У.бр.55/2022

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 18 јануари 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022).

2. Јове Кекеновски од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот, означен во точката 1 од Решението.

Подносителот на иницијативата, по цитирање на член 1 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022) со кој се менува член 87 од Законот, како и по цитирање на оспорениот член 3 од истиот закон, наведува дека оспорениот член 3 од Законот ги изедначува категориите – ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС, поради нивното вреднување со исти бодови, иако имаат различно ниво на квалификации/образование, што е неуставно, незаконски, неоправдано и неосновано, дотолку повеќе што зголемувањето на бодовите за опфатената категорија со оспорениот член 3 од Законот се однесува од моментот на примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014), односно ретроактивно.

Упатувајќи на член 32 од Уставот, според кој секој вработен има право на соодветна заработувачка и дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, наведува дека одредбите од законите не смеат да бидат контрадикторни, да дискриминираат или да привилегираат посебна категорија на државни службеници како што тоа се прави со оспорениот член 3 од Законот. Член 9 од Уставот ја гарантира еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите и затоа не смее да има посебна категорија граѓани (државни службеници) кои со одделни одредби од законите ќе бидат привилегирани, а друга категорија дискриминирани. Оттука, неуставно и незаконски е да се прави изедначување на административните службеници со помал број на стекнати ЕКТС кредити, со административните службеници со поголем број на стекнати кредити според ЕКТС, бидејќи со тоа едните се привилегираат, а другите се дискриминираат. Логично е да се постави и прашањето, зошто некој кој вложил повеќе време, труд, енергија и средства во надградување на сопственото знаење за да се стекне со повисоко образование и со поголем број на ЕКТС кредити, да биде изедначен со друг кој помалку вложувал.

Во продолжение на иницијативата се цитира член 51 став 1 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, како и член 52 став 4 од Уставот според кој законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните, по што подносителот наведува дека ретроактивната примена овозможена со оспорениот член 3 од Законот, е поволна само за една катeгорија на граѓани – државни службеници, меѓутоа истовремено е дискриминирачка и онеправдувачка за друга категорија на граѓани, посебно за оние со стекнато повисоко ниво на квалификации/образование. Подносителот поставува и прашање зошто законскиот минимум да не е вреднуван со ист број бодови и за подолните нивоа на стручна квалификација, односно за оние со ниво на квалификација V А, 60 до 120 кредити според ЕКТС или вишо образование и ниво на квалификација IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, туку тоа да важи само за ниво на квалификација VI Б, или 180 кредити според ЕКТС и тоа ретроактивно.

Од изнесените причини подносителот смета дека Уставниот суд треба да поведе постапка за оцена на уставноста на оспорениот член 3 од Законот и истиот да го поништи.

3. Судот на седницата утврди дека оспорениот член 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022), уредува дека бодовите на плата во делот на образованието за државниот службеник со ниво на квалификациите VI Б, односно стекнати 180 кредити според ЕКТС, кој засновал работен однос во институцијата заклучно со денот на започнувањето со примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14), ќе се вреднуваат со 56 бода.

4. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Со член 9 од Уставот, се гарантира еднаквоста на граѓаните на Република Северна Македонија во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Согласно член 32 од Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор, а од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Забраната на повратно дејство на законите и другите прописи, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните, е утврдена со член 52 став 4 од Уставот.

Со иницијативата се оспорува член 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022), со наводи дека е спротивен со член 9, член 32 и член 52 став 4 од Уставот.

Прашањата кои се однесуваат на административните службеници, пред да се донесе Законот за административни службеници, беа уредувани со два закони и тоа со Законот за државните службеници и Законот за јавните службеници.

Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014) влезе во сила на 13 февруари 2014 година, а неговата примена е започната на 13 февруари 2015 година.

Законодавецот, со измени на закони или со нови закони со кои претходните закони престануваат да важат, уредува засебни норми со кои обезбедува континуитет во уживањето на претходно стекнатите права на граѓаните. Оспорениот член 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022), којшто е засебна норма во делот на преодните и завршни одредби од предметниот закон, не е новина во Законот за административни службеници, бидејќи и пред уредувањето на оспорениот член 3 во предметниот закон, законодавецот уредил таква норма во Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014), односно член 111 став 3, содржан во делот на преодните и заврши одредби од Законот.

Пред донесувањето на Законот за административни службеници, образовaнието на државните службеници, се вреднуваше според Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014).

Член 35 став 2 од Законот за државните службеници уредуваше дека „Образованието утврдено во член 6 став 2 на овој закон се вреднува и тоа: за стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен 200 бода, за вишо образование 150 бода и за средно образование 100 бода”.

