Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VII-та седница (денeс, 2-ри март 2022 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
1. У.бр.127/2021 – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 389-а во делот „договорна“ од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/2021) и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на согласноста на истата одредба со член 4, член 5, член 6, член 7 и член 8 од овој закон;
2. У.бр.108/2021 – не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на конечниот Предлог Детален урбанистички план – Урбана единица “В” – Блок 8 – Општина Гостивар, број 08-2101/1 од 25.12.2020 година и ја отфрли иницијативата во делот во кој се бара оцена на меѓусебната согласност на горенаведената Одлуката со членовите 28 и 33 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Уредбата за определување и реонизација на зони на градовите и населените места; и
3. У.бр.109/2021 – ги укина член 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.08-1090/8 од 24.04.2015 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.4 од 28.04.2015 година) и член 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.8-1188/7 од 30.06.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.5 од 30.06.2020 година), донесени од Советот на Општина Ѓорче Петров.
Во предметот У.бр.47/2017 не се донесе одлука од причини што предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.