Информација во врска со оформен предмет по иницијатива на политичка партија Левица

Почитувани, 

Уставниот суд информира дека по иницијатива на политичката партија Левица е оформен предмет У.бр.30/2022 во кој оспорена е Одлуката за разрешување на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на РСМ бр.08-1046/1 од 3 март 2022 година(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.45/2022) донесена од Собранието.

Во однос на информациите во некои медиуми дека Уставниот суд ја прифатил иницијативата, појаснуваме дека се работи за оформување на предмет и постапување по него, што не е исто со прифаќање односно донесување на одлукa. Во оваа фаза предметот е распределен кај  судија-известител и советеник кои треба да изготват реферат со соодветен предлог за одлучување понатаму.

Подносителот смета дека оспорениот акт ја суспендира законската должност на пратеникот да учествува во работата и одлучувањето на работното тело, дека не може пратеник да биде разрешен од работното тело на Собранието без предлог на матичната комисија за прашања на изборите и именувањата, исто така подносителот наведува дека не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред.
Според наводите во иницијативата подносителот смета дека Одлуката е во спротивност со членови (8 ст.1, 51,61 ст.2, 68 ст.1 алинеја 16 и чл.76 ст.1) од Уставот и дека е во спротивност со Законот за пратениците, членови(4, 6 ст.4, 10 ст.1, 12 ст.1, 20, членови од Деловникот 69 ст.2,79 ст.1,108 ст.1 и 2, 117 ст.2, 125 ст.1,184 ст.2, 2 ст.7 алинеја 3)
Подносителот на иницијативата предлага до Судот да биде изречена времена мерка -привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт.