Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXIII-та седница (денeс, 22 септември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/2006, 69/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015, 197/2017, 83/2018);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 88 став 3 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија”бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 10 и 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2013);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 6 став 1 точка 9 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима уред, бр.25-1340/10 од 26. 03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021 од 29 март 2021 година); член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сочев термален колектор, бр. 25-1340/11 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021 од 29 март 2021 година) и член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, бр. 25-1340/12 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 4/2021 од 29 март 2021 година);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 263/2020, 269/2020, 275/2020, 287/2020, 292/2020 и 298/2020);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.02-261/4 од 22.09.2020 година за објавување јавен оглас за прием на лица за полагање на приемен испит донесена од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“-Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.230/2020);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Заклучоците на Владата на Република Северна Македонија за изготвување на Електронски Картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона (15.6.2021 до 15.8.2021 година) донесени на 72-рата седница одржана на 25 мај 2021 година и
– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на заштита од дискри¬минација по основ на национална припадност во предметот У.бр.50/2021.