Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денес оствари средба со Н.Е. амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Сирил Баумгартнер.
На средбата, претседателката Кацарска го запозна амбасадорот со уставната улога на Уставниот суд, неговите надлежности, предизвиците и проблемите со кои се соочува, но и визијата за натамошно унапредување на неговото функционирање преку целосно остварување на буџетска и административна самостојност, идната реформа на уставната заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, начините за остварување поголема отвореност кон јавноста на Судот и тековниот процес на кадровско екипирање на Стручната служба.
Беше искажано обострано задоволство од неодамнешниот прием на Уставниот суд на Република Северна Македонија во Асоцијацијата на франкофонски уставни судови, кој после подолго време повторно е дел од оваа меѓународна асоцијација, но и за досегашната соработка со Уставниот совет на Франција, која секако ќе се развива во наредниот период.