Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XV-та седница ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
1.Реферат У.бр.27/2022– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 42 став 2 во делот „и кој не е постар од 60 години“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2018).
Подносител: Гордана Пашоска и Соња Костовска
2.Реферат У.бр.5/2022- ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членовите 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 113/2014, 160/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018 и 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 180/2019, 275/2019, 31/2020, 267/2020 и 67/2022).
Подносител: Здравко Тумбовски од Радовиш
3.Реферат У.бр.10/2022- не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на член 171 ставови 2, 3 и 4 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/2021, 299/2021, 303/2021 и 32/2022)
Подносител: Синдикат на полиција во Македонија – Велес
4.Реферат У.бр.99/2021- ja oтфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 13 точките 2, 10, 11, 12, 13 и 15 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/2020, 269/2020, 275/2020, 287/2020, 292/2020, 278/20, 269/2020, 98/2020, 300/2020-исправка, 304/2020, 306/2020, 317/2020, 13/2021, 45/2021, 53/2021, 55/2021, 58/2021, 64/2021, 65/2021, 75/2021, 87/2021, 94/2021, 100/2021, 106/2021,109/2021, 113/2021, 116/2021, 119/2021, 126/2021, 133/2021, 139/2021, 141/2021, 146/2021, 153/2021, 162/2021, 176/2021, 187/2021, 193/2021 и 199/2021) и член 2 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алогоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 199/2021).
Подносител на иницијативата: Тодор Петров, претседател на Светски македонски конгрес
Расправата по предметот У.бр.66/2021 се одложи за една од наредните седници на Судот.
Подносител: Авдула Меметај, преку полномошникот Стојан Михајловски, адвокат од Скопје.