Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 34-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 09.12.2021 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021).
Реферат У.бр.85/2021

Подносител: Државна комисија за спречување на корупцијата.

2. Решение за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност – Прилеп, донесено од Советот на Општина Прилеп на 59-та седница, одржана на 29.07.2021 година.
Реферат У.бр.118/2021

Подносител: Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

3. Одлука бр.09-1484/7 од 03.03. 2017 година за донесување на Детален урбанистички план за блок ССЗ 01.10, Градска четврт ССЗ 01 Општина Карпош – Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2017), донесена од Советот на Општина Карпош.
Реферат У.бр.35/2021

Подносител: Невена Георгиевска од Скопје.

4. Одлука бр.08-566/1 од 05.03.2020 година за усвојување на конечниот Предлог ДУП-Урбана Единица „В“ – Блок 23, за плански период 2016-2021 донесена од Советот на Општина Гостивар на 23-та седница одржана на 05.03.2020 година („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.3/2020).
Реферат У.бр.13/2021

Подносители: Бесник Синани и Агрон Синани, двајцата од Гостивар, застапувани од Дијана Мијовиќ, адвокат од Скопје.

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.283/2020

Подносител: Владимир Панчевски од Скопје, преку Петро Јанура, адвокат од Скопје.