Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска со писмо го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери дека на 7 декември истекува мандатот на судијата на Уставниот суд, Вангелина Маркудова и дека согласно Уставот се исполнети условите за започнување на постапката за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите согласно алинеја 7 точка 1 од Амандманот XXIX на Уставот на Република Северна Македонија.