Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денес оствари средба со делегација од Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Република Северна Македонија во 2021 година, предводена од шефицата на Мисијата, Тана Де Зулуета.
На средбата, претставниците на Набљувачката мисија беа запознаени со надлежностите на Уставниот суд и неговата улога во изборниот процес.