Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната X-та седница (денeска, 29 март 2022 година, 11:30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
1.Реферат У.бр.15/2021-не поведе постапка за оценување на уставноста на член 235 став 1 и став 2 и член 250 став 1 и став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” бр. 169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018 и 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019 и 302/2020)
Подносител: Снежана Цветаноска од Битола.
2.Реферат У.бр.148/2021 и У.бр.15/2022- поведе постапка за оценување на уставноста на член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021)
Подносители: ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и СГИПРМ претставуван од претседателот Иван Пешевски, и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од Кристина Ампева.
3.Реферат У.бр.6/2022-не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 став 1 точка 1 и член 6 ставови 1 и 2 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена
Подносител: Ивана Минова од Велес.
4.Расправата по предметот У.бр.135/2021 се одложи за една од наредните седници на Судот.