Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 11-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 28.04.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 240 став 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр.169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018, 83/2018 и 98/2019);
– член 2 од Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија„ бр.139/2016), донесен од министерот за внатрешни работи.
Реферат У.бр. 83/2019

2. Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).
Реферат У.бр.233/2020

3. Член 84 став 1 во делот: „Работните цели и задачи“ од Законот за судската служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/2018 и 248/2018).
Реферат У.бр.11/2021

4. Член 2 став 1, член 7 ставови 4 и 6 и зборовите “и електронска” од член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во “Службен весник на Република Северна Македонија” (“Службен весник на Република Македонија” бр.56/1999, 43/2002 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 21/2021).
Реферат У.бр.27/2021

5. Член 64 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 8/2011, 55/2013, 33/2015 и 104/2015).
Реферат У.бр.1/2021

6. – Одлука за преименување на Основното училиште „Никола Вапцаров“ во Основно училиште „Имри Елези“ бр.07-109/3 од 27 јануари 2012 година,
– Одлука за преименување на Основното училиште „Јане Сандански“ во Основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ бр.07-109/5 од 27 јануари 2012 година,
– Одлука за преименување на Основното училиште „Цветан Димов“ во Основно училиште „Хасан Приштина“ бр.17-109/6 од 27 јануари 2012 година, и
– Одлука за преименување на Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во Основно училиште „Исмаиљ Кемаљи“ бр.07-109/4 од 27 јануари 2012 година, сите донесени од Советот на општина Чаир, објавени во „Службен гласник на општина Чаир“ бр.1 од 1 февруари 2012 година.
Реферат У.бр.35/2012

7. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Урбана единица УЕ УЕ „11 Ноември“, за дел УБ 67, плански опфат меѓу ул. „Србо Томовиќ“, ул. „Сава Ковачевиќ“, „Боро Прцан“ – Општина Куманово, од Општина Куманово, донесена под бр.07-14015/9 од 23 август 2011 година од Советот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.13/2011 од 25 август 2011 год).
Реферат У.бр.220/2020

8. – Член 10, член 16, член 25, член 45, член 48, член 53, член 62 ставови 7, 8 и 9, член 65ставови 5 и 6, член 79 став 2 алинеа 4 и став 3 од Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Македонија“ број 15/2015, 8/2015, 193/2015, 226/2015, 31/2016) и
– член 11 став 2, член 24 став 2, член 26, член 27, член 56 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежното земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19).
Реферат У.бр.16/2020

9. Правила за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во Министерството за внатрешни работи, број 151-24515/1 од 13.05.2003 година, број 1311-46269/1 од 28.07.2016 година, број 1311-62891/1 од 05.10.2016 година и број 131-8104/1 од 29.01.2021 година, донесени од министерот за внатрешни работи.
Реферат У.бр.321/2020

10. Годишен план за вработување за 2021 година бр.04-825/1 од 19.08.2020 година, донесен од сстрана на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Штип.
Реферат У.бр.32/2021