Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXXIII-та седница (денeс, 1 декември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот дневeн ред одлучи да:
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 379 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија, бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 став 5 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/2021);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на делот „или наплата на противврдноста на одземените предмети“ од член 40 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 26 ставови 1 и 2 од Статутот на Здружението на граѓани „Глобал шопинг Мол“ од Струмица донесен на 09.02. 2021 година од Основачкото собрание на Здружението; и
– го отфрли барањето за заштита и права на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија во предметот У.бр.52/2019.
Точката со реферат У.бр.13/2021 беше повлечена при утврдување на дневниот ред.