Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денес оствари работна средба со претставници од Здружението на новинаритe.
Средбата се оствари во рамките на спроведувањето на проектот „Зајакнување на слободата на медиумите во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија“.
На оваа средба, стана збор за начините за унапредување на односите со јавноста на Уставниот суд и неговата транспарентност, но и со предизвиците со кои се соочува Судот во овој дел од неговото функционирање.