Видно, според Законот за државните службеници, образованието на вработените државни службеници со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС и со завршен VII/1 степен, се вреднуваат со исти бодови (200).

Со денот на започнувањето со примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014) престана да важи Законот за државните службеници.

Законот за административни службеници со член 87 став 2, образованието на вработените во институциите го вреднува на следниот начин и тоа: нивото на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, се вреднува со 200 бода, а нивото на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС, се вреднува со 175 бода, а претходно, со Законот за државните службеници образованието на вработените државни службеници за стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС, а и за завршен VII/1 степен, се вреднуваат со 200 бода.

Заради обезбедување на континуитет на веќе стекнатото право од 200 бода (стекнати според Законот за државните службеници), законодавецот, во истиот Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014), го пропиша член 111 став 3 (преодни и заврши одредби), според кој:

(3) Бодовите на плата во делот на образованието за државниот службеник со ниво на квалификациите VI Б, односно стекнати 180 кредити според ЕКТС, кој засновал работен однос во институцијата заклучно со денот на започнувањето со примената на овој закон, ќе продолжат да се вреднуваат согласно со Законот за државните службеници, односно со 200 бода.

Со законското решение од член 111 став 3 од Законот за административни службеници, законодавецот всушност обезбедил правна сигурност за граѓаните (државни службеници) дека новото вреднување на образованието со 175 бода за нивото на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС, нема да се однесува наназад и за вработените кои за тоа ниво веќе стекнале 200 бода согласно Законот за државните службеници, и ќе продолжат да се вреднуваат согласно со Законот за државните службеници, односно со 200 бода. Во спротивно, доколку и тие вработени беа опфатени со нововостановеното вреднување на образованието, би се довел во прашање уставниот принцип од член 52 став 4 од Уставот со кој се уредува забрана на повратно дејство на законите и другите прописи, освен по исклучок, во случаите кога тоа е поповолно за граѓаните, а во конкретниот случај, тоа очигледно не е поповолно за граѓаните.

Понатаму, со член 1 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022) којшто подносителот го споменува во иницијативата, се врши измена на член 87 од Законот, а став 2 од овој член, со измената станува став 3, при што содржината во однос на видот на нивоата на квалификации/образование останува истa, како и пред неговата измена, а само се изменети бодовите за соодветните нивоа, поточно, за ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, образованието наместо со 200 бода, се вреднува со 56 бода; за ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС, образованието наместо со 175 бода, се вреднува со 31 бод; за ниво на квалификации V А, 60 до 120 кредити според ЕКТС или вишо образование, образованието наместо со 150 бода, се вреднува со 11 бода и за ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, образованието наместо со 100 бода, се вреднува со 1 бод.

Следствено на соодветното менување на бодовите за нивоата на квалификации/образование (од 200 бода на 56 бода…) и во функција на обезбедување на континуитетот на веќе стекнатото право од 200 бода, сега 56 бода, законодавецот во Законот за изменување на Законот за административните службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 99/2022), го уреди оспорениот член 3, според кој „Бодовите на плата во делот на образованието за државниот службеник со ниво на квалификациите VI Б, односно стекнати 180 кредити според ЕКТС, кој засновал работен однос во институцијата заклучно со денот на започнувањето со примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014), ќе се вреднуваат со 56 бода“.

Според Судот, со уредувањето на ваквите одредби во законите се води сметка за стекнатото право од работен однос за граѓаните, што е во функција на доследно почитување на уставниот принцип на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните како негов составен дел. Правото кое е стекнато за време на важење на еден закон не може да биде изменето, ограничено или во целост да биде одземено со подоцнежна измена на законот, а со оспореното законско решение токму се гарантира претходно стекнатото право на вреднување на образованието.

5. Имајќи го предвид погоре наведеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот член 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022) со одредбите на Уставот на кои се повикува подносителот во иницијативата.

6. Поради изнесеното, Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.55/2022
18 јануари 2023 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

Издвоено мислење по предметот У.бр.55/2022

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 18 janar 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 3 të Ligjit për ndryshimin e Ligjit për nëpunës administrativ („Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022).

2. Jove Kekenovski nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka dërguar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së Ligjit, të përcaktuar në pikën 1 të Aktvendimit.

