I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 205 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009).
Реферат У.бр.64/2021
Подносител: Осигурување Македонија а.д.Скопје-Виена Иншуренс Груп, од Скопје, преку адвокат Игор Спировски од Скопје
2. Член 1 став 2 од Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, Државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/20).
Реферат У.бр.57/2021
Подносител: Николче Мушаревски од Скопје
3. Буџет на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесен од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавен во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година; Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2021 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година и Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2020 година, донесена од Советот на Општина Демир Хисар, на 49-тата седница, одржана на 12.03.2021 година, објавена во „Службен гласник на Општина Демир Хисар” број 4 од 18.03.2021 година.
Реферат У.бр.88/2021
Подносител: Љупчо Ангелески од Демир Хисар
4. Член 17 од Статутот на Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2001, 68/2002, 31/2003 и 69/2003) и Одлуки за измени и дополнувања на Статутот на Фондот за осигурување на депозити, бр.02-312/1-2011 од 22.12.2011 година, бр.02-176/1 од 26.06.2014 година и бр.02-94/1 од 10.02.2015 година.
Реферат У.бр.106/2021
Подносител: Зоран Димов од Скопје застапуван преку адвокат Александар Давчевски од Скопје
5. Решение УП.1 бр.11/44 од 16.05.2018 година, донесено од градоначалникот на општина Дојран, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, општина Дојран, изработена од ДГПТУ „СТАН АРТ“ ДООЕЛ Куманово, со тех.бр.26.01.12/17 од април 2018 година, кој опфат опфаќа простор од 4309,00 m².
Реферат У.бр.21/2020
Подносител: Гордана Стоиловска, преку полномошник Момчило Доцевски, адвокат од Куманово
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.72/2021
Подносител: Јован Врнишкоски од Битола