Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната X-та седница (денeс, 21 април 2021 година, со почеток од 12:00 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 73 став 4 во делот „Зголемувањето на платата може да се замени со слободни денови“, од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.238/2019);
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Указот на Претседателот на Република Северна Македонија бр. 8 од 18 јули 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2019);
– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 68 став 2 од Законот за нотаријат („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018);
– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Дел IV „Белези за населението што се попишува“,Точка 6 „Етнокултурни карактеристики“, потточка 6.1. „Припадност кон етничка заедница“, од Методологијата за подготовка, организирање и спроведувае на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/2021) донесена од директорот на Државниот завод за статистика; и
– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за предавање на недвижност – градежно земјиште во владение на Јавното претпријатие за државни патишта, бр. 42-4072/1 од 3 јуни 2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.90 од 11.06.2014 година), донесена од Владата на Република Македонија.