Соопштение по одржаната 2. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 2. седница од 2023 година со дневен ред на кој беа закажани  четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и три барања за заштита на слободи и права. Дополнително се дискутираше по уште еден предмет, по предлог на еден од судиите кој даде дополнување на рефератот. 

У.бр.28/2022

По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот,  судијата-известител го повлече рефератот по предметот и Судот го одложи разгледувањето и одлучувањето по предметот за една од наредните седници.

Оспорен: Член 44 став 2 од од Законот за социјалната заштита

Подносител на иницијативата:Благоја Новески 

У.бр.50/2022

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 134 ставови 2 и 3 од Законот за работните односи.

Подносител на иницијативата: Старбаг АГ Подружница Старбаг Скопје преку законски застапници Игор Максимовиќ и Владан Видиќ.

У.бр.79/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор.

Подносител: Зоран Видевски и Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и законски застапник Павле Беловски преку адвокатот Горан Андревски.

У.бр.55/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници.

Подносител: Јове Кекеновски

У.бр.171/2020

Предметот останува незавршен, поради недобиено мнозинство гласови при одлучувањето по конкретен предлог. Ќе биде ставен на некоја од наредните седници.

Подносител на барањето: Влатко Сајковски 

Подносителот бара да се утврди дискриминација по однос на политичка припадност, според него сторена од страна на Собранието преку Одлука и две пресуди, една од Основниот суд Кичево и втората донесена од Апелациониот суд Гостивар. 

У.бр.146/2021

Во текот на советувањето и гласањето судиите го усогласија ставот дека со пресудите е направена повреда на неговите права, но Уставниот суд немаше мнозинство гласови за сите точки кои го сочинуваат конечниот предлог, а се однесуваат на правната судбина на двете пресуди, што значи дека овој предмет не е завршен.  Предметот ќе биде повторно ставен на дневен ред на некоја од наредните седници. 

Подносител на барањето за заштита на слободи и права е Влатко Стојановски преку адвокат Филип Медарски од Скопје.

Повеќе информации за денешната дискусија и одлучување тука.

У.бр.54/2020

Судијата известител предложи рефератот да се одложи за некоја од наредните седници.

Подносителка на барањето: Емилија Петковска застапувана од адвокатка Весна Јовановска.