Почитувани,
Уставниот суд денеска ја одржа седумнаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:
У.бр.24/2022– нема доволно мнозинство и за предметот ќе се одлучува на некоја од наредните седници.
Оспорен: Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 294/2021) и посебно: член 3 став 1 точка е), членовите 35, 36, 37, член 54 став 1 точки б) и г), член 55 ставови 4, 5 и 9, член 56 став 3 точки 2) и 3) и членовите 57, 58, 60, 61, 62, 63, 64, 65, 66, 67, 68 и 69 од овој закон.
Подносители: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати од Скопје
У.бр.44/2022– Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 154 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и да ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 115 став 1 и член 116 ставови 1, 2 и 4 од Законот означен во точката 2 од предлогот.
Оспорен: Член 115 став 1, член 116 ставови 1, 2 и 4 и член 154 став 1 точка 10 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Подносител: Доне Николовски и Славко Лазовски, oд Скопје.
У.бр.30/2022-Судот одлучи да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за разрешување на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија.
Оспорена: Одлуката за разрешување на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија бр.08-1046/1 од 3 март 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.45/2022).
Подносител: Политичка партија „Левица” – Скопје