I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
Реферат У.бр.20/2022
Оспорен: Делот „20, 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за експлозивни материи („Службен весник на Република Македонија” бр.12/1993);
-делот: „член 30″ од член 31, делот: „Министерство за стопанство” од член 59 и член 72 ставови 1 и 2 од Законот за експлозивни материи („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија” бр.4/1978, 10/1978-исправка, 51/1988 и 36/1990; 84/2008, 135/2011 и 148/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.294/2021).
Подносител на иницијативата: Игорче Точев од Кочани
Дел од наводите на иницијативата:
Се оспоруваат делови од членови во Законот за заштита од ескплозивни материи, кои според подносителот се спротивни со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, односно на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок. Наведените членови подносителот ги оспорил како неправилно направени измени и надополнувања на оспорените одредби кои доведуваат до правна несигурност и забуна во примена на одредбите.
Реферат У.бр.302/2020
Оспорен: Член 30 став 2 точка 9 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија” бр.96/2018 и „Службен весникк на Република Северна Македонија” бр.96/2019) и член 119 став 1 точка 9 од Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.191/2019).
Подносител на иницијативата: Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и м-р Стојанче Геровски – адвокат од Скопје
Дел од наводите на иницијативата:
Во иницијативата се наведува дека мешањето во приватниот живот на граѓаните не е во согласност со членот 25 од Уставот, членот 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи. Ограничувањето на сопственоста според подносителот треба да подлежи на начелата на правна сигурност или законитост а правната рамнотежа нема да се постигне доколку на граѓанинот му се наметнува да трпи поединечен и поголем товар. Подносителот упатува на членот 1 од Протоколот број 1 од Европската Конвенција за човекови права според кој лишувањето на сопственоста морало да подлежи на условите предвидени со закон. Според наводите во иницијативата Република Северна Македонија е последна земја во регионот во која е дозволено исклучување на домаќинствата и од системот на напојување со електрична енергија.
Реферат У.бр.99/2021
Оспорен: Член 13 точките 2, 10, 11, 12,13 и 15 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.263/2020, 269/2020, 275/2020, 287/2020, 292/2020, 278/20, 269/2020, 98/2020, 300/2020(исправка), 304/2020, 306/2020, 317/2020, 13/2021, 45/2021, 53/2021, 55/2021, 58/2021, 64/2021, 65/2021, 75/2021, 87/2021, 94/2021, 100/2021, 106/2021, 109/2021, 113/2021, 116/2021, 119/2021, 126/2021, 133/2021, 139/2021, 141/2021, 146/2021, 153/2021, 162/2021, 176/2021, 187/2021, 193/2021 и 199/2021 и член 2 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постаапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 199/2021).
Подносител на иницијативата: Тодор Петров, претседател на Светски македонски конгрес
Дел од наводите во иницијативата:
Подносителот на иницијативата наведува дека оспорените одредби од Одлуката се погрешни, неприфатливи и неприменливи, антиуставни, незаконски и недемократски па дури се неиздржани од медицински и епидемиолошки аспект. Во иницијативата се наведува дека Владата врши забрана за влез во секаков вид на објект без поседување и приложување на сертификат/потврда пред редарска служба за најмалку прва доза за извршена имунизација од корона вирусот, при што сертификатот/потврдата е невалиден документ без лична карта или пасош, а заради утврдување на идентитетот на граѓанинот кој го приложува истото.
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
Реферат У.бр74/2021
Оспорен: Toчка 1 алинеја 2 од Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител, бр.08-7050/1, донесена од Собвранието на Република Северна Македонија на 25 декември 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.271/2019) и Предлог на тогашниот народен правобранител, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, за избор на Илбер Руфати за заменик на Народниот правобранител кој ќе работи во подрачната организациона единица во Кичево.
Подносител на барањето: Илир Рушани од с.Зајас, Кичево
Според подносителот на барањето на 25 декември 2019 година Собранието на Република Северна Македонија бил избран кандидат кој не ги исполнувал законските услови и условите наведени во огласот и ова тврдење според подносителот го утврдила и Државната комисија за спречување на корупција(Одлука бр.12-88/10). Подносителот во иницијативата наведува дека бил дискриминиран по основ на политичка припадност.