Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XX-та седница (денeс, 2 септември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021);
– не поведе постапка за оценување на законитоста на Дел II „Општ дел“ точка 2 „Единици што се опфаќаат со Пописот“, потточка 1 „Лица“, првата алинеја во делот „без оглед на тоа дали во моментот на Пописот се наоѓаат во земјата или во странство“ од Методологијата за подготовки, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 30/2021);