Соопштение по одржаната VI-та седница на Судот

Уставниот суд денеска ја одржа шестата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:

  1. У.бр.133/2021

Подносител: Виктор Божиновски, адвокат од Куманово

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа, во деловите каде што стојат зборовите: „Република Македонија“ и тоа: член 1, член 2 став 1 точка 3, член 4 став 1, член 6, член 10 ставови 2 и 5, член19 став 1, член 23 став 2, член 38, член 51 став 3, член 54 став 4, член 60 став1 точка 7, член 61 став 3, член 71 ставови 3 и 4, член 75 став 1 точки 1 и 2, член 76 ставови 1 и 2, член 79 став 2, член 80 став 3, член 81, член 87, член 88, член 95, член 96 став 2, член 97, член 100, член 101, член 102, член 104, член 105 и во називот на глава XI од Законот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002);

  1. У.бр. 51/2021

Подносител: Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги, АРИЕС ДООЕЛ Скопје, преку овластено лице (управител), Горан Путиќ.

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на: член 8 од Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар – Скопје бр.02-17/102 од 29.11.2021 година („Службен гласник на Општина Центар“ бр.23/21) и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за Одлуката за организација и начин на наплата на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар – Скопје бр.02-17/75 од 16.07.2019 година („Службен гласник на Општина Центар“ бр.14/19);

  1. У.бр.228/2020

Подносител: Киро Сотироски од Крушево

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „КОМУНА“ Крушево бр. 02-110/3 од 07.05.2020, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие „КОМУНА“ Крушево;

  1. У.бр.76/2021

Подносител: Драган Коровешовски од Охрид

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградено објекти („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.3/2021 од 16.03.2021 година), донесена од Советот на Општина Охрид;

  1. У.бр.78/2021

Подносители: Политичка партија “Левица” – Скопје, Димитар Апасиев од Скопје, и Борислав Крмов од Штип

Судот не  донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Во иницијативата беа оспорени  Точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина (“Службен весник на Република Македонија” бр.106/2006, 143/2007 и 161/2018).

6.У.бр.21/2020

Подносител: Гордана Стоиловска, преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од Куманово

Судот не  донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Оспорено е Решението УП.1 бр.11-44 од 16.05.2018 година, донесено од градоначалникот на Општина Дојран, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, Општина Дојран, изработена од ДГПТУ „СТАН АРТ“ ДООЕЛ Куманово, со тех.бр.26.01.12/17 од април 2018 година, кој опфат опфаќа простор од 4309,00 m², затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со член 8 став 1 алинеи 3 и 10 и членот 51 од Уставот на Република Северна Македонија, со членот 65 од Законот за животната средина, а во врска со членот 28 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и со член 16 став 4 од Законот за заштита на природата и член 10 став 3 од Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата.