Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 03.11.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада („Службен весник на Република Македонија” број 140/2018).
Реферат У.бр.267/2020

Подносител: Светски македонски конгрес од Скопје.

2. Член 14 алинеја 5 и член 67 став 4 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија” број 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/2018 и 248/2018).
Реферат У.бр.261/2020 и У.бр.262/2020

Подносител: Игорчо Точев од Koчани.

3. Член 9 став 1 и 3 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.63/2000, 29/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008,158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016, 83/2018).
Реферат У.бр.296/2020

Подносител: Перица Јакимовски од Скопје.

4. Член 2 став 2 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2019).
Реферат У.бр.8/2021

Подносител: Олгица Трајковска од Скопје.

5. Член 46 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 167/2015, 27/2016, 120/2018, 110/2019 и 267/2020).
Реферат У.бр.33/2021

Подносител: Јасминка Зафирова од Штип.

6. Член 58 ставови 1 и 2 и член 62 ставови 4 и 5 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).
Реферат У.бр.65/2021

Подносител: Универзитетот во Тетово – Правен факултет

7. – Делот „1“ од член 6 став 7,член 8 став 2, член 11 став 1 и 3.
– делот „5“ од член 6 став 3,член 7 став 1, 2, 3, 4 и 5, член 8 став 2, член 11 став 1 и 3 од Правилникот за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на обрасците за оценување,формата и содржината на извештајот со ранг листа на годишните оценки, како и содржината на извештаите и начинотна оценување на судските службеници во други околности и Правилникот во целина, донесен од Министерот за правда („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2020).
Реферат У.бр.10/2021

Подносител: Игорчо Точев од Кочани.

8. Член 14 од Уредбата за начинот и постапката за утврдување на вредноста на имотот кој е предмет на денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2000 и 19/2001), донесена од Владата на Република Македонија.
Реферат У.бр.24/2021

Подносител: Ангела Соколова, адвокат од Кочани.