Parashtruesi i iniciativës, pasi ka cituar nenin 1 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për nëpunësit administrativ (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022) me të cilin ndryshohet neni 87 i Ligjit, si dhe pas citimit të nenit 3 të kontestuar të të njëjtit ligj, thekson se neni 3 i kontestuar i ligjit barazon kategoritë – nivelin e kualifikimit VI A, 240 kredi sipas EKTS ose shkalla e përfunduar VII/1 dhe niveli i kualifikimit VI B ose 180 kredi sipas EKTS, për shkak të vlerësimit të tyre me të njëjtat pikë, ndonëse kanë nivel kualifikimi/arsimimi të ndryshëm, gjë që është antikushtetuese, e paligjshme, e pajustifikuar dhe e pabazuar, aq më tepër që rritja e pikëve për kategorinë e përfshirë me nenin 3 të kontestuar të Ligjit ka të bëjë nga momenti i zbatimt të Ligjit për nëpunësit administrativ (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 27/2014), gjegjësisht në mënyrë retroaktive.

Referuar nenit 32 të Kushtetutës, sipas të cilit çdo punonjës ka të drejtë në pagë të përshtatshme dhe se ushtrimi i të drejtave të punonjësve dhe pozicioni i tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive, thekson se dispozitat e ligjeve nuk duhet të kundërshtojnë, diskriminojnë apo privilegjojnë një kategori të veçantë të nëpunësve shtetëror siç veprohet me nenin 3 të kontestuar të ligjit. Neni 9 i Kushtetutës garanton barazinë e qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjeve, prandaj nuk guxon të ketë një kategori të veçantë të qytetarëve (nëpunësve shtetëror) të cilët do të privilegjohen me dispozita të veçanta të ligjeve dhe një kategori tjetër do të diskriminohet. Prandaj, është jokushtetuese dhe i paligjshëm barazimi i nëpunëvse administrativ me numër më të vogël të kredive të fituara EKTS-së, me nëpunësit administrativë me numër më të madh të krediteve të fituara sipas EKTS-së, sepse duke vepruar kështu njëri privilegjohet dhe tjetri diskriminohet. Është logjike të shtrohet pyetja, pse dikush që ka investuar më shumë kohë, përpjekje, energji dhe fonde në përmirësimin e njohurive të veta për të marrë një arsim të lartë dhe me një numër më të madh kredish EKTS-së, duhet të jetë i barabartë me një tjetër që ka investuar më pak.

Në vazhdim të iniciativës citohet neni 51 paragrafi 1 i Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullimet tjera me Kushtetutë dhe me ligj, si dhe neni 52 paragrafi 4 i Kushtetutës sipas të cilit ligjet dhe dispozitat e tjera nuk mund të kenë veprim prapavepruese, përveç përjashtimit në rastet kur është më e favorshme për qytetarët, me çka parashtruesi thekson se zbatimi prapaveprues i mundësuar me nenin 3 të kontestuar të ligjit, është i favorshëm vetëm për një kategori të qytetarëve – nëpunës shtetëror, por njëkohësisht është diskriminues dhe i padrejtë ndaj një kategorie tjetër të qytetarëve, veçanërisht ndaj atyre me nivel më të lartë kualifikimi/arsimimi. Parashtruesi pyet gjithashtu se përse minimumi ligjor nuk vlerësohet me të njëjtin numër pikësh për nivelet më të ulëta të kualifikimit profesional, pra për ata me nivel kualifikimi V A, 60 deri në 120 kredi sipas EKTS-së ose arsimit të lartë dhe nivelit të kualifikimit IV, 240 kredi sipas ECVET ose MKSOO ose arsim të mesëm katërvjeçar, por që vlen vetëm për nivelin e kualifikimit VI B, ose 180 kredi sipas EKTS-së edhe atë në mënyrë retroaktive.

Për arsyet e cekura, parashtruesi konsideron se Gjykata Kushtetuese duhet të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 3 të kontestuar të Ligjit të dhe ta anulojë atë.

3. Gjykata në seancë konstatoi se neni 3 i kontestuar i Ligjit për ndryshimin e Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022), rregullon se pikët e pagave në pjesën e arsimit për nëpunësin shtetëror me nivelin e kualifikimeve VI B, respekticisht me 180 kredi të fituara sipas EKTS-së, me të cilat ka krijuar marrëdhënie pune në institucion që nga dita e fillimit të zbatimit të Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonia” numër 27/14), do të vlerësohet me 56 pikë.

4. Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i të drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Neni 9 i Kushtetutës garanton barazinë e qytetarëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut në liri dhe të drejta pa marrë parasysh gjininë, racën, ngjyrën e lëkurës, origjinën kombëtare dhe shoqërore, besimin politik dhe fetar, pronën dhe pozitën shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.

