Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/21
за вработување на неопределено време во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија за следните работни места:
1. Советник на Судот за стручно-аналитичка работа – 2 (двајца) извршители.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– правен факултет;
– ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– работно искуство од најмалку пет години во струката; и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.
Паричен нето износ на плата: 52.000,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на Уставниот суд за 2021 година се: Албанец(ка) и Турчин(ка).
2. Советник на Судот за меѓународно-правни прашања и соработка – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– правен факултет;
– ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– работно искуство од најмалку пет години во струката;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.
Паричен нето износ на плата: 52.000,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на Уставниот суд за 2021 година се : Албанец(ка).
3. Советник за финансиски прашања и јавни набавки во Одделението за финансиски прашања – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– економски факултет;
– ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
– работно искуство од најмалку три години во струката;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.
Паричен нето износ на плата: 34.000,00 денари.
4. Административен работник-архивар во Одделението за општи и административно – технички работи – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– завршено вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен);
– со или без работно искуство; и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.
Паричен нето износ на плата: 24.500,00 денари.
5. Административен работник – технички секретар во Одделението за поддршка на работата на секретарот на Судот – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– завршено вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен);
– со или без работно искуство; и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Распоред на работно време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.
Паричен нето износ на плата: 24.500,00 денари.
6. Технички работник – возач во Одделението за општи и административно – технички работи – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место; и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– завршено средно образование;
– со или без работно искуство; и
– возачка дозвола од „Б“ категорија.
Распоред на работно време:
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.
Паричен нето износ на плата: 20.000,00 денари.
● Општи информации за кандидатите
Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Стручната служба на Уставниот суд. Преземи овде (docx.) (pdf.)
Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите може да ги доставaт преку Писарницата на Судот или преку пошта со назнака „за Оглас бр.1/21“, на следната адреса: Уставен суд на Република Северна Македонија, ул. Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000, Скопје.
Рок за пријавување на огласот е заклучно со 2 април 2021 година.
Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат.
Во зависност од работното место за коешто аплицира кандидатот ќе биде спроведено интервју и/или стручен испит.
Стручниот испит претставува писмена проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место за коешто аплицирал.
Одлуката за избор на кандидатите ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.