Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXV-та седница (денeс, 6 октомври 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 6/2019);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 185/2011);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 185/2011);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на член 19 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.27/2016);
– не поведе постапка за оценување на законитоста и уставноста на Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Центар, за урбан модул „Старо Пазариште“ Крива Паланка, донесена од Советот на Општина Крива Паланка, заведена под број.07-596/9 од 28 јуни 2005 година („Службен гласник на Општина Куманово“ –План 2004-2009 година) и
– го отфрли барањето за заштита и права на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија во предметот У.бр.43/2021.