Sipas nenit 32 të Kushtetutës, çdokush ka të drejtën e punës, zgjedhjen e lirë të punës, mbrojtjen gjatë punës dhe sigurimin material gjatë papunësisë së përkohshme. Çdo punë është e disponueshme për të gjithë, në kushte të barabarta. Çdo punonjës ka të drejtë për fitime të mjaftueshme. Çdo punonjës ka të drejtën e pushimit ditor, javor dhe vjetor dhe punonjësit nuk mund të heqin dorë nga këto të drejta. Realizimi i të drejtave të punonjësve dhe pozicioni i tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregulloret tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe se secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Ndalimi i veprimit prapaveprues të ligjeve dhe rregulloreve të tjera, përveç përjashtimit, në rastet kur është më i favorshëm për qytetarët, përcaktohet me nenin 52 paragrafi 4 të Kushtetutës.

Iniciativa konteston nenin 3 të Ligjit për ndryshimin e Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022), me pretendimet se është në kundërshtim me nenin 9, nenin 32 dhe nenin 52 paragrafi 4 të Kushtetutës.

Çështjet që kanë të bëjnë me nëpunësit administrativë, para miratimit të Ligjit për nëpunësit administrativë, rregulloheshin me dy ligje, Ligji për nëpunësit shtetërorë dhe Ligji për nëpunësit administrativ.

Ligji për nëpunësit administrativë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 27/2014) ka hyrë në fuqi më 13 shkurt 2014, ndërsa zbatimi i tij ka filluar më 13 shkurt 2015.

Ligjvënësi, duke ndryshuar ligje ose me ligje të reja me të cilat ligjet paraprake pushojnë së vlejturi, rregullon norma të veçanta me të cilat siguron vazhdimësinë në gëzimin e të drejtave të fituara më parë të qytetarëve. Sipas nenit 3 të kontestuar i Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022), i cili është normë e veçantë në pjesën e dispozitave kalimtare dhe përfundimtare të ligjit në fjalë, nuk është risi në Ligjin për nëpunësit administrativë, sepse edhe para se të miratohej neni 3 i kontestuar në ligjin në fjalë, ligjvënësi një normë të tillë e ka nxjerrë në Ligjin për nëpunësit administrativ (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 27/2014), përkatësisht neni 111 paragrafi 3, i cili gjendet në pjesën për dispozitat kalimtare dhe përfundimtare të ligjit.

Para miratimit të Ligjit për nëpunësit administrativë, shkollimi i nëpunësve civilë vlerësohej sipas Ligjit për nëpunësit shtetërorë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 dhe 132/2014).

Neni 35 paragrafi 2 i Ligjit për nëpunësin shtetërorë rregullonte se “Arsimi i përcaktuar në nenin 6 paragrafi 2 i këtij ligji vlerësohet si vijon: për të fituar së paku 180 kredi sipas EKTS-së ose të ketë përfunduar shkallën VII/1 200 pikë, për arsimin e lartë 150 pikë dhe për arsimin e mesëm 100 pikë”.

Siç duket, sipas Ligjit për nëpunësit shetërorë, arsimimi i nëpunësve të punësuar shtetërorë me të paktën 180 kredi të fituara sipas EKTS-së dhe me shkallë VII/1 të përfunduar, vlerësohet me të njëjtat pikë (200).

Në ditën e fillimit të zbatimit të Ligjit për nëpunësit administrativë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 27/2014), Ligji për nëpunësit shtetërorë pushoi së vlejturi.

Ligji për nëpunësit administrativ me nenin 87 paragrafi 2 e vlerëson arsimimin e të punësuarve në institucione në këtë mënyrë: niveli i kualifikimit VI A, 240 kredi sipas EKTS-së ose shkalla e përfunduar VII/1, vlerësohet me 200 pikë, dhe Niveli i kualifikimit VI B ose 180 kredi sipas EKTS-së, vlerësohet me 175 pikë, dhe më parë, me Ligjin për nëpunësin shtetëror, shkollimi i nëpunësve të punësuar shtetërorë për të fituar së paku 180 kredite sipas EKTS-së, dhe për shkallën e përfunduar VII/1, vlerësohet me 200 pikë.

Me qëllim të sigurimit të vazhdimësisë së të drejtës tashmë të fituar prej 200 pikësh (të fituara me Ligjin për nëpunësit shtetërorë), ligjvënësi, në të njëjtin ligj për nëpunësit administrativ (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 27/2014), parashihet neni 111 paragrafi 3 (dispozitat kalimtare dhe të përfunduara), sipas të cilit:

(3) Pikët e pagave në pjesën e arsimit për nëpunësin shtetëror me kualifikim të nivelit VI B, gjegjësisht 180 kredi të fituara sipas EKTS, me të cilat është krijuar marrëdhënia e punës në institucion që nga dita e fillimit të zbatimit të këtij ligji do të fillojnë të vlerësohen në përputhje me Ligjin për nëpunës shtetëror, respektivisht me 200 pikë.

