Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска учествуваше на онлајн состанок на Конференцијата на европски уставни судови во која членува и Уставниот суд на Република Северна Македонија. Станува збор за подготвителен состанок на кој се разгледуваа прашања и теми поврзани со одржувањето на 19. Конгрес на оваа конференција која е планирана да се одржи во периодот од 21-24 мај 2024 година во Кишињев, Молдавија. Утврдена е темата за следниот Конгрес, дадени се насоки за изготвување на прашалник кој треба да го одговорат сите членки, a кој се однесува на формите и границите на судиското почитување во случајот на уставните судови. На состанокот беа утврдени предлог измени на Статутот на Светската конференција на уставна правда.