По одржаната деветта седница денеска Уставниот суд одлучи да:
1.У.бр.97/2021 и 140/2021-не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 во точката 11 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алогоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/2020, 269/2020, 275/2020, 287/2020, 292/2020, 278/20, 269/2020, 98/2020, 300/2020 (исправка), 304/2020, 306/2020, 317/2020, 13/2021, 45/2021, 53/2021, 55/2021, 58/2021, 64/2021, 65/2021, 75/2021, 87/2021, 94/2021, 100/2021, 106/2021,109/2021, 113/2021, 116/2021, 119/2021, 126/2021, 133/2021, 139/2021, 141/2021, 146/2021, 153/2021, 162/2021, 176/2021, 187/2021, 193/2021) и да ја отфрли иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 13 точка 12 од истата одлука.
Подносители: Дарко Јаневски од Скопје и Сашо Балабанов од Штип
2.У.бр.12/2022–ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението на Командантот на ВП 4770 Куманово бр.03-92/103 од 03.12.2021 година и Решението на НГШ на Армијата бр.03-55/1 од 05.01.2022 година;
Подносител: Бобан Ајдарски од с.Орашац, Куманово
3.У.бр.134/2021- го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Подносител: Владимир Панчевски од Скопје, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје