I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Колективeн договор за култура, склучен на 30.12.2019 година помеѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија, Синдикатот за култура на Република Северна Македонија и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2020) во целина и посебно оспорените член 66 и член 131 став 2 од истиот колективен договор.
Реферат У.бр.274/2020
Подносител: Џорлева Офелија и Милчин Бојан, двајцата од Скопје
2. Одлука за донесување на Детален Урбанистички план за градска четврт „З 09“ (опфат помеѓу бул.Партизански одреди, ул.Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември) Општина Карпош – Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2017).
Реферат У.бр.34/2021
Подносител: Невена Георгиевска од Скопје
3. Член 54 ставови 5, 6 и 7 од Правилата за снабдување со топлинска енергија ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 65/2019 и 162/2019)
Реферат У.бр.11/2020
Подносител: Петар Баришиќ од Скопје
4.Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, О.број 02-15/III-6/2021 од 26 февруари 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.47/2021), донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.
Реферат У.бр.42/2021
Подносител:Група правни и физички лица акционери на Комерцијална банка АД Скопје
5. Решението на Слободан Тошевски за признавање на право на старосна пензија, донесено од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија бр.05301491436 донесено на 24.09.2020 година и Решенијата на други 400 лица кои оствариле право на старсна пензија, врз основа на член 226-а став 4 алинеја 1 и член 220 од Законот за Служба во Армијата на Република Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 36/2010; 132/2010; 23/2011; 47/2011; 148/2011; 55/2012; 77/2012; 29/2014; 33/2015; 193/2015; 193/2015; 71/2016; 101/2019; 275/2019 и 14/2020).
Реферат У.бр.54/2021
Подносител: Слободан Тошевски од Куманово
II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.30/2021
Подносител: Гоце Нестороски од Скопје
III. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ:
1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.233/2020 со нацрт-одлука