Me zgjidhjen ligjore nga neni 111 paragrafi 3 i Ligjit për nëpunësit administrativ, ligjvënësi në fakt ka ofruar siguri juridike për qytetarët (nëpunësit shtetërorë) që vlerësimi i ri i arsimit me 175 pikë për nivelin e kualifikimit VI B ose 180 kredi sipas EKTS-së, nuk do të zbatohet në mënyrë retroaktive dhe për të punësuarit të cilët për atë nivel tashmë kanë fituar 200 pikë në përputhje me Ligjin për nëpunësit shtetërorë, dhe do të vazhdojnë të vlerësohen në përputhje me Ligjin për nëpunësit shtetërorë, pra me 200 pikë. Në të kundërtën, nëse edhe ata punonjës do të përfshiheshin nga vlerësimi i sapokrijuar i arsimit, do të vihej në pikëpyetje parimi kushtetues i nenit 52 paragrafi 4 i Kushtetutës, i cili rregullon ndalimin e veprimit prapaveprues të ligjeve dhe rregulloreve të tjera, përveç si përjashtim, në rastet kur është më e favorshme për qytetarët, e në rastin konkret, padyshim nuk është më e favorshme për qytetarët.

Për më tepër, me nenin 1 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022) të cilin parashtruesi i kërkesës e përmend në iniciativë, bëhet ndryshim i nenit 87 të ligjit ndërsa paragrafi 2 i këtij neni, me ndryshimin bëhet paragraf 3, ndërsa përmbajtja për llojin e niveleve të kualifikimit/arsimimit mbetet e njëjtë si para ndryshimit të tij dhe janë ndryshuar vetëm pikët për nivelet përkatëse, më saktë për nivelin e kualifikimit VI A, 240 kredi sipas EKTS-së ose shkalla e përfunduar VII/1, arsimi vlerësohet me 56 pikë në vend të 200 pikëve; për nivelin e kualifikimit VI B ose 180 kredi sipas EKTS-së, arsimi vlerësohet me 31 pikë në vend të 175 pikëve; për nivelin e kualifikimit V A, 60 deri në 120 kredi sipas EKTS ose arsimit të lartë, arsimi në vend se me 150 pikë, vlerësohet me 11 pikë dhe për nivelin e kualifikimit IV, 240 kredi sipas ECVET ose MKSOO ose arsimit të mesëm katërvjeçar, arsimi në vend se me 100 pikë, vlerësohet me 1 pikë.

Si rezultat i ndryshimit të duhur të pikëve për nivelet e kualifikimit/arsimimit (nga 200 pikë në 56 pikë…) dhe për të siguruar vazhdimësinë e së drejtës tashmë të fituar prej 200 pikësh, tashmë 56 pikë, ligjvënësi në Ligjin për ndryshimin e Ligjit për nëpunësit administrativ (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022), e rregulloi nenin 3 kontestues, sipas të cilit “Pikët e pagave në pjesën e arsimit për nëpunësit shtetërorë me nivelin e kualifikimit VI B, respektivisht 180 kredi të fituara sipas EKTS-së, i cili ka krijuar marrëdhënie pune në institucion nga dita e fillimit të zbatimit të Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 27/2014), do të vlerësohet me 56 pikë”.

Sipas Gjykatës, me rregullimin e dispozitave të tilla në ligje, merret parasysh e drejta e fituar nga marrëdhënia e punës për qytetarët, e cila është funksion i respektimit të vazhdueshëm të parimit kushtetues të shtetit të së drejtës dhe sigurisë juridike të qytetarëve si pjesë përbërëse e saj. E drejta e fituar gjatë vlefshmërisë së një ligji nuk mund të modifikohet, përkufizohet apo hiqet plotësisht me një ndryshim të mëvonshëm të ligjit dhe zgjidhja ligjore e kontestuar garanton të drejtën e fituar më parë për të vlerësuar arsimin.

5. Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata konsideroi se nuk mund të parashtrohet pyetja për pajtueshmërinë e nenit 3 të kontestuar të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për nëpunës administrativ (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022) me dispozitat e Kushtetutës të cilave u referohet parashtruesi në iniciativë.

6. Për shkak të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.

7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.55/2022
18 janar 2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska