Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 декември 2022 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценка на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, бр.44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20, 118/20 и 125/20).
2. Сашо Балабанов од Штип, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение.
Според подносителот на иницијативата, оспорената уредба не е во согласност со член 8 став 1, член 9 член 11, член 25, член 39, член 40, член 41, член 42, член 44 и член 51. Во иницијативата се цитира оспорениот акт, се цитираат делови од Заклучокот од 45-та седница на Владата на Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците за учебната 2021-2022 година, се цитираат членови од Законот за здравствената заштита, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за основното образование. Во однос на наводите во иницијативата, од страна на секретарот на Уставниот суд е побарано дополнување и прецизирање на иницијативата во однос на тоа кој акт или кои одредби се оспоруваат од точките 2 и 3 од иницијативата и поради кои причини се оспоруваат, при што бил оформен предметот Р.бр.64/2021 година. Но, и покрај поднесеното барање за прецизирање на наводите, не е извршено целосно прецизирање. Во дополнувањето на иницијативата се бара Судот да донесе одлука со која ќе утврди дека оспорената уредба во целост и одлуката со која била донесена како и наведените точки од цитираниот Протокол биле противуставни и противзаконити и затоа требало истите да се поништат.
3. Судот на седница утврди дека член 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/20), гласи: Со оваа уредба со законска сила се уредува носењето лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението, како и надзорот над спроведувањето на носењето лична заштита на лицето, за време на траењето на вонредната состојба.
Според член 2 од оваа уредба се утврдува дека секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично). Под лична заштита на лицето од ставот 1 на овој член, се подразбира каква било форма на заштита којашто го покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). По исклучок од ставот 1 на овој член, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштита на лицето, ако: носи посебна лична заштита на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи, престојува во двор на станбена семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено како индивидуални спортски активности, патува во патничко моторно возило со лица со кои што лицето живее во заедница или домаќинство или се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.
Согласно член 3 од оспорената уредба „Сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема од член 2 од оваа уредба со законска сила“.
Во член 4 од истата уредба е утврдено дека Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат вршат надзор над спроведувањето на одредбите од оваа уредба со законска сила, секој во однос на одредбите од оваа уредба со законска сила, за прашањата за кои тие се надлежни согласно закон.
Според член 5 од оваа уредба е утврдено дека во случај на прекршување на одредбите од членовите 2 и 3 од оваа уредба со законска сила, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила до 30 април 2020 година, надлежните органи од член 4 од оваа уредба со законска сила, ќе изрекуваат писмени опомени.
Во член 6 од оспорената уредба се утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од член 2 од оваа уредба со законска сила. Глоба во износ од 2000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила. Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила.
Понатаму, со член 7 од оспорената уредба е уредено дека оваа уредба со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба, како и до завршување на пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската здравствена организација. Во член 8 од Уредбата е утврдено дека истата влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Со Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 118/20 и со Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата со ист наслов објавена во истото службено гласило бр.125/2020), Уредбата била дополнета и измената.
4. Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.
Со член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 257/2020) во член 28 од Законот се направени измени, меѓу кои, во оваа одредба се додаваат повеќе ставови. Со новиот став 8 на член 28 од Законот се предвидува дека Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките од ставот 6 на овој член ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.
Со член 9 од истиот закон, меѓу другото, се утврдува дека Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20, 118/20 и 125/20) престанува да важи со денот на влегувањето во сила на актот на Владата на Република Северна Македонија од член 28 став 8 од овој закон.
Врз основа на ваквото законско овластување Владата носи Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена на 4 ноември 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/2020.
Со член 19 од Одлуката предвидено е истата да влезе во сила со денот на објавувањето, односно во овој случај 4 ноември 2020.
Членот 18 од Законот, предвидува со денот на влегување во сила да престане да важи Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, со повеќе нејзини измени и доплнувања, меѓу кои и одлуките објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/2020 и 125/2020, оспорени во постапка пред овој суд.
Имајќи го предвид наведеното произлегува дека оспорената уредба и означената втора измена и дополнување не се дел од правниот поредок сметано од 4 ноември 2020 година.
По однос на Уредбата за дополнување на оспорената уредба објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 118/2020, која е предмет на оспорување неспорно е дека не е означена нумерички во цитираните изданија на службените гласила во член 18 од означената одлука како акт кој престанува да важи. Сепак, Судот утврди дека и овој акт, оваа дополна, престанала да важи на означениот датум. Имено, станува збор за дополнување на текст на Уредбата кој не може самостојно да опстои и ја дели правната судбина на актите на кои им претходи. Воедно, во член 9 од цитираниот закон е предвидено и овој акт да престане да важи со донесување и влегување во сила на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.
Оттаму, по однос на оспорениот акт со неговите измени и дополнувања, Судот оцени дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот за отфрлање на иницијативата.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од Решението.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.11/2022
20.12.2022 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 paragrafit 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 dhjetor 2022, miratoi
A K T V E N D I M
1. REFUZOHET iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Urdhëresës me fuqi ligjore për mbajtjen e mbrojtjes personale në fytyrë me qëllim parandalimin e përhapjes, çrrënjosjen e sëmundjes infektive të shkaktuara nga koronavirusi COVID-19 dhe mbrojtjen e popullatës gjatë në gjendje të jashtëzakonshme, miratuar nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut, nr. 44-3324/1, nga 22 prilli 2020 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 107/20, 118/20 dhe 125/20 ).
2. Sasho Ballabanov nga Shtipi, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së aktit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
Sipas parashtruesit të iniciativës, urdhëresa e kontestuar nuk është në përputhje me nenin 8 paragrafi 1, nenin 9, nenin 11, nenin 25, nenin 39, nenin 40, nenin 41, nenin 42, nenin 44 dhe nenin 51. Në iniativë është cituar akti i kontestuar, citohen pjesë nga Konkluzioni i mbledhjes së 45-të të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut për realizimin e procesit edukativ arsimor me pjesmarrje fizike të nxënësve për vitin shkollor 2021-2022, citohen nenet nga Ligji për mbrojtje shëndetësor, Ligji për mbrojtjen e popullsisë nga sëmundjet infektive dhe Ligji për arsimin fillor. Në lidhje me pretendimet në iniciativë, sekretari i Gjykatës Kushtetuese ka kërkuar plotësimi dhe saktësimi i iniciativës në lidhje me atë se cili akt apo cilat dispozita kontestohen nga pikat 2 dhe 3 të iniciativës dhe për çfarë arsye kontestohen me çka është formuar lënda R. nr.64/2021. Megjithatë edhe krahas kërkesës së parashtruar për saktësimin e konstatimeve nuk është bërë saktësim i plotë. Në plotësimin e iniciativës, Gjykatës i kërkohet të miratojë vendim me të cilin do të përcaktojë se urdhëresa e kontestuar në tërësi dhe vendimi me të cilin është miratuar si dhe pikat e theksuara të Protokollit të cituar kanë qenë kundër kushtetuese dhe të kundërligjshme dhe për këtë arsye duhet të njëjtat të anulohen.
3. Gjykata në seancë vendosi se neni 1 i Urdhëresës me fuqi ligjore për mbajtjen e mbrojtëse personale në fytyrë me qëllim parandalimin e përhapjes, çrrënjosjen e sëmundjes infektive të shkaktuara nga koronavirusi COVID-19 dhe mbrojtjen e popullatës në gjendje të jashtëzakonshme. (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 107/20), si vijon: Me këtë urdhëres me fuqi të ligjit rregullohet mbjtja e mbrojtëse personale me qëllim të parandalimit të përhapjes, çrrënjosjes së sëmundjes infektive të shkaktuara nga koronavirusi COVID-19 dhe mbrojtjen e popullatës, si dhe mbikëqyrjen mbi zbatimin e mbajtjes së mbrojtëses personale në fytyrë, gjatë kohëzgjatjes së gjendjes së jashtëzakonshme.
Sipas nenit 2 të kësaj urdhërese, përcaktohet se çdo person fizik vendas apo i huaj në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut është i obliguar të mbajë mbrojtje personale në fytyrë gjatë daljes nga shtëpia e tij, gjegjësisht gjatë lëvizjes në vende publike dhe sipërfaqeve të hapura dhe të mbyllura, në tregje, në transport publik dhe gjatë hyrjes në ambiente të mbyllura të operatorëve që për nga natyra e veprimtarisë së tyre përfaqësojnë një vend grumbullimi të më shumë personave (institucionet shtetërore, markete, dyqane, banka, postat, dhomat e pritjes, institucionet shëndetësore etj.). Nën mbrojtjen personale të fytyrës nga paragrafi 1 i këtij neni, nënkuptohet çdo formë e mbrojtjes që mbulon zonën e hundës dhe gojës (maskë respiratore FFP2 ose standard më të lartë, maskë kirurgjikale njëpërdorimshme, maskë tekstili e ripërdorshme, shall ose shami mëndafshi, shall ose shami pambuku, bandana, etj.). Me përjashtim të paragrafit 1 të këtij neni, çdo person fizik vendas ose i huaj në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut mund të mos e mbajë pajisjen mbrojtëse personale nëse: mban pajisje speciale mbrojtëse personale në fytyrë në kuadër të kryerjes së detyrave të punës , qëndron në oborrin e shtëpie familjare, nget biçikletë ose bën sport në hapësirë të hapur si aktivitete sportive individuale, udhëton në mjet motorik me persona me të cilët personi jeton në bashkësi ose familje ose lëviz në vende publike dhe zona të hapura dhe plotësisht ruan distancën e lejuar prej të paktën dy metrash nga një person tjetër.
Në bazë të nenit 3 të urdhëresës së kontestuar “Të gjitha personat juridikë vendas dhe të huaj në territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të obliguar që në selitë e tyre, filialet dhe objektet në të cilat ushtrojnë veprimtarinë e tyre, të sigurojnë mbajtjen e mbrojtjes personale në fytyrë nga të gjithë personat fizikë të cilët punojnë dhe të ndalojë hyrjen dhe lëvizjen nëpër këto hapësira të çdo personi fizik që hyn si vizitor në këto hapësira dhe i cili nuk mban pajisje mbrojtëse personale nga neni 2 i kësaj urdhërese me fuqi të ligjit.
Në nenin 4 të urdhëresës së njëjtë përcaktohet se Ministria e Punëve të Brendshme, Inspektorati Shtetëror Sanitar dhe Shëndetësor, Inspektorati Shtetëror i Punës dhe Inspektorati Shtetëror i Tregut kryejnë mbikëqyrje mbi zbatimin e dispozitave të kësaj urdhërese me me fuqi të ligjit, secili në lidhje me dispozitat e kësaj urdhërese me fuqi të ligjit, për çështjet për të cilat janë kompetente në pajtim me ligjit.
Sipas nenit 5 të kësaj urdhërese përcaktohet se në rast të shkeljes së dispozitave të neneve 2 dhe 3 të kësaj urdhërese me fuqi të ligjit, nga data e hyrjes në fuqi të kësaj urdhërese me fuqi të ligjit deri më 30 prill 2020, organet kompetente nga neni 4 i kësaj urdhërese me fuqi të ligjit, do të shqiptojnë vërejtje me shkrim.
Në neni 6 të urdhëresës së kontestuar përcaktohet se gjobë në shumë prej 20 euro në kundërvlerë në denarë do t’i shqiptohet për kundërvajtje çdo personi fizik vendas apo të huaj nëse vepron në kundërshtim me dispozitat e nenit 2 të kësaj urdhërese me fuqi të ligjit. Gjobë në shumë prej 2.000 euro në kundërvlerë në denarë do t’i shqiptohet për kundërvajtje cilit do person juridik vendas apo të huaj nëse vepron në kundërshtim me dispozitat e nenit 3 të kësaj urdhërese me fuqi të ligjit. Gjobë në shumë prej 500 euro në kundërvlerë në denarë do t’i shqiptohet për kundërvajtje çdo personi përgjegjës në personin juridik nëse vepron në kundërshtim me dispozitat e nenit 3 të kësaj urdhërese me fuqi të ligjit.
Më tej, me nenin 7 të urdhëresës së kontestuar rregullohet se kjo urdhëresë me fuqi të ligjit zbatohet gjatë kohëzgjatjes së gjendjes së jashtëzakonshme, si dhe deri në përfundimin e pandemisë me COVID-19 të shpallur nga Organizata Botërore e Shëndetësisë. Në nenin 8 të Urdhëresës, është përcaktuar se e njëjta hyn në fuqi ditën e nesërme nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Me Urdhëresën për plotësimin e Urdhëresës me fuqi të ligjit për mbajtjen e mbrojtjes personale në fytyrë me qëllim parandalimin e përhapjes, çrrënjosjen e sëmundjes infektive të shkaktuara nga koronavirusi COVID-19 dhe mbrojtjen e popullatës gjatë kohës së gjendjes së jashtëzakonshme, botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 118/20 dhe me Urdhëresën për ndryshimin dhe plotësimin e Urdhëresës me të njëjtin titull botuar në të njëjtën gazetë zyrtare nr.125/2020), Urdhëresa është plotësuar dhe ndryshuar.
4. Në pajtim me nenin 110 alineja 2 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave tjera dhe marrëveshjeve kolektive dhe me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 28 paragrafi 3 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse ka pengesa të tjera procedurale për të vendosur për iniciativën.
Me nenin 1 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për mbrojtjen e popullatës nga sëmundjet ngjitëse (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 257/2020) janë bërë ndryshime në nenin 28 të Ligjit, ndër të cilat në këtë dispozitë shtohen më shumë paragrafë. Me paragrafin e ri 8 të nenit 28 të Ligjit, është paraparë se Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut me propozim të Ministrisë së Shëndetësisë vendos se cilat nga masat nga paragrafi 6 i këtij neni do të zbatohen, rastet në të cilat do të zbatohen dhe për çfarë periudhe kohore.
Me nenin 9 të të njëjtit ligj, ndër të tjera, përcaktohet se urdhëresa me fuqi të ligjit për mbajtjen e mbrojtjes personale në fytyrë me qëllim parandalimin e përhapjes, çrrënjosjen e sëmundjes infektive të shkaktuar nga koronavirusi COVID-19 dhe mbrojtjen e popullatës gjatë kohës së gjendjes së jashtëzakonshme (“Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 107/20, 118/20 dhe 125/20) pushon së vlejturi me ditën e hyrjes në fuqi të aktit të Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut nga Neni 28 paragrafi 8 i këtij ligji.
Në bazë të këtij autorizimi ligjor, Qeveria merr Vendim për rekomandimet parandaluese, masat e përkohshme, masat e urdhëruara, protokollet e dedikuara, planet dhe algoritmet për veprim për mbrojtjen e shëndetit të popullatës nga sëmundja infektive COVID-19 e shkaktuar nga SARS-CoV- 2 virusi, rastet dhe periudha kohore e aplikimit të tyre, të publikuar më 4 nëntor 2020 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 263/2020.
Me nenin 19 të Vendimit është paraparë që i njëjti të hyjë në fuqi me ditën e publikimit, përkatësisht në këtë rast më 4 nëntor 2020.
Neni 18 i Ligjit, parasheh me ditën e hyrjes në fuqi të pushojë së vlejturi Vendimi për masat për parandalimin e futjes dhe përhapjes së koronavirusit COVID-19, me disa ndryshime dhe plotësime të tij, ndër të cilat edhe vendimet e publikuara në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 107/2020 dhe 125/2020, të kontestuara në procedurë para kësaj gjykate.
Duke pasur parasysh të lartpërmendurën, rezulton se urdhëresa e kontestuar dhe ndryshimi dhe plotësimi i dytë i shënuar nuk janë pjesë e rendit juridik llogaritur nga 4 nëntori i vitit 2020.
Në lidhje me Urdhëresën për plotësimin e Urdhëresës së kontestuar të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 118/2020, që është lëndë e kontestimit e pa kontestueshme është se nuk është shënuar në mënyrë numerike në citimin e botimeve në gazetat zyrtare në nenin 18 të vendimit të shënuar si akt i cili pushon së vlejturi. Megjithatë, Gjykata përcaktoi se ky akt, ky plotësim, pushoi së vlejturi në datën e shënuar. Domethënë, bëhet fjalë për plotësim të tekstit të Urdhëresës, i cili nuk mund të qëndrojë më vete dhe ndan fatin juridik të akteve që i paraprijnë. Njëkohësisht, në nenin 9 të ligjit të cituar parashihet se ky akt do të pushojë së vlejturi me miratimin dhe hyrjen në fuqi të Vendimit për rekomandime parandaluese, masa të përkohshme, masa të urdhëruara, protokolle të dedikuara, plane dhe algoritme për veprim për mbrojtjen e shëndetit të popullatës nga sëmundja infektive COVID-19 e shkaktuar nga virusi SARS-CoV-2, rastet dhe periudhën kohore të zbatimit të tyre.
Së këndejmi, në lidhje me aktin e kontestuar me ndryshimet dhe plotësimet e tij, Gjykata vlerësoi se janë plotësuar kushtet nga neni 28 alineja 3 e Rregullores së për refuzimin e iniciativës.
5. Në bazë të asaj që u theksua më lart, Gjykata vendosi si në pikën 1 të Vendimit.
6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.11/2022
20.12.2022
Shkup
KRYETARE
E Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska