I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА:
1. Член 63 став 4 алинеја 3, во деловите: „очигледно“ и „односно се однесува на факти кои веќе биле предмет на разгледување од повисок суд во постапка по правен лек или можеле да бидат предмет на разгледување од повисок суд, но не биле покренати со правен лек“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019 од 22 мај 2019 година).
Реферат У.бр.119/2019
Подносител: Ристо Бачев од Скопје.
2. Член 51 став 1 алинеја 5 и 6; член 75 став 1 алинеја 5 и алинеја 11 во делот „80% од вкупната сума од отуѓувањето односно давањето под дологотраен закуп не се враќаат на купувачот, односно закупецот“; член 76 став 7 и став 8 и 9 во делот „при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето, односно давањето под долготраен закуп не се враќаат на купувачот“; член 77 став 6 во делот „купувачот е должен да плати казна во износ од 80% од вкупната сума од отуѓувањето, односно давањето под долготраен закуп“; член 77 став 7 во делот „при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот“ и член 78 став 1 од Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/2015, 98/2015, 193/2015, 226/2015, 31/2016, 142/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019).
Реферат У.бр.236/2020
Подносител: Зоран Гичев, адвокат од Штип.
3. Член 372 став 2 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).
Реферат У.бр.77/2021
Подносител: Љупчо Велковски од Скопје.
4. – Член 42-а од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.56/2015, 205/2018 и 115/2019) донесен од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,
– Член 10-а од Правилникот за полагање на приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.77/2015, 195/2015, 115/2015 и 193/2020) донесен од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,
– Ранг листа на слушатели на почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители на VII генерација, бр.08/190/5 од 25.06.2020 година, утврдена од Комисијата за приемен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и заклучоци од 159 седница на Управниот одбор на Академијата, одржана на 07.07.2020 година со кои е потврдена ранг-листата.
Реферат У.бр.49/2021
Подносител: Михајло Маневски од Скопје.
5. Заклучоци внесени во точка 1 од точката 32 на Записникот од 135 седница на Владата на Република Северна Македонија, донесени на 14 мај 2019 година.
Реферат У.бр.287/2020
Подносител: Дарко Јаневски од Скопје.
6. Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/2019)
Реферат У.бр.10/2020
Подносител: Орце Коцевски од Скопје.
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.282/2020
Подносител: Љубомир Момировски од Тетово.
III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:
1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.34/2021 со нацрт-одлука