Ученици од меѓународните училишта НОВА го посетија Уставниот суд и се запознаа со работата и надлежностите на судиите. Посетата беше организирана на барање на учениците поради можност за учење и подготовка за интернационален натпревар во Романија на кој ќе се симулира судење.
Учениците беа присутни на јавната седница која се одржа вчера (04.05.2022) во Уставниот суд и ја следеа дискусијата и аргументирањето на судиите по четири предмети кои беа ставени на дневен ред. По завршувањето на седницата учениците имаа средба со претседателката на Судот Добрила Кацарска, која ги запозна со начинот на функционирањето на Уставниот суд, надлежностите, улогата на уставните судии, како и со условите за работа на судиите и стручната служба.
*Забелешка: Фотографиите се одобрени од родителите и училиштето согласно Политиката за заштита на лични податоци на МУ НОВА и Договорот за школкување за академската 2021/22.