ЈАВЕН ОГЛАС број – 1/22 за вработување во Стручната служба на Уставниот суд

          Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година и Су.бр.70/22 од 24 јануари 2022 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2022

за вработување на неопределено време во Стручната служба

на Уставниот суд на Република Северна Македонија

  1. Советник на Судот за стручно-аналитичка работа4 (четворица) извршители

Посебни услови: правен факултет; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;  работно искуство од најмалку пет години во струката; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 48.000,00 – 54.000,00 денари.

 

  1. Самостоен советник преведувач од македонски на албански јазик и од албански на македонски јазик 1 (еден) извршител

Посебни услови: наука за книжевност, група албански јазик; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку три години во струката; познавање на друг јазик ќе се смета за предност; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 40.000,00 денари – 47.000,00 денари.

 

  1. Самостоен советник – преведувач од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик – 1 (еден) извршител

Посебни услови: наука за книжевност, група англиски јазик; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку три години во струката; познавање на друг јазик ќе се смета за предност; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 41.000,00 денари – 47.000,00 денари.

                                                                                                                      

  1. Стручен соработник за правни прашања во Одделението за подршка на секретарот на Судот 1 (еден) извршител

Посебни услови: правен факултет; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; со или без работно искуство; активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 27.000,00 денари – 34.000,00 денари.

 

  1. Административен работник за сметководство во Одделението за финансиски прашања – 1 (еден) извршител

Посебни услови:  вишо, средно образование-економска насока или високо образование; завршено вишо, средно образование-економска насока или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 22.000,00 денари – 27.000,00 денари.

 

  1. Технички работник – доставувач и економ во Одделението за општи и административно-технички работи – 1 (еден) извршител.

Посебни услови:  завршено средно образование; со или без работно искуство. Паричен нето износ на плата: 19.000,00 денари – 21.000,00 денари.

 

  1. Технички работник – работник во кујна во Одделението за општи и адмнистративно-технички работи1 (еден) извршител.

Посебни услови: основно или средно образование; со или без работно искуство. Паричен нето износ на плата: 19.000,00 денари – 21.000,00 денари.

 

  1. Технички работник – хигиеничар во Одделението за општи и административно-технички работи – 1 (еден) извршител.

Посебни услови:  основно или средно образование;  со или без работно искуство. Паричен нето износ на плата: 19.000,00 денари – 21.000,00 денари.

 

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен; да има општа здравствена способност за работното место; и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. *Уверенијата за општа здравствена способност и дека на кандидатот не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не треба да се постари од шест месеци сметано од денот на поднесување на пријавата.

 

  • Распоред на работно време: Работни денови: понеделник-петок; Работни часови неделно: 40 часа; Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.

 

  • Општи информации за кандидатите

Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Стручната служба на Уставниот суд која може да се преземе од интернет страницата на Судот, објавена во категоријата „Работа“, поткатегоријата „Објави“. Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите може да ги доставaт преку Писарницата на Судот или преку пошта со назнака „за Оглас бр.1/2022“, на следната адреса: Уставен суд на Република Северна Македонија, ул. „Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000 Скопје. Рок за пријавување на огласот е заклучно со 17 октомври 2022 година. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат. Во зависност од работното место за коешто аплицира кандидатот ќе биде спроведено интервју и/или стручен испит. Стручниот испит претставува писмена проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место за коешто аплицирал. *Паричниот износ на нето платите е ориентационо даден во распон и зависи од должината на работниот стаж на избраниот кандидат. Одлуката за избор на кандидатите ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.