Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 18-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 07.07.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА:

1. Член 51 став 1 алинеја 5 и 6; член 75 став 1 алинеја 5 и алинеја 11 во делот „80% од вкупната сума од отуѓувањето односно давањето под дологотраен закуп не се враќаат на купувачот, односно закупецот“; член 76 став 7 и став 8 и 9 во делот „при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето, односно давањето под долготраен закуп не се враќаат на купувачот“; член 77 став 6 во делот „купувачот е должен да плати казна во износ од 80% од вкупната сума од отуѓувањето, односно давањето под долготраен закуп“; член 77 став 7 во делот „при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот“ и член 78 став 1 од Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/2015, 98/2015, 193/2015, 226/2015, 31/2016, 142/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019).
Реферат У.бр.236/2020
Подносител: Зоран Гичев адвокат од Штип

2. – Член 163 став 3 од Законот за банки („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и 101/2019).
– Член 17 од Статутот на Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2001, 68/2002, 31/2003, 69/2003) и Одлуки за измени и дополнувања на Статутот на Фондот за осигурување на депозити, број 02-312/1-2011 од 22.12.2011 година, број 02-176/1 од 26.06.2014 година и бр.02-94/1 од 10.02.2015 година.
Реферат У.бр.306/2020
Подносител: Елена Јанева Димова од Скопје, застапувана од полномошникот Славко Секулов, адвокат од Скопје

3. Член 21 став 1 точки 6 и 7, член 337 став 1 точка 3 и член 474 став 1 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).
Реферат У.бр.5/2021
Подносител: Олгица Трајковска од Скопје

4. – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт C3 20, Општина Ѓорче Петров, бр. 08- 3187/3 од 01.10.2019 година, донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.11 од 01.10.2019 година);
– Одлука за усвојување на Техничка исправка на ДУП за градска четврт СЗ 20, за ГП 1.2, ГП 2.1, ГП 2.85, ГП 4.108, ГП 4.109, ГП 4.110, Општина Ѓорче Петров-Скопје, бр.08-220/4 од 30.01.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.1/2020) и
– Одлука за донесување на Техничка исправка ГП 2.71, ГП 2.72, ГП 2.73, ГП 2.74, ГП 6.35 и ГП 6.36, ДУП за градска четврт СЗ 20, Општина Ѓорче Петров-Скопје (Одлука бр.08-3187/3 од 01.10.2019 год.), бр.08-1392/29 од 31.08.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.7/2020).
Реферат У.бр.307/2020
Подносители: Аница Пупиноска и Марјан Тренески од Скопје, преку адвокат Кристина Качела од Скопје

II. БАРАЊA ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.41/2021
Подносител: Камер Имери од с. Горно Строгомиште, Кичево