Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 23-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 22.09.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 69/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 197/2017 и 83/2018).
Реферат У.бр.25/2020

Подносител: Снежана Геровска Попчевска од Скопје.

2. Член 88 став 3 од Законот за aдминистративни службеници („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018).
Реферат У.бр.39/2020

Подносител: Бојан Милчин и Офелија Џорлева од Скопје.

3. Член 10 и член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование „Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2013).
Реферат У.бр.73/2021

Подносител: Димитар Филиповски од Скопје.

4. – Член 6 став 1 точка 9 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен инвертер клима со бр.25-1340/10 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/2021 од 29 март 2021 година);
– член 1 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на Општина Велес за купен сончев термален колектор со бр.25-1340/11 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/2021 од 29 март 2021 година) и
– член 1 од Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед бр.25-1340/12 од 26.03.2021 година („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/2021 од 29 март 2021 година).
Реферат У.бр.61/2021

Подносител: Синдикат на вработените од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија – УПОЗ

5. Член 13 точка 11 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија” број 263/2020, 269/2020, 275/2020, 287/2020, 292/2020 и 298/2020).
Реферат У.бр.320/2020

Подносител: Независна угостителска комора од Скопје.

6. Одлука бр.02-261/4 од 22.09.2020 година за објавување јавен оглас за прием на лица за полагање на приемен испит донесена од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“-Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.230/2020).
Реферат У.бр.3/2021

Подносител: Љупка Петревска од Охрид.

7. Заклучоци на Владата на Република Северна Македонија за изготвување на Електронски Картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона (15.6.2021 до 15.8.2021 година) донесени на 72-рата седница одржана на 25 мај 2021 година.
Реферат У.бр.71/2021

Подносител: Политичка партија Алијанса за Албанците застапувани од адвокат Абидин Абдули од Тетово.

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.50/2021

Подносител: Олгица Трајковска од Скопје.