Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXXI-та седница (денeс, 17 ноември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– поведе постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 во делот: „најдоцна до 65 годишна возраст” од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа одредба;
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 4 од од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/2000, 29/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008,158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016, 83/2018) и ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста на член 9 став 3 од Законот означен во точката 2 од предлогот и член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/2019);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 23 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/2011, 113/2012 и 148/2015);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1, член 3 ставови 1 и 2, член 5 став 2 алинеи 6 и 7 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018), член 45 став 1 алинеи 6 и 8, став 2 и член 46 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/2019) и член 62 став 1 алинеја 8 од Законот за јавно обвинителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на делот II Биро за јавна безбедност точка 2 алинеи 2 и 3 од Листата на работни места во Министерството за внатрешни работи за кои при распоредување на работниците не се спроведува транспарентна постапка, утврдена од министерот за внатрешни работи и претседателот на Македонски полициски синдикат, заверена во МВР под број 13.1-73918/1 од 30.07.2021 година и заверена од Македонски полициски синдикат под број 03-718/1 од 30.07.2021 година; и
– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија во предметот У.бр.41/2021.
Во предметот У.бр.93/2021 не беше донесена одлука, од причини што предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.