbërjen e Qeverisë kandidatit të partisë, gjegjësisht partive që kanë shumicën në Kuvend”, respektivisht në paragrafin 2 thuhet se “Mandatari në afat prej 20 ditësh nga dita e besimit të mandatit, i paraqet Kuvendit program dhe propozon përbërjen e Qeverisë”, si dhe në paragrafin 3 se “Qeverinë, me propozim të mandatarit dhe në bazë të programit, e zgjedh Kuvendi me shumicë votash nga numri i përgjithshëm i deputetëve”.
Gjithashtu, parashtruesi i kërkesës thekson se nenet 43, 44, 45, 46, 47, 48, 49, 50 dhe 51 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 196/2015) janë në kundërshtim me nenin 90 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe për ato arsye ligji i kontestuar për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 142/ 2016) duhet të anulohet.
Në vazhdim të iniciativës, theksohet se në nenin 20 të Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006 , 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014, 196/2015, 142/2016, 140/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ numër 98/2019) në paragrafin 1 është përcaktuar se “Qeveria në mbledhjet e saj vendos me shumicën e votave të anëtarëve të Qeverisë”, respektivisht në paragrafin 2 se “Në rast se në mbledhjen e Qeverisë gjatë votimit ka pasur numër të barabartë votash, i miratuar konsiderohet vendimi për të cilin ka votuar Kryetari i Qeverisë” si dhe në paragrafin 3 se “Votimi në mbledhjet e Qeverisë është publik, përveç nëse është përcaktuar me Rregullore votimi për çështje të caktuara të kryhet në mënyrë sekrete”.
Më tej, theksohet se me Ligjin për plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 139/2014), janë zgjeruar kompetencat e “zëvendësministrave”, ku në nenin 19 pas paragrafit 1 të Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë është shtuar paragrafi i ri 2, si vijon: “Në rast të pengimit ose mungesës së anëtarit të Qeverisë, zëvendësministri mund të marrë pjesë dhe të vendosë në mbledhjen e Qeverisë, i cili zëvendëson anëtarin e Qeverisë me të gjitha të drejtat, detyrat dhe përgjegjësitë e tij dhe i njejti llogaritet në shumicën e të pranishmëve sikur të jetë i pranishëm anëtari që e zëvendëson, respektivisht “zëvendësministri” i merr të gjitha të drejtat, detyrat dhe përgjegjësitë e ministrit që e zëvendëson, kështu që “zëvendësministri” llogaritet në shumicën e të pranishmëve në mbledhjen e Qeverisë sikur të jetë i pranishëm anëtari i Qeverisë që zëvendëson “zëvendësministri” që është antikushtetuese, sepse në nenin 89 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut thuhet qartë se “Qeveria përbëhet nga Kryetari dhe ministrat”.
Parashtruesi i iniciativës i referohet edhe nenit 61 të Rregullores së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ku saktë janë të përcaktuara detyrat e nënkryetarëve të Kuvendit, përkatësisht në paragrafin 1 është paraparë se “nënkryetarët e Kuvendit e ndihmojnë Kryetarin e Kuvendit në punë dhe kryejnë punë të tjera nga fushëveprimi i tij”, përkatësisht në paragrafin 2 thuhet se “Në rast të pengimit apo mungesës së Kryetarit të Kuvendit, një nga zëvendëskryetarët e zëvendësojnë atë sipas orarit të paracaktuar prej më parë, duke pasur parasysh përfshirjen e barabartë të nënkryetarëve”.
Gjithashtu, parashtruesi thekson se Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka miratuar Ligjin për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 58/2000, 44/2002, 13/2006, 82/2008, 167/2010, 36/2011, 51/2011 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 96/2019, 110/2019 dhe 154/2019) në nenin 1 të të cilit thuhet se “Me këtë ligj rregullohet organizimi, kompetenca dhe puna e organeve të administratës shtetërore”.
Sipas parashtruesit të kërkesës, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka obligim që organizimin dhe funksionimin, gjegjësisht mënyrën e punës së Kuvendit ta rregullojë me Rregullore dhe kjo nuk nënkupton të drejtën për të përcaktuar “zëvendës deputetë”, “zëvendës të Kryetarit të Kuvendit”, “zëvendës shtesë të Kryetarit të Kuvendit”, “zëvendës të nënkryetarëve të Kuvendit” ose “zëvendës shtesë të nënkryetarëve të Kuvendit”.
Prandaj, obligimi nga neni 89 paragrafi 6 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut për të rregulluar organizimin dhe mënyrën e punës së Qeverisë me ligj nuk nënkupton futjen e funksioneve të reja “zëvendëskryetar të Qeverisë”, zëvendësit shtesë të Kryetarit të Qeverisë, “zëvendës të ministrave” apo “zëvendësve shtesë të ministrave” si institucione të veçanta, përkatësisht funksione që janë në kundërshtim me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Po ashtu, parashtruesi thekson se në nenin 4 të ligjit të kontestuar, saktësisht thuhet se “Ky ligj hyn në fuqi me ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë”, dhe do të zbatohet deri në ditën e publikimit të rezultateve përfundimtare nga Komisioni Shtetëror i Zgjedhjeve për zgjedhjet e parakohshme të zhvilluara për deputetë në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë që do të mbahen në vitin 2016″, respektivisht se ato kanë përfunduar me miratimin e Konkluzionit për publikimin e rezultateve përfundimtare dhe ndarjes së mandateve për zgjedhjen e deputetëve në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë, numër 10-4191/1 nga 28 dhjetori 2016 dhe për këtë duhet të anulohet ligji i kontestuar.
Bazuar në sa më sipër, propozohet që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së ligjit të kontestuar dhe më pas ta anulojë atë, pra deri në marrjen e vendimit përfundimtar, Gjykata Kushtetuese të nxjerrë vendim për ndalimin e realizimit të akteve dhe veprimeve individuale që do të rezultonin nga ligji i kontestuar.
3. Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 4 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 142/2016) është e përcaktuar qartë se “Ky ligj hyn në fuqi me ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë”, dhe do të zbatohet deri në ditën e shpalljes së rezultateve përfundimtare nga Komisioni Shtetëror i Zgjedhjeve për zgjedhjet e parakohshme për deputetë në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë të cilat do të mbahet në vitin 2016”.
4. Në nenin 110 paragrafi 1 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, qartë është paraparë se Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Në pajtim me nenin 28 paragrafi 3 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa të tjera procedurale për të vendosur për iniciativën.
Në Ligjin e kontestuar për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 142/2016), sipas nenit 4, është përcaktuar se “Ky ligj hyn në fuqi me ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” dhe do të zbatohet deri në ditën e shpalljes së rezultateve përfundimtare nga Komisioni Shtetëror i Zgjedhjeve për zgjedhjet e parakohshme të mbajtura për deputetë në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë, të cilat do të mbahet në vitin 2016”.
Në seancën e mbajtur më 28.12.2016, Komisioni Shtetëror i Zgjedhjeve doli me konkluzion për publikimin e rezultateve përfundimtare dhe ndarjen e mandateve për zgjedhjen e deputetëve në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë me nr. 10-4191/1.
Nga kjo që u tha më lartë, del qartë se Ligji i kontestuar për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë, i konsideruar nga 29 dhjetori 2016, ka pushuar të jetë pjesë e rendit juridik për shkak të natyrës së tij temporale dhe zbatimi i tij ka përfunduar në lidhje me përmbajtjen dhe efektin e tij.
Nga aty, Gjykata konstatoi se ka pengesa në proçes për veprimin e iniciativës dhe se kushtet për refuzimin e saj janë plotësuar në pajtim me nenin 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Lidhur me kërkesën në iniciativën për ndalimin e realizimit të akteve dhe veprimeve individuale që do të rezultonin nga ligji i kontestuar, Gjykata konstatoi se nuk kishte supozime procedurale në pajtim me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut për ndalimin e realizimit të akteve ose veprimeve individuale që do të rezultonin nga ligji i kontestuar.
5. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.
6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.270/2020
8 shkurt 2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska