Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри.
На средбата, стана збор за тековните активности и плановите на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во врска функционирањето и работата на Судот.
Покрај ова, беше потенцирана важноста за надминување на сегашните предизвици со кои се соочува Судот како што е обезбедувањето на неговата целосна буџетска и административна самостојност, како и пополнувањето на составот на судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија во најскоро време.