I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 42/2020), во целина и посебно член 1 став 2 од истиот закон.
Реферат У.бр.191/2020
2. Член 60 став 2 во делот: „примените задолжителни вакцини за детето“ од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019 и и 229/2020).
Реферат У.бр.218/2020
3. – Член 62 став 1 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019) и
– член 98 став 3 и член 175 став 1 од Законот за парнична постапка „Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2011.
Реферат У.бр.223/2020
4. Член 65-а став 3 од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009; 124/2010; 18/2011; 18/2011; 36/2011; 49/2011; 54/2011; 59/2011; 13/2012; 39/2012; 144/2012; 25/2013; 70/2013; 79/2013; 137/2013; 163/2013; 27/2014; 28/2014; 42/2014; 115/2014; 149/2014; 187/2014; 44/2015; 129/2015; 129/2015; 217/2015; 226/2015; 30/2016; 31/2016; 39/2016; 71/2016; 103/2016; 132/2016; 35/2018; 64/2018; 168/2018, и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/2019 и 18/2020).
Реферат У.бр.288/2020
5. Член 19 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020).
Реферат У.бр.18/2021
6. Одлука за избор на Народен правобранител донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 јануари 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр27/2021).
Реферат У.бр.20/2021