Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XI-та седница (денeс, 28 април 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 240 став 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018, 83/2018, 98/2019 и 302/2020) и член 2 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземањена лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија„ бр.139/2016), донесен од министерот за внатрешни работи;
– поведе постапка за оценување на уставноста на член 8 став 3 во делот: „ кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“, од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019) и не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3 во делот: „Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас,“ член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот означен во точката 2 од предлогот;
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 84 став 1 во делот: „Работните цели и задачи“ од Законот за судската служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/2018 и 248/2018);
– не поведе постапка за оценување на уставноста член 2 став 1, член 7 ставови 4 и 6 и зборовите “и електронска” од член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во “Службен весник на Република Северна Македонија” („Службен весник на Република Македонија” бр.56/1999, 43/2002 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 21/2021);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 64 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 8/2011, 55/2013, 33/2015 и 104/2015);
– не поведе постапка за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од Урбана единица УЕ „11 Ноември“, за дел УБ 67, плански опфат меѓу ул. „Србо Томовиќ“, ул. „Сава Ковачевиќ“, „Боро Прцан“ – Општина Куманово, донесена под бр.07-14015/9 од 23 август 2011 година од Советот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.13/2011 од 25 август 2011 год);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 10, член 16, член 25, член 45, член 48, член 53, член 62, член 65, член 79 став 2 алинеа 4 и став 3 од Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Македонија“ број 15/2015, 8/2015, 193/2015, 226/2015, 31/2016) и член 11 став 2, член 24 став 2, член 26, член 27, член 56 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19);
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Правилата за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи, бр.151-24515/1 од 13.05.2003 година, број 1311-46269/1 од 28.07.2016 година, број 1311-62891/1 од 5.10.2016 година и број 131-8104/1 од 29.01.2021 година, донесени од министерот за внатрешни работи; и
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Годишен план за вработување за 2021 година бр.04-825/1 од 19.08.2020 година, донесен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Штип.
Предметот У.бр.22/2021 беше одлучено да биде завршен административно поради повлекување на иницијативата.
Расправата по предметот У.бр.35/2012, се одложи за наредната седница на Судот.