I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 66 во делот „Административни службеници“ Категорија БО2 Раководен II ниво“ на Колективниот договор за култура, склучен на 30.12.2019 година помеѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија, Синдикатот за култура на Република Северна Македонија и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2020).
Реферат У.бр.46/2021
Подносител: Мимоза Бакиевска од Битола.
2. Членовите 16, 18 и 26 од Статутот на „Стопанска банка“ АД-Скопје.
Реферат У.бр.17/2021
Подносител: Влатко Ташковски од Скопје.
3. – Решение за престанок на работен однос со право на исполнување услови за старосна пензија бр. 04-5608/1 од 21.12.2020 година, донесено од Министерот за одбрана.
– Потврдата за бенифициран работен стаж (12/15 месеци) бр.03-8/197 од 01.03.2021 година, донесена од Министерството за одбрана за ппк.Димитриевски Владимир Живко на служба во Министерството за одбрана.
– Потврда за вкупен пензиски стаж и стаж на осигурување бр.03.-8/196 од 01.03 година, донесена од од Министерството за одбрана за ппк. Димитриевски Владимир Живко на служба во Министерството за одбрана.
Реферат У.бр.84/2021
Подносител: Живко Димитриевски од Скопје
4. Глава 6, подглава „Дополнителни одредби за определување на висината на надоместокот“, став 14 од Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2019 година, бр.27 – 11605/1/4 од 26 декември 2018 година („Службен гласник на Град Скопје“ бр.18/2018), донесена од Советот на Град Скопје на ден 27 декември 2018 година.
Реферат У.бр.58/2020
Подносител: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје.
5. Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи, бр.12.1-72212/1 од 6.12.2012 година потпишано од страна на министерката за внатрешни работи.
Реферат У.бр.21/2021, У.бр.23/2021 и У.бр.28/2021
Подносители: Тодор Грков, Мими Гркова и Орце Коцевски сите од Велес.
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.54/2020
Подносител: Емилија Петковска застапувана од адвокат Весна Јовановска од Скопје.