Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 10-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 15.04.2021 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 73 став 4 во делот: „Зголемувањето на платата може да се замени со слободни денови“ од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.238/2019).
Реферат У.бр.284/2020

2. Указ на Претседателот на Република Северна Македонија бр.8 од 18 јули 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2019).
Реферат У.бр.19/2021

3. Член 68 став 3 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија„ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Реферат У.бр.7/2021

4. Дел IV „Белези за населението што се попишува“, Точка 6 Етнокултурни карактеристики“, потточка 6.1. „Припадност кон етничка заедница“, од Методологијата за подготовка, организирање и спроведувае на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/2021) донесена од директорот на Државниот завод за статистика.
Реферат У.бр.29/2021

5. Одлука за предавање на недвижност – градежно земјиште во владение на Јавното претпријатие за државни патишта, бр.42-4072/1 од 3 јуни 2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.90 од 11.06.2014 година), донесена од Владата на Република Македонија.
Реферат У.бр.310/2020