Уставниот суд денеска ја одржа XXVI-та седница и одлучи да:
1. У.бр.202/2020-ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2011, 52/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014,61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016);
Подносител на иницијативата: Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска
2. У.бр.121/2021– не поведе постапка за оценување на законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи,планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.234/2021.)
Подносител на иницијативата: Самостоен синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија
3. У.бр.43/2022– по оваа точка Судот не донесе одлука бидејќи во текот на расправата, рефератот беше повлечен и ќе се одлучува на некоја од наредните седници.
Подносител на барањето за заштита на слободи и права : Анита Галевски